Дестинација Македонија! Есенска релаксација на Попова Шапка! 20% попуст на ноќевање по избор (со појадок, или со појадок + вечера) во соба по избор (2,3 или 4 креветна) во Хотел Славија и Хотел Попова Шапка

Дестинација Македонија! Есенска релаксација на Попова Шапка! 20% попуст на ноќевање по избор (со појадок, или со појадок + вечера) во соба по избор (2,3 или 4 креветна) во Хотел Славија и Хотел Попова Шапка

Вредност

980 ден.

Попуст

20%

Заштеда

196 ден.

Преостанато време

Купени : 2

  • Ул. Мурат Бафтијари бб, Тетово

  • 044 330 464; 070 224 832

  • contact@popova-sapka.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и истата вклучува:

  • Ноќевање со појадок во двокреветна соба, цена: 980 ден. 784 ден.
  • Ноќевање со појадок во 3 или 4 креветна соба, цена: 910 ден. 728 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера во двокреветна соба, цена: 1100 ден. 880 ден.
  • Ноќевање со појадок и вечера во 3 или 4 креветна соба, цена: 1050 ден. 840 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.11.2017 до 14.12.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби директно во хотелот
  • По купување на купонот потребно е да го испратите на меил
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доплати:
  • За туристичка такса се доплаќа 40 денари на ден по лице директно во хотелот
  • Деца до 5 години кои не користат услуги за сместување и храна добиваат попуст 100% на редовната цена
  • Деца од 5 - 12 години кои користат ресторански услуги и услуги за сместување добиваат 30% попуст на редовната цена

Опис

На 18 км од Тетово и на 58 км од Скопје, во самото срце на масивот, на надморска височина од 1.700 м, е сместен најстариот и најпознат скијачки центар Попова Шапка, со висина на ски патеките до 2.500 метри надморска
височина. Шара има огромен потенцијал за развивање на планинските спортови: скијање, планинарство, алпинизам, планинско велосипедизам, параглајдерство, спортски лов и риболов. Големиот број сончеви денови, близината и високата снежна покривка секоја зимска сезона привлекуваат голем број домашни и странски туристи на Попова Шапка. Ски - центарот Попова Шапка располага со 6 ски лифтови и две жичници. Должината на ски - лифтовите и жичарниците изнесува 6.513 метри. Капацитетот на жичарниците и ски лифтовите е со капацитет од 4.138 скијачи на час со просечна брзина на жичарите од 3м/с. Скијачките патеки се погодни и за почетници, и за напредни скијачи. Должината на скијачките патеки изнесува 17.2 км, од нив 1.7 км се лесни патеки, 8.7 км се средни и 6.8 км се тешки скијачки патеки. Ски патеките „Бабин Извор“ и „Дол“ се лесни патеки, ски - патеките „Поток 1“, „Пионерско Брдо“, „Поток 2“, „Св. Илија“, „Ајдучка рамнина 1(ГЕ)“, „Ајдучка Рамнина 2(ГЕ)“, „Срт за Јелак“ и „Пола Церипашина“ се со средна тежина, додека ски - патеките „Мал Јелак“, „Мал Јелак 1“, „Мал Јелак 2“, „Церипашина“, „Бабунова Стена“, се тешки скиајчки патеки и се за напредни скијачи. Љубителите на ноќното скијање имаат можност да уживаат на професионално осветлените патеки за ноќно скијање „Поток 1“ и „Поток 2“. Ски - центарот Попова Шапка има три хомологирани скијачки патеки уредени по стандардите на Меѓународната скијачка федерација FIS: „Орлова“, „Езерино“ и „Церипашина“. Од 1947 година на Попова Шапка, на патеките
„Орлова“ и „ Езерино“ се одржува најстарата скијачка манифестација на Балканот, Шарпланинскиот куп.

За посетителите, на располагање е туристичката населба, која ја сочинуваат голем број викенд-куќи и повеќе хотели, а најзначајни и најголеми се хотелите „Попова Шапка“ и „Славија“ во сопственост на „ЕЛЕМ ТУРС“, кои можат да прифатат голем број туристи. Хотелот „Попова Шапка„ е со капацитет од 160 легла и се наоѓа на 1.710 мнв, а хотелот „Славија“ има капацитет од 120 легла на 1760 метри надморска височина. Двата хотели се во непосредна близина на скијачките терени, со придружни капацитети: ресторан, ски гардероба, продавници, диско, базен, сала за состаноци, тераса со поглед кон скијачките терени итн.

Grouper  водич

Шар Планина или скратено Шара e една од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија. Сместена е во северозападниот дел на републиката, на границите со Косово и Албанија. Благодарение на буковата шума која испушта големи количини кислород и дабова (храстова) шума која испушта етерички масла, оваа пријатно место представува вистинска ВОЗДУШНА БАЊА.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава (2540 м), а во подножјето се наоѓа Полошката котлина. На Попова Шапка се изградени хотелите „Попова Шапка“, „Тетекс“, „Славија“, „Бора“ и други одморалишта. Во непосредна близина на Попова Шапка се наоѓаат локалитетите Јелак, Лешница и Церипашина. 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ