Дестинација Македонија! Планинско уживање на чист воздух! 43% попуст на ноќевање во Вила Тоше Д. во Крушево во вредност од 700 ден. по цена од 399 ден.

Дестинација Македонија! Планинско уживање на чист воздух! 43% попуст на ноќевање во Вила Тоше Д. во Крушево во вредност од 700 ден. по цена од 399 ден.

img

Вредност

700 ден.

Попуст

43%

Заштеда

301 ден.

Преостанато време

Купени : 10

  • ул. Шула Мина бб 1000 Скопје, Македонија

  • 070 208 076, 070 608 700

  • info@vilatosed.mk

Добивате

Понудата е по лице и вклучува едно ноќевање во Крушево

Mastercard Бонус: Купи го овој купон со Mastercard картичка и добиј го по специјална Mastercard цена од 379 ден.

* Разликата ќе ти биде вратена во твојата Grouper торбичка


Услови

  • Купонот може да се искористи од 24.09.2018 до 15.11.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доколку сакате да го искористите купонот за време на викенд потребно е да купите минимум 2 купони, односно да престојувате минимум 2 ноќи
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку телефон
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Mastercard е спонзор на кампањата Дестинација Македонија. Секоја зделка купена со Mastercard картичка ја добивате по специјална Mаstercard цена.

Опис

За вилата

Вила Тоше Д. е сместена во центарот на прекрасното Крушево, на атрактивна локација позади црквата Св. Никола, на само неколку метри од Градскиот парк и ги нуди сите услови за пријатен одмор преку целата година. Чистиот планински воздух, многубројните културни споменици, автентичната староградска архитектура, вештачкото езеро, спортските терени, скијачките терени, патеката за параглајдери, излетничките места се само дел од специфичните обележја на Крушево кои привлекуваат голем број домашни и странски туристи. Вила Тоше Д. нуди удобно сместување во пријатен амбиент.

Вилата располага со седум студија, комплетно модерно опремени, како и со заедничка просторија. Секое студио располага со сопствена мини кујна, купатило, кабелска ТВ, бесплатен интернет, тераса, централно парно греење. Уживајте во планинската клима на градот со најмногу сончеви денови во годината во сместувачкиот капацитет на Вила Тоше Д. Крушево. Еднаш штом ќе дојдете во Крушево, ќе дојдете повторно. До тогаш срдечно Ве поздравуваме и го очекуваме Вашето добредојде.

Grouper водич

Добродојдовте во најстарата Република на Балканот, белегот на Илинденското востание и воедно највисокиот град во нашата Македонија – Крушево! Во лулката на Баба планина, Крушево е еден од најстарите македонски градови, кој својот развој го доживува уште во 18 век. Првично населен од Македонските Власи и Македонците од регионот Река во Западна Македонија, наречени Мијаци. Тие биле трговци, мајсори, резбари и зоографи. Од нив останала убавата црква Св. Никола од 1832 год. Крушевската архитектура преставува склоп на народите и културите кои живееле во овој предел. Речиси сите сé уште ги носат семејните гробови на предната фасада, а внатрешноста е украсена со мебел и украсни детали од дрво и резба, како и насликани ѕидови, мешавина на сеќавањата на старата татковина.

Љубители сте на спортот? Крушево преставува еден од првите ски-центри во Македонија. Не помалку се познати и патеките за планински велосипедизам, спортскиот ценар “Гумење”, како и светскиот куп во параглајдерство кој се одржува на Мечкин Камен. Уживајте во убавините на Крушево и неговите знаменитости: Музеј на Илинденското востание, Музеј на НОБ, спомен куќата на Тоше Проески, галерија Мартиновски, Гумења-споменикот Македониум во кој е сместен гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, гробот на Тоше Проески, Мечкин Камен-споменик на паднатите борци, црквата Св. Јован, Св. Троица, Света Богородица, манастирот Свето Преобразение, црквата на манастирот Св. Спас, црквата Св. Никола.

Близу црквата Св. Никола, се наоѓа и најголемата збирка творби од неколку периоди од творештвото, сместена во галеријата на Никола Мартиновски. Секако не заборавајте да ги пробате добро позантиот крушевски локум и слатки пуслици.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ