Дестинација Македонија! Планинско уживање во Маврово со 5 ѕвезди (Септември-Октомври)! 15% попуст на ноќевање со појадок или појадок и вечера во двокреветна Superior соба + користење на СПА во Хотел Радика 5* Маврово

Цена од

2055 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2418 ден.

Попуст

15%

Заштеда

363 ден.

Преостанато време

Купени: 92

  • С. Леуново - Маврово

    Одведи ме таму

    042 223 300, 075 325 306

    info@radika.com.mk

Добивате

Опции на понудата:

Ноќевање со појадок + СПА 2,418 ден. (39 еур)
2,055 ден. (33 еур)
Ноќевање со појадок и вечера + СПА 3,348 ден. (54 еур)
2,850 ден. (46 еур)

Понудата е по лице и истата вклучува:

  • Ноќевање со појадок или појадок и вечера во Superior двокреветна соба
  • Користење на СПА центарот: внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, приватна кабина (базен) со солена вода, џакузи со топла вода и фитнес центар

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.09.2021 до 31.10.2021
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа.
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За деца  0-3,99 год. е бесплатно
  • За деца од 4-11,99 год. се доплаќа 900 ден. од ноќевање (со појадок) или 1200 ден. (со појадок и вечера) 
  • Доплатите се прават во хотелот на рецепција
  • Надворешниот базен не е активен
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Време е за тимска дружба со колегите! Прати ни барање за тим билдинг патување од компанија и добиј понуда за некоја од најубавите дестинации низ Македонија. Пополни ја формата на следниот ЛИНК
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.

Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.

Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

СПА Центар

Радика Спа центарот нуди повеќе видови на третмани за убавина, холистички третмани, за нега на лице и тело. Спа центарот содржи полуолимписки внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, Турски Амам, Приватна кабина (базен) со солена вода, како и џакузи со топла вода. Во склоп на Спа центарот е и Радика Фитнес центарот, кој располага со неколку видови на машини за телесни кардио вежби, како и реквизити за вежби со тежини. Во летниот период пак забавата се префрла на надворешниот полу–олимписки базен, каде што ќе Ве придружува одлична музика и летен “pool bar”.

Супериор соби

Удобни соби шармирачки декорирани со енергични сенки и одличен спектар на бои и мебел. Дизајнирани за сечија потреба и комфорт кој ви го овозможува просторноста на собите(35м2). Сите кревети во супериор собите се кралска големина за ваш додатен одмор и уживање. Во супериор собите постои опција и за додавање на екстра кревет.

Опремени со:

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања

Grouper интересни факти за Маврово

  • Името Маврово значи Црно Поле и ѝ било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското (Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се создаде Мавровското Езеро. 
  • Старата селска црква „Свети Никола“, што зимно време се наоѓа на суво, лете како да плови по езерото, пркосејќи ѝ на човечката интервенција.
  • Маврово е познато по еден од најубавите ски-центри во Македонија што е сместен на падините на планината Бистра.
  • Кога сте во Маврово, никако не пропуштајте ја можноста да се прошетате до манастирот „Свети Јован Бигорски“, најрепрезентативниот споменик на архитектонско-уметничкото наследство на регионот.
  • Во бачилата направени во планински стил можете да се сончате на планинското сонце со планински чај, варена ракија и туршија и да уживате во Бистра.
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.