Уживајте во убавините на Тоскана во Април! 14% попуст на аранжман од 3 ноќевања со појадок во Монтекатини Терме + вклучен превоз во вредност од 14 198 ден. (229 €) по цена од 12 152 ден. (196 €) со Waikiki Travel
Добивате
Во пакетот е вклучено:
- Автобуски превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел со 3* во Монтекатини Терме на база 3 ноќевања со појадок
- Организирана посета на Пиза
- Организирани посети според програмата
- Организација и реализација на аранжманот со лиценциран туристички придружник
*Подетално за програмата можете да прочитате во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 22.03.2023 до 10.04.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Waikiki Travel за да го резервирате вашиот термин за патување
- За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек од датумот на враќање.
- Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.
- За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ваикики Травел.
- Целодневен излет на Чинкве Тере 50€ (трансфер со воз, Cinque Terre card до 5-те села и трансфер од железничка до La Spezia, доплата на лице место)
- Посета на Сиена и Сан Џимињано 50€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
- Задолжителна посета на Фиренца 30€ (трансфер, локален водич, доплата на лице место)
- Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ноќ, доплата на лице место)
- Задолжително патничко осигурување
- Доплата доколку патниците имаат желба за конкретно седиште, директно во агенцијата
Опис
СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ
1.ден 13.04.2023 (четврток)
Состанок на групата во 09.30 часот на паркингот кај Вип хотел спроти Ист Гејт. Поаѓање во 10.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
2.ден 14.04.2023 (петок)
Пристигнување во Монтекатини Терме. Сместување во хотел согласно правилото за Check In. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови организирана посета на Пиза. Прошетка по еден од највеличенствените плоштади во Италија – Плоштадот на чудата, Катедралата Дуомо, Крстилиницата Свети Јован и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.
МОНТЕКАТИНИ – ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
3.ден 15.04.2023 (сабота)
Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на италијанската ривиера, посета на националниот парк Чинкве Тере. Пристигнување во градот Ла Специја од каде со во воз на Трен Италија ќе се движеме цел ден долж лигурската обала низ петте селца. Чинкве Тере e низа од пет стари рибарски села, сместени високо на италијанската ривиера во регионот Лигурија кои до неодамна беа поврзани само со мазги и достапни само со железница или по воден пат. Пешачење по ова живописно крајбрежје е најдобриот начин да се истражат петте села: Riomaggiore, Manarola, Corniglia, Vernazza и Monterosso. Националниот парк Чинве Тере е познат по својата убавина. Со векови, луѓето тука граделе тераси за одгледување винови лози и маслинки на грубиот, стрмен терен, долж карпите од каде се издигаат заносни панорами кон Средоземното Море. Воодушевувачките погледи на пристаништата далеку под дивото, но гостопримливо крајбрежје, заедно со средновековните тврдини и изобилството на винова лоза и живописни бои го прават овој регион незаборавен. По разгледот враќање во Ла Специја од каде се упатуваме кон Монтекатини. Ноќевање.
МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
4.ден 16.04.2023 (недела)
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, веројатно најубавиот средновековен град во Италија, вечниот ривал на Фиренца. Срцето на Сиена е нејзиниот централен плоштад Il Campo, познат по трките со коњи Palio кои тука се одржуваат два пати годишно. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот.. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во договорено време патувањето го продолжуваме кон Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.
МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
5.ден 17.04.2023 (понеделник)
Појадок. После појадокот заминување за посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Рано наутро поаѓаме кон Фиренца, со една попатна пауза на Аутогрил. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме доволно слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, можност за посета во некои од музеите, дегустаија на локални производи во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
СКОПЈЕ
6.ден 18.04.2023 (вторник)
Планирано пристигнување во Скопје во попладневните часови.
За компанијата
Туристичката агенција Ваикики Травел својата приказна ја започнува во 2013 година кога двајца (тогаш) млади ентузијасти, водени од желбата да ја покажат својата љубов и желба за патувања, како и богато туристичко знаење, ќе решат да ја формираат и официјално да ја регистрираат приватната туристичка агенција (неслучајно наречена) Ваикики Травел на 28 Август како ДООЕЛ во Централниот Регистар на РМ. Агецијата низ годините растеше полека, но со сигурни и цврсти чекори, за да денес, поседува валидна лиценца А за вршење на туристичка дејност издадена од страна на надлежното Министерство за Економија на РМ. Агенцијата е исто така редовна членка на СКТМ (Стопанската Комора на Туризам на Македонија) под чии што услови работи.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.