Дестинација Македонија (Октомври-Ноември)! 12% попуст на ноќевање со појадок за две лица во Еуро Хотел "Градче" - Кочани во вредност од 3900 ден. по цена од 3450 ден.
Добивате
Ноќевање со појадок за две лица во Еуро Хотел "Градче" - Кочани
Услови
- Купонот може да се искористи од 25.09.2023 до 30.11.2023
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжитена е претходна резервација
- Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
- Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
- Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
- За дете до 7 години бесплатно.
- За дете од 7 до 14 години и трето возрасно лице се доплаќа 490 ден. директно во хотелот.
- Превозот не е вклучен во понудата
- Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани
Опис
Сместен на планините на Осоговските планини и Плачковица, Кочани е град на геотермалнните води и оризот. Околната природа е вистинско уживање а зимно време може да уживате и во туристичкиот центар Пониква. Кога сте во овој дел на Македонија, може да го посетите археолошкиот локалитет Црквиште, во селото Мородвис – општина Зрновци, кочанско. Овој локалитет е дел од стариот римски град Моробиздон кој се спомнува како голем град и епско седиште на Брегалнички регион. До сега се пронајдени остатоци од 4 цркви од кои најстарата датира од петти век.
Хотел Брана Градче се наоѓа на 6 километри северно од Кочани. Лоциран е на 550 метри надморска височина, што е уникатна местоположба за одмор и релаксација. Хотелот се наоѓа на самото езеро Градче, кое можете да го користите за кајакарење, возење велосипед, прошетки или џогирање, а може и за риболов, во зависност од сезоната.
Наш предлог за сите кои ќе престојувате во овој хотел е да одвоите од Вашето време за активен одмор. Хотелот располага со кајаци, кои може да ги изнајмите. Интересни се водопадите над самото езеро, кои задолжитлено треба да ги посетите. Имено, изградени се во 1958 година во функција на помошна брана за да спречи надоаѓање на водите од планината. Но, со текот на времето од надојдените гранки, камење и земја, почнала помошната брана да се полни со почва и полека се создал прекрасен водопад од дванаесетина метри.
Хотелот располага со 21 делукс соба и 5 апартмани, ресторан, а ла карт бар, три летни тераси, сопствен паркинг, мини зоо и катче за деца.
Зошто нашиот тим ви препорачува задолжително да нѐ посетите?
Самото место шири спокој и мир. Боровата шума ги отвара градите, а погледот кон природата и езерото ги остава секојдневните проблеми на страна. Воздушната бања позитивно ќе се одрази на вашето здравје.
Идејата да работиш во природата не било никогаш досега поатрактивна. Одличната местоположба која нуди планинско пешачење, велосипедизам по планинаски патеки, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.
Хотелот располага со:
- 21 двокреветна соба и 5 апартмани
- Собите се комплетно реновирани
- Конференциска сала, погодна за семинари, презентации, проекции, изложби, предавања,
- co-working space
- Ресторан – капацитет до 420 места
- Зимен ресторан – капацитет 90 места – погоден за бизнис состаноци и мини коктели
- летна тераса со поглед на езерото
- интернет
- приватен бесплатен паркинг
- мини зоо
- кајаци
Активности:
- пешачење (до водопадите, околу езерото)
- кајакарење
- велсипедизам
- риболов
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.