40% попуст на невропсихолошко тестирање во Центар за невропсихолошка процена, психолошко советување и едукација НЕВРОВИТА во вредност од 3500 ден. по цена од 2100 ден.

Цена

2100 ден.

Вредност

3500 ден.

Попуст

40%

Заштеда

1400 ден.

Преостанато време

Купени: 2

Добивате

Невропсихолошко тестирање

Услови

  • Купонот може да се искористи од 30.11.2021 до 28.02.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација по купување на купонот во Центарот, за закажување на термин!
  • Невропсихолошкото тестирање трае 1 до 2 часа
  • Резултатите од тестирањето се добиваат во рок од 1 до 2 дена по тестирањето 
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Невропсихолошкото тестирање е дијагностички метод преку кој може да се провери когнитивното функционирање на мозокот, како и функцијата на основните когнитивни способности неопходни во секојдневниот живот: внимание, концентрација, помнење, визуелно-перцептивни способости, учење, егзекутивни функции (планирање, организирање, апстрактно мислење).

Невропсихолошкото тестирање вклучува:

  • Интервју за запознавање со анамнезата на клиентот
  • Преглед на медицинските наоди на клиентот
  • Индивидуално тестирање на клиентот преку примена на стандардизирани тестови за процена на когнитивните способности
  • Невропсихолошкото тестирање е неинвазивно
  • Времетраењето на тестирање е индивидуално во зависност од подготвеноста на клиентот, но вообичаено трае 1-2 часа;
  • Резултатите се добиваат во форма на писмен извештај 1-2 дена по
  • тестирањето.

Потреба од невропсихолошко тестирање има оној кој забележува:

  • Често губење на работите во Вашиот дом, неспособност да ги пронајдете секојдневните работи по дома, или оставање на работите на сосема друго несоодветно место (на пр. клучевите од автомобилот во фрижидер)
  • Потешкотија да се концентрирате или да се фокусирате на одредена задача
  • Невообичаена заборавеност, заборавање разговори, имиња или случки од блиско минато 
  • Неможност да разберете насока, да разберете визуелни знаци или неспособност за перцепција на работите што ги гледате
  • Неможност да разберете што сте прочитале или напишале 
  • Заборавеност во однос на тоа каде се наоѓате, кој ден е или која година
  • Потешкотии во зборувањето, неможност да го пронајдете вистинскиот збор да објасните нешто

Од исклучителна важност е навремено реагирање веднаш по забележување на првите симптоми, за да може ефикасно да се спречи напредување на болеста на мозокот или развивање на: 

  • Алцхајмерова болест
  • Паркинсонова деменција
  • Фронто-темпорална деменција
  • Васкуларна деменција
  • Деменција со Левиеви тела

За компанијата

Центарот за невропсихолошка процена, психолошко советување и едукација Невровита е психолошка фирма, основана 2021 година, со цел да им
обезбеди на клиентите помош и поддршка во следниве дејности: 

  • Невропсихолошка дијагностика на болести на мозокот
  • Групна или индивидуална терапија за лица со деменција
  • Индивидуално психолошко советување за надминување на потешкотии кои ви го попречуваат секојдневното фукнционирање, преку доверлив разговор со стручен психолог
  • Семејно психолошко советување за надминување на проблемите кои се јавуваат во склоп на целото семејство, како и техники за воспоставување функционалност во семејството
  • Брачно советување 

Центарот нуди можност за спроведување на советувањето online, по желба на клиентите.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.