56% попуст на алерголошки тест со PRICK метода за испитување на инхалаторни и нутритивни алергени во ПЗУ Неуромедика во вредност од 2000 ден. по цена од 890 ден.

Вредност

2000 ден.

Попуст

56%

Заштеда

1110 ден.

Преостанато време

Купени: 14

  • Јордан Мијалков 62, Skopje, Macedonia (FYROM)

    Одведи ме таму

    023114023, 075402000, 023133313

    neuromedica@neuromedica.com.mk

Добивате

Aлерголошки тест со PRICK метода за испитување на инхалаторни и нутритивни алергени

*Прегледот го извршува Д-р. Минова

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.04.2019 до 31.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација!
  • Прегледи се извршува во Неуромедика - Центар

Опис

Алерголошкиот тест се спроведува со цел да се предизвика (провоцира) кај пациентот лесен алергиски одговор, со кој би се потврдило или исклучило сомневањето декапациентот е преосетлив (алергичен) од одредена група или палета на алергени. Во нашата здравствена установа го изработуваме кожниот алерголошки (PRICK) тест, и тоа на палета на инхалативни (алергени присутни во воздух)  и нутритивни (алергени од прехрамбени производи) алергени.

Се изведува на исчистена кожа на воларната страна на подлактицата, на која се капнува суспектниот алерген и преку капката се прави убод со ланцета (игла). Се остава да настане контакт во временски период од 15-20 мин, а потоа се чита резултат, позитивен, негативин и соодветна градација во зависнот од кожната манифестација. Позитивен резултат е најсигурниот доказ за хиперсензитивност на одреден алерген. Со оглед на природата на тестот, овие тестови не носат ризик од несакани последици, меѓутоа се изведуваат само во здравствени установи, од страна на лекар специјалист.

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 27 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи. 

Нашата активност на полето на здравствена заштита е лоцирана на две локации во Скопје - Болница во Центар и Поликлиника во Влае, Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиника во Куманово и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 150 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Неуромедика е првата приватна болница која на пациентите им нуди лекарска грижа 24 часа во текот на денот. Домашните посети како и санитетскиот транспорт се вршат со најсовремено опремени амбулантни возила од кои две се со специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти и надвор од Р.Македонија. 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.