Релаксација во Охрид во Мај! 42% попуст на ноќевање за двајца со појадок + користење на СПА центарот во Хотел Тино 4* во вредност од 4278 ден. (69 еур) по цена од 2480 ден. (40 еур)

РАСПРОДАДЕНО

Релаксација во Охрид во Мај! 42% попуст на ноќевање за двајца со појадок + користење на СПА центарот во Хотел Тино 4* во вредност од 4278 ден. (69 еур) по цена од 2480 ден. (40 еур)

Цена

2,480 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

4,278 ден.

Попуст

42%

Заштеда

1,798 ден.

ЛИМИТИРАНА КОЛИЧИНА

Купени : 106

  • Кеј Македонија 55, Охрид 6322, Охрид, Македонија

  • 046 230 450, 046 230 451

  • hoteltino@t.mk

Добивате

  • Ноќевање за две лица со појадок во двокреветна соба
  • Користење на Спа центарот (џакузи, парна бања, сауна)
  • Бесплатен WiFi интернет
  • Бесплатен паркинг

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.04.2018 до 31.05.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби диркетно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да ја потврдите резервацијата
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • За деца до 5.99 год. сместувањето е бесплатно
  • За деца од 6 до 12 год. се доплаќа 535 ден. директно во хотелот
  • За дете над 12 години, односно за трето лице се доплаќа 1069 ден. директно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата

Опис

Хотелот е сместен во центарот на градот, на само 5 минути од стариод дел од Охрид. Лоциран на самото шеталиште има прекрасен поглед на целото езеро. Хотел Тино располага со 2 апартмани и 50 соби. Ресторанскиот простор пак располага со капацитет за 150 гости во внатрешниот дел од ресторанот и 100 гости на терасата. Во ресторанот може да пробате најразлични специјалитети од македонската кујна, морска кујна или италијански деликатеси. Во хотелот има исто така спа центар каде ќе можете комплетно да се опуштите во џакузи, сауна или другите услуги кои ги нудат.

Grouper водич

Градот Охрид е најпознат по своите средновековни тврдини, археолошки наоѓалишта, спомен-куќи, музеи и цркви. Наш предлог е да ги посетите едни од најпознатите: Самуиловата тврдина (X/XI век, Народен музеј - Куќите на Робевци и Христо Узунов, Музеј на словенската писменост (XVIII век), Антички амфитеатар, Спомен-куќата на Григор Прличев, Светиклиментовиот универзитет и археолошките наоѓалишта на Плаошник. Ах да, и да не го заборавиме фактот дека Охрид е домаќин на вкупно 365 цркви, по една за секој ден во годината. Доколку се уште не сте ги виделе овие безвременски градби, не двоумете се да ги посетите црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум, црквата Св. Јован Канео и многу други повеќе или помалку познати цркви во и околината на Охрид.

Не заборавајте да пробате охридско ѓомлезе и да пиете кафе во некој од кафиците покрај охридскиот кеј и да уживате во поглед кон езерото.

Охрид - градот на големиот број на цркви и манастири, градот познат како Балкански и Европски Ерусалим. Градот го краси најголемото природно езеро по кое го добил своето име, Охридско езеро кое воедно е и најдлабокот езеро на Балканот. Градот Охрид, наследник на стариот Лихнидос, постои повеќе од 2500 години. Уште од антички времиња, на просторот на градот Охрид достигнувањата на цивилизацијата се менувале, со подеми и падови. Градот Охрид го преживеал сето тоа и постои под истото име се до денес. Легендата кажува дека основач на античкиот град на овој простор вил Феникиецот Кадмо, кој основал династија заедно со античките Енхелени.

Како град заштитен под UNESCO, Охрид денес е збир на антички, старовековни градби, богата култура и автентична архитектура која е препознатлива за овој град. Неверојатните пејзажи и недопрената природа се уште една причина плус зошто Охрид станува најомилен град меѓу туристите. Планината Галичица и истоимениот национален парк ги нудат најдобрите патеки за планинарење и велосипедизам и незаборавниот поглед кон Охридското езеро. Интересен факт е што охридскиот бисер е вистински "дијамант" на Охрид. Тој не се прави од школки туку од крлушките на рибата плашица. Рецептот и начинот на изработка на охридските бисери доаѓа од руски војник кој занаетот го пренел само на едно семејство во Охрид.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ