Дестинација Македонија! Ноемвриски одмор во најстариот национален парк во Македонија! 20% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера во Хотел Молика, Пелистер

Дестинација Македонија! Ноемвриски одмор во најстариот национален парк во Македонија! 20% попуст на ноќевање со појадок или ноќевање со појадок и вечера во Хотел Молика, Пелистер

Вредност

920 ден.

Попуст

20%

Заштеда

184 ден.

Преостанато време

Купени : 73

  • Национален парк "Пелистер", Битола

  • 047 229 406; 075 495 725

  • hmolika@t-home.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува ноќевање по избор:

  • Ноќевање со појадок во двокреветна соба, цена: 1050 ден. 840 ден.
  • Ноќевање со појадок во двокреветна соба за престој од 3 дена и повеќе, цена: 920 ден. 736 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера во двокреветна соба, цена: 1280 ден. 1024 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера во двокреветна соба за престој од 3 дена и повеќе, цена: 1100 ден. 880 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.10.2017 до 30.11.2017
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да го испратите на меил
  • За туристичка такса се доплаќа 40 денари на ден по лице дирекно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • За деца до 5 години кои не користат кревет и оброци во ресторанот сместувањето е бесплатно
  • За деца од 5 – 12 години кои користат кревет и оброци во ресторанот за сместување добиваат попуст од 30% на редовната цена

Опис

Хотел "Молика" претставува бисер на Пелистер. Едно од ретките места каде човек може да ја почувствува недопрената природа, да се одмори од секојдневието и да ужива во беспрекорната услуга на персоналот.
Хотелот работи со "полна пареа" преку цела година и за него не важат "класичните" сезони.

Хотел "Молика" се наоѓа во југозападниот дел од Република Македонија. Лоциран е во просторот на Националниот Парк "Пелистер" на локалитетот "Бегова Чешма" на надморска височина од 1420 метри, сместен во раскошот на прекрасна моликова шума.

Самата местоположба на хотелот на североисточниот дел од Националниот парк, овозможува поглед на Пелагониската котлина, градот Битола и околината, кој ви го одзема здивот. Овој дел од паркот е еден од најинтересните и највозбудливите локалитети специфичен по богатството на ретки видови растителен и животински свет.

Grouper водич

Националниот парк Пелистер се наоѓа помеѓу Преспанската котлина и котлината Пелагонија. Тој е прв прогласен национален парк на територијата на Македонија, во 1947 година. Се простира на 10400 хектари и опфаќа дел од планината Баба, со највисокиот врв Пелистер (2601 метри). Најзаслужен за добивањето на стаутост Национален Парк е петтоигличниот бор МОЛИКА – што го открил австрискиот ботаничар Аугуст Гризебах во 1839 година. Моликата ја има и на други планина на Балканот, но тука гради најкомпактна шумска заедница. Шетајќи низ Пелистер ќе наидете на стебла постари од 230 години. Во пролет и лето, ливадите се накитени со разнобојните цветови на: пелистерската небесна роса, пазикуќата и пелистерската качунка. Глетката ќе ви ја збогати и летот на дневните пеперутки Scythris crupta и Scyrthris similis кои живеат само на Пелистер. Тука се среќава и ноќната пеперутка Hadena clara macedonica која ја има само во Македонија. Ако ја сакате археологијата, најдете време да ги посетите населбите од железното доба и средновековниот период кои се во непосредна близина на паркот. Следејќи ја долгата магистрала на познатиот пат од Римско време - Виа Игнација, која поминува низ Пелистер ќе имате и вие можност да чекорите по патот по кој поминувале Апостол Павле, македонската фаланга, римските легии и византиските цареви.

Пелистерскиот масив е испресечен со поголем број на живописни планински реки низ кои течат бистри и ладни води. Сите ја сочинуваат нивната исконска дивина во декорот на планинскиот пејсаж. Тие се украс на планината и го облагородуваат пејсажот низ кого протечуваат.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ