Дестинација Македонија! Посета на Вевчани (Септември-Октомври)! 24% попуст на 2 ноќевањa за двајца со традиционален вевчански појадок во Апартмани и Ресторан Шутиноски, Вевчани во вредност од 3800 ден. по цена од 2890 ден.

img

Цена

2890 ден.

Вредност

3800 ден.

Попуст

24%

Заштеда

910 ден.

Преостанато време

Купени: 7

Добивате

2 ноќевања за двајца со традиционален вевчански појадок

Услови

  • Купонот може да се искористи од 30.03.2022 до 31.10.2023
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Добредојдовте во Вевчани, држава во држава, место на сатирата и слободниот говор.

Вевчани е местото на најпосетениот карневал во земјава, традиционален и познат и во странство. Општина Вевчани, или како што жителите си го нарекуваат, Држава Вевчани, е сместена на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 м. Се граничи со Струга а во потесен дел ја допира и граничната линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат, а таму може да уживате во вистински традиционални специјалитети за овој крај и посета на многу околни места, природни реткости и убавини. Ако одите во овој крај, тогаш задолжително мора да ги посетите и познатите Вевчански извори. Манифестацијата “Вевчански карневал” e стара 1460 години која се одржува 13 и 14 јануари во чест на св.Василиј Велики.каде како мотиви се користат дел од христијнските и паганските обичаи.

Неколку месеци целиот народ живее и се подготвува за овој карневал. Од 1993 карневалот е член на Здружение на европски карневали, каде Македонија фигурира под уставното име.

Се разбира, прво се Вевчанските водопади, за кои, како што би рекле вевчани, “вреди да се гине”, црквите: “Св. Никола”, “Св. Димитриј”, “Св. Варвара”, ”Богојавление” “Св. Петка”, “Св. Спас Долни”, “Св. Спас Горни”, “Св. Успение на Пресвета Богородица”, “Св. Ѓорѓи”, “Св. Недела”, “Св. Преполовение”, “Св. Петар и Павле”, како и археолошките локалитети: Бојкоска Браненица – населба од доцно античко време, Исмаилова црква – населба и некропола од доцноантичко време, Бели Брег, Плешец – населба од неолитско и железно време, Варвара, Октишки Костење, В Логон (Кљунка), Суво Поле (Дримски Пот), Селиште (Долни Попој), Вакоски Ливаѓе (Пелвец) Во селото се сместени десетини цркви, два археолошки локалитети и надалеку познатите Вевчански извори кои секогаш ќе ви останат како аманет за повторно и повторно враќање кон нив.

За компанијата

Апартмани и Ресторан "Шутиноски"

Апартманите и Ресторан Шутиноски ви нудат комплетни услови за одличен престој во Вевчани. Новоградба во традиционален стил со вкусни вевчански подготвени специјалитети во нивниот ресторан. Располагаат со сместувачки капацитет од 10 луѓе. Има 4 двокреветни соби со посебно WC, и голем апартман со дневна, спална и кујна од 75 м2 каде може да се сместат макс. 5 лица. Уживајте на еден поинаков начин, уживајте во природа доживувајќи ја традицијата. Место каде можете да го ослободите својот дух во природните убавини, гостопримливоста и хуморот на домаќините како и да ги почуствувате длабочините на христијанството.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.