Нова Година во Нови Сад (30.12.2017 - 01.01.2018)! 2 ноќевања со појадок во хотел 3* + вклучен автобуски превоз и организација на патувањето по цена од 6758 ден. (109 еур)

Нова Година во Нови Сад (30.12.2017 - 01.01.2018)! 2 ноќевања со појадок во хотел 3* + вклучен автобуски превоз и организација на патувањето по цена од 6758 ден. (109 еур)

img

Вредност

7,509 ден.

Попуст

10%

Заштеда

751 ден.

Преостанато време

Купени : 2

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:  

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Сместување во хотел ***, на база 2 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи и посети според програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Патничко здраствено осигуривање

Услови

  • Купонот може да се искористи од 30.12.2017 до 01.01.2018
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Сместувањето е во двокреветна соба, со минимум две лица на соба
  • Во цената не е вклучено
  • Факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан
  • Влезници за музеите и културно - историските споменици
  • Задолжително патничко и здраствено осигурување
  • Други неспоменати посети и услуги
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Програма на патувањето:

30. декември (сабота) СКОПЈЕ - НОВИ САД

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во Скопје, во 00:30 часот после полноќ. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 01:00 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Краток одмор до панорамското разгледување на градот театарот “Српско народно позориште”, со истоимениот плоштад, плоштадот на “Слобода”, на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” (една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година), улицата “Змај Јовина”, покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад - “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

31. декември (недела) ФРУШКА ГОРА - СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. Претпладневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора (познат и како “Српска Света Гора”), како и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по ислучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Вечерта, дочек на Новата 2018 година на централниот плоштад во градот, или пак можност за факултативна Новогодишна вечера во национален ресторан. Ноќевање.

01. јануари (понеделник) НОВИ САД - СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време до заминување од хотелот. Попатна посета на традиционален “Салаш” (едно од најавтентичните туристички обележја на животот во Војводина). Разглед на тамошниот “Салаш 137”, кој плени со неговит автентичен изглед  и организираност. Попладневен ручек со мени од традиционалната кујна и војводинска музика. Патувањето кон Македонија, продолжува со кратки попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје, во вечерните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ