7 ја следат оваа компанија


Нега на лице Elizabeth Arden

1970 ден.

Ве молиме одберете една од наведените опции!

Купени:

2
  • Ул. Борис Трајковски бр.286

    Одведи ме таму

    070 215 385; 071 248 883

    elizabeta.conevska@orbico.com, gjorgji.milosavljevski@orbico.com.mk

Опис

CERAMIDE

Церамидите се есенцијална компонента на надворешниот слој од епидермисот. Претставуваат 50% од липидите во човековиот организам, заедно со холестеролот и масните киселини. Дејствувајќи како малтер во ѕид од тули, церамидите ги врзуваат заедно клетките на кожата.

Церамидите природно се наогаат во нашето тело, а како старееме нивното ниво опаѓа. Обично, имаме 100% од нашите церамиди во нашите 20-ти, губиме 37% од нив во нашите триесети и 63% во нашите четириесетти. Тоа е една од причините зошто кожата станува посува како личноста старее. Без церамиди бариерата на кожата може да биде компромитирана, да изгледа сува, безживотна и иритирана. Кожата станува се повеќе склона кон дехидрација и формирање на брчки.

  • Advanced Ceramide Capsules Daily Youth Restoring Serum

Церамидна капсула на младоста која се фокусира на подобрување на функцијата на обнова на кожата, го зголемува навлажнувањето на нејзината површина и ја минимизира појавата на знаците на стареење. Овој лесен, свилено мазен серум помага да се одржи здрава, младешка кожа и да се поправат видливите знаци на стареење.

  • Retinol Ceramide Capsules Line Erasing Night Serum

Овој луксузен, лесен, полу-проѕирен серум комбинира две од најголемите имиња за нега на кожата во една капсула со лесна употреба: Ретинол, клинички докажан за измазнување на брчките и Церамидите кои ја зголемуваат влагата. За еден месец, добијте повеќе младешка кожа, минимизирани брчки и подобра текстура и тон на кожата. Ретинолот во капсули има 76% поголема потенција од оној кој не е капсулиран. Во овие капсули има нова генерација Ретинол кој не ја суши и иритира кожата,  процеси кои честопати се појавувале при употреба на производи со ретинол.

  • Vitamin C Ceramide Capsules Radiance Renewal Serum

Овој луксузен, лесен серум со текстура на суво масло, комбинира две моќни состојки во една капсула: Витамин Ц со своите осветлувачки моќи и Церамиди кои спречуваат губење на влагата. Технологијата на осветлување со двојно дејство видливо ја освежува уморната кожа и се бори против хиперпигментацијата. Моментално осветлување во секоја доза. Витаминот Ц во овие капсули има 178 пати повеќе потенција од традиционалниот Вит Ц.

  • Visible Difference Refining Moisture Cream Complex

Класична формула која ја збогатува кожата со влага и спречува нејзино губење. Тестовите покажуваат драстично намалување на брчките кои се резултат на сувоста на кожата и подобрување на нејзиниот изглед. Се нанесува наутро и навечер.

  • Visible Difference Replenishing HydraGel Complex

Херој за хидратација. Овој освежувачки, безмасен гел на база на вода е формулиран да ја снабдува кожата со 24-часовна хидратација и да го намали изгледот на порите. За само еден ден, 98% од жените се согласуваат дека кожата се чувствува мазна. За само една недела, 92% од жените се согласуваат тонот и чистината на кожата се видно обновени.

  • Eight Hour® Cream Skin Protectant

Легендарната формула создадена од г-ѓа Арден уште во далечната 1930 година, која постигнала неверојатен успех и се одржува до ден денес.

Овој балзам длабоко ја навлажнува и штити кожата во секое време, на кој било начин да изберете. Неговата разноврсна формула го надминува навлажнувањето, работејќи чуда за обликување на веѓите, додавање сјај на образите, успукани усни, пети, смирување на сувите раце, омекнување на кутикули и многу повеќе.

Дерматолошки тестиран и клинички докажан дека ја хидрира и штити кожата осум часа!

  • Eight Hour® Great 8™ Daily Defense Moisturizer Broad Spectrum SPF 35, 45ml

1 чекор, 8 големи придобивки. Повеќе од навлажнувач, повеќе од SPF, Great8 е вашиот се-во-еден заштитник и совршен за здрава, блескава кожа. Заштитува од штетните ефекти на сонцето, сината светлина, инфрацрвената светлина и загадувањето, бидејќи хидрира, прочистува, осветлува и се бори со вишокот на маснотии. Проѕирната гел формула лесно се нанесува и не остава траги. Погоден за сите типови кожа.

  • Eight Hour® Cream Skin Protectant Nighttime Miracle Moisturizer

Будењето со мазна, потхранета и хидрирана кожа е задоволство кое секоја жена го заслужува. Нашата репарирачка осумчасовна крема и помага на природата да ја работи својата магија и ви овозможува да кажете “добро утро” на сјајна и здрава кожа.

Користејќи ја наградуваната формула на оригиналниот осумчасовен крем, нашето напредно решение за нега на кожата преку ноќ интензивно ја хидрира кожата и ја запечатува влагата, а смирувачкиот мирис на лаванда помага во смирување на кожата и смирување на сетилата. Ќе се разбудите со мека, еластична кожа која изгледа и се чувствува освежено.

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 2000 денари.
  • Време потребно за достава во Скопје: 3 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 6 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 02 2791005
  • Види ја продавницата на Орбико овде

За компанијата

Орбико е водечки дистрибутер за голем број на квалитетни, глобално познати брендови кои се движат од производи за парфеми, играчки, апарати за домаќинство, и апарати за нега на коса и тело. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.