Планински одмор во прекрасна природа! 37% попуст на ноќевање со појадок за двајца во "Куќа ЛиваЕ" во с. Брајчино, Ресен во вредност од 1500 ден. по цена од 950 ден

РАСПРОДАДЕНО

Планински одмор во прекрасна природа! 37% попуст на ноќевање со појадок за двајца во "Куќа ЛиваЕ" во с. Брајчино, Ресен во вредност од 1500 ден. по цена од 950 ден

img

Цена

950 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,500 ден.

Попуст

37%

Заштеда

550 ден.

Купени : 5

  • с. Брајчино, Ресен 7310 с. Брајчино, Македонија

  • 071 339 942

  • [email protected]

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 08:00 - 22:00

Добивате

Ноќевање за двајца со појадок


Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.09.2015 до 31.10.2015
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • По купувањето на купоните, испратете ги на емаил со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За дете до 5 години бесплатно
  • За дете над 5 години и трето возрасно лице се доплаќа 450 ден. од ноќевање со појадок

Опис

Брајчино е едно од најголемите богатства на Македонија кога зборуваме за селски туризам затоа беше неизбежно да го вклучиме во оваа кампања и да ви овозможиме да ги наполните белите дробови со чист воздух. Брајчино се наоѓа на планината Балтан на околу 1000м надморска височина. Низ него тече Брајчинска река. Реката го дели селото на два дела: Горна и долна маала. Во брзите, чисти и студени води на реката живее ендемичниот вид на поточна пастрмка “Брајчинска пастрмка“ Salmo Pelistericus.

Grouper водич:

Селото нуди содржини за сечиј вкус - на само неколку километри од Преспанското езеро за љубителите на езерото, и на само неколку километри од шумата каде може да уживате во прекрасната природа, да берете боровинки или печурки. Брајчино Ви овозможува активен планинарски туризам, точно од селото има облежани патеки кои ќе Ве одведат до неизмерни убавини. Околу селото има повеќе манастири меѓу кои Св. Илија, Св. Архангел, Св. Богородица и Св. Петка кој е одалечен на 15-20 минути пешки од селото.

Првата рута која не смеете да ја пропуштите е пешачката патека до црквичката света Богородица. Патеката се протега во должина од 2 километри над селото од каде може да се доживее преубавата панорама на селото од птичја перспектива како и поглед кон Големото преспанско езеро и кон Малото преспанско езеро кое се наоѓа во Република Грција. Патеката е обележана со патокази и со сино бели знаци. Црквата се наоѓа во подножје на една голема карпа, а над карпата е поставен мермерен крст, искачувањето до крстот е малку специфично но погледот и панорамата која можи да се доживее од таму е неопишлива.

За оние кои се со подобра кондиција ја препорачуваме планинарската патека Брајчино – Големо езеро која дава единствен пристап до планината Пелистер и нејзиното природно и културно богатство. Оваа е прва патека од ваков вид во Македонија. Патеката е долга 17 км, обележана со црвена и бела боја, и доколку по неа се качувате до Големо Езеро ќе ви бидат потребни околу 6 часа, а во обратен правец околу 4 часа.

Доколку сакате да се инфомирате повеќе околу историскиот развој, природните убавини и можностите за рекреација кои ги нуди Брајчино, пред да го посетите прочитајте повеќе на следниот ЛИНК

За Куќа ЛиваЕ

Во ЛиваЕ ќе го почувствувате духот и гостопримството кое го пружа Брајчино. Ќе имате можност да уживате во околната природа и да ги доживеете убавините кои никого до сега не оставиле рамнодушен. Куќата располга со 3 соби од кои една двокреветна и две трикревени со еден брачен кревет и еден дополнителен кревет во кои може да се сместат 3 возрасни лица или 2 возрасни и 1 дете. Сите соби имаат заедничко купатило. Во склоп на куќата има автентичен ресторан каде ќе може да вкусите некои локални специјлитети. За гостите е на располагање бесплатен Wi-Fi интернет.

Куќа ЛиваЕ се наоѓа на главниот пат во село Брајчино, Ресен.

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ