Одморете на свеж, планински воздух (Мај-Јуни)! 26% попуст на ноќевање со појадок за двајца во Конак - Попова Шапка во вредност од 880 ден. по цена од 650 ден.

Вредност

880 ден.

Попуст

26%

Заштеда

230 ден.

Преостанато време

Купени: 5

  • Ски центар Попова Шапка

    Одведи ме таму

    070 329 898

    info@konak.com.mk

Добивате

Ноќевање со појадок за двајца во Конак - Попова Шапка

*Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.05.2019 до 31.07.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доплата: туристичка такса од 40 ден. по лице од ден
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон пред да ги купите купоните
  • По купување на купонот потребно е да ги испратите купоните на емаил за да ја потврдите резервацијата
  • Понудата важи само за планинарскиот дом, но не за хотелот
  • Капацитетот на собите е од 2 до 5 лица

Опис

Претставува  современ планински објект заснован на традиционален изглед. Се наоѓа на Шар планина на скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 м.н.в. Поволна географска положба релативно блиску од Тетово 18 км и Скопје 55 км  главниот град на Република Македонија прави да биде посетен од голем број на туристи како во летната така и во зимската скијачка сезона.Особено задоволство ќе ви даде  внатрешноста на објектот во комбинација на дрво и камен со камин и отворен  поглед на скијачките терени. На платото пред домот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број на сончеви денови кои се главна карактеристика на скијачкиот центар Попова Шапка.

Ресторан

Ресторанот воодушевува со својот раскошен ентериер изработен од дрво и камен. Врвната услуга, прекрасниот амбиент исклучително добра храна и поволни цени ви овозможуваат да поминете незаборавни мигови во нашиот ресторан. Ресторанот се наоѓа на првиот кат од објектот и располага со внатрешна сала со капацитет од 50 гости и надворешна летна тераса со капацитет од 100 гости. Повелете на појадок, ручек или вечера во топол амбиент каде мирисот и вкусот создаваат магија.

Ски кафе

Ски кафето во склоп на ”Конак”  изминатите десет години работи во текот на целата година и со право го добива епитетот најпопуларно место на Скијачкиот центар Попова Шапка.  Преку ден може да се опуштите во топол амбиент со широк асортиман на топли напитоци и освежителни пијалоци или да престојувате на сончевата тераса која има јужна ориентација со отворен поглед кон скијачките терени и целосен преглед на најпознатиот скијачки терен "Церипашина".

Кога и да ја посетите Попова Шапка ”Конак” е тука за вас 365 дена во годината. Дојдете и уверете се зошто сме најпосетено место на Попова Шапка.

Сместување

Сместувачкиот дел на ”Конак”  се состои од планинарски и хотелски дел. Во планианрскиот дел на распоилагање се пет планианрски соби со кревети на кат кои користат заедничко купатило и се доста погодни за планианри и палнианрски групи.

Хотелскиот дел го сочинуваат 12 соби со сопствено купатило опремени со удобни кревети кои пружаат удобен и мирен сон и заедно со планинскиот воздух прават многу брзо да се чуствувате одморни и наспиени. Во склоп на хотелскиот дел се наоѓа и сауна која е на располагање на гостите.

Оринетацијата на собите е јужна со отворен поглед кон скијачките терени на Попова Шапка.

Самата местоположба на објектот на самите скијачки терени нуди можност за брз и лесен пристап кон самите терени. 

Било да сте љубител на скијањето, природата или едноставно сакате да уживате на Попова Шапка во ”Конак” секогаш ќе ве пречекаат гостопримливи и добри домаќини.  

Ве покануваме да го поминете Вашиот одмор или викенд во ”Конак”.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.