8 ја следат оваа компанија


Есенско уживање во Охрид! Ноќевање со појадок и вечера во стандардна двокреветна соба во хотел „Силекс“ 4*, Охрид по цена од 1302 денари (21 ЕУР)

Цена

1302 ден.

Купени: 2

  • Димитрие Чуповски 26, Skopje, North Macedonia

    Одведи ме таму

    3222260 ; 3290288

    voyager@t.mk

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Ноќевање (во стандардна двокреветна соба) со појадок и вечера во Хотел „Силекс“ 4*, Охрид 
  • Туристичка такса 
  • Користење на надворешен базен (согласно временските прилики)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 27.09.2020 до 31.10.2020
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Понудата се однесува на едно лице за едно ноќевање на база на полупансион
  • За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон директно во агенцијата
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот во агенција со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Резервација на лежалка не е вклучена во понудата, Резервацијата се прави директно во сместувањето, зависно од слободни места.

Доколку сакате да искористите ваучер за туризам следете ги следните инструкции https://grouper.mk/domasiedoma

  • Ваучерот за туризам може исклучиво да го користи лицето на чиешто име гласи ваучерот (со доказ ЛК) и истиот не може да биде предаден на користење на трето лице.
  • Доколку не се искористи полната сума на ваучерот не се враќа кусур.
  • По истекот на рокот купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена
  • Хотелот ги следи мерките за заштита од COVID 19

Препораки за гостите:

  • При движење во хотелот задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање на услуги.

Опис

Хотел Силекс се наоѓа во туристичкиот комплекс Св.Стефан, оддалечен 4км од центарот на Охрид, на регионалниот патен правец Охрид – Св.Наум и 10км од аеродромот Св.Апостол Павле.

Хотел Силекс се простира на самиот брег на Охридското Езеро и се наоѓа помеѓу пространството на бистра сина езерска вода и зеленилото на боровата шума низ која поминува шумска уредена патека која Ве води до манастирот Св.Стефан на надморска висина од 720 м.Ваквата локација е одлична можност за соединување на планинскиот и езерскиот туризам.

Сите соби на хотелот Силекс имаат балкон и кабловска телевизија со рамен екран.
Македонски специјалитети, интернационална кујна и широк спектар на пијалоци се служат во ресторанот и барот.

За компанијата

Voyager е еден од брзите растечки и успешни туристички агенти во локалната туристичка индустрија. Без оглед на тешкотиите на туристичката индустрија во регионот, во последните неколку години компанијата прерасна во една од значајните компании на македонскиот туристички пазар. Има лиценца А издадена од Министерството за економија за тур оператор . Основана е во 2004 година од силните независни жени кои работеле претходно во овој бизнис, со лично искуство во оваа гранка, стремејќи се и постигнувајќи одлични резултати и создавајќи го својот бренд. Кога ги започнавме своите активности самостојно, VOYAGER ги концентрираше напорите за освојување на пазарот и за време компанијата го зголеми бројот на понудени услуги. Главната цел на компанијата стана да ги обезбедува на македонскиот пазар сите туристички услуги за егозотичен туризам и дестинации како Тајланд,Бали,Малдиви,Дубаи,Сејшели,Занзибар со полетување од Скопје и организирани пакет аранжмани. Филозофијата на VOYAGER е „ со еден повик резервирај се“, нема потреба да се грижите за ништо што е во врска со вашето деловно патување или одмор :од авио-билетите, преку хотелското сместување, трансфер аеродром-хотел, факулттаивни групни или индивидуални излети, изнајмување автомобил .

Денес компанијата е сигурен партнер на многу странски компании, амбасади и тур-оператори низ целиот свет што го прави VOYAGER клучен планер на туристичкиот пазар во Македонија и претпочитан деловен партнер.

Генерален претставник сме  на Holidays By FLY DUBAI за Македонија ,Косово и Албаниа и како такви имаме повластени целогодишни пакети за Дубаи и останантите конекциски дестинации.Исто така генерален претставни сме на TBO Holidays за Македонија и Косово ,кој како реномиран B2B partner обезбедува услуги инстант ус за хотелско сместување било каде во светот  ,трансфер ,излети ,внатрешни авионски карти.

До следното патување!

Ве потсетуваме дека спомените немаат цена

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.