Сѐ за вашето здравје во Жан Митрев Клиника! До 47% попуст на специјална промоција на над 20 специјалистички прегледи по избор во Жан Митрев Клиника

Цена од

1850 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3000 ден.

Попуст

38%

Заштеда

1150 ден.

Купени: 615

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02/3091-484

    [email protected]

Добивате

Опции на понудата:

Гинеколошки преглед 3,000 ден. 1,990 ден.
Кардиоваскуларен преглед - Распродадено 4,500 ден. 2,490 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед 3,000 ден. 1,990 ден.
Специјалистички педијатриски преглед 3,000 ден. 1,990 ден.
Флеболошки преглед 2,500 ден. 1,850 ден.
Психијатриски преглед 3,000 ден. 1,500 ден.
Ехо на тироидеа 3,000 ден. 1,990 ден.
Ендокринолошки преглед 3,000 ден. 2,090 ден.
Колоноскопија со анестезија 19,000 ден. 13,900 ден.
Гастроскопија со анестезија 19,000 ден. 13,900 ден.
ЦТ глава и врат со каротиди (МСКТ) 15,500 ден. 11,900 ден.
ЦТ долни екстремитети (периферија) 15,500 ден. 11,900 ден.
ЦТ Виртуелна колоноскопија 15,500 ден. 11,900 ден.
МР нативна серија 15,000 ден. 10,900 ден.
Магнет на срце 25,000 ден. 19,900 ден.
Магнет на цел р'бет 25,000 ден. 16,900 ден.
Магнет на матка со контраст 18,000 ден. 11,690 ден.
Магнет на дојки 18,000 ден. 11,690 ден.
Остеодензитометрија Дексаскен 3,500 ден. 2,350 ден.
Невролошки преглед 3,000 ден. 1,990 ден.
Ортопедски преглед 3,000 ден. 2,090 ден.
2Д Мамографија 3,500 ден. 1,990 ден.
3Д Мамографија 5,500 ден. 2,890 ден.
Уролошки преглед (еxo + ПСА маркери) - Распродадено 3,900 ден. 2,490 ден.

*Детален опис за прегледите може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.12.2022 до 16.03.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на термин
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Гинеколошки преглед 
Одржување на здравјето на репродуктивните органи е од големо значење, а редовните контроли спасуваат живот. Тимот на искусни гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев, Ви нуди целосна гинеколошка заштита и нега во сите фази од животот. Ние сме подготвени да го следиме и контролираме Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, и по неа. Располагаме со комплетна амбулaнтна и болничка услуга во вид на гинеколошки прегледи, тестови и следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија. Нашата врвна грижа вклучува индивидуални програми и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни тераписки планови и консултации креирани за секоја од вас. Освен примена на најнови дијагностички процедури, ние како ваши гинеколози вклучуваме и советување за Вашите физички, психички, емоционални и социјални потреби кои се одвиваат во опуштена и комфорна средина. Нашата цел е една: Вашето здравје! Прегледот го изведува проф. д-р Васил Илиев.

Кардиоваскуларен преглед (ехо и екг на срце)
Овој преглед вклучува ЕХО на срце, доплер на врат (каротидни артерии), доплер на долни екстремитети и ЕКГ кое претставува електрокардиографија или скратено ЕКГ и е иницијална и рутинска дијагностичка алатка за проценка на електричната активност на срцето овозможувајќи му на лекарот сознанија за срцевиот ритам, големината и функцијата на срцевиот мускул и срцевите комори и преткомори. При тоа може да се детектира постоење на аритмија (неправилна работа на срцето), недостаточна крвоснабденост на срцето (ангина пекторис), оштетување на срцето поради инфаркт, зголемување на срцевите димензии и др. Испитувањето се изведува со поставување на 12 засебни електроди (мали пластични лепенки) на специфични места на кожата на градниот кош, рацете и нозете на пациентот додека пациентот е во легната положба. Тестирањето го изведува медицинска сестра, техничар или лекар, трае околу 1 минута, а при тоа пациентот не чувствува ништо. Прегледот го изведуваат: д-р Вилма Ампова-Соколов, д-р Тања Анѓушева, д-р Енвер Идоски, д-р Милка Клинчева,  д-р Петар Угуров, д-р Дашурие Незири, д-р Планинка Зафировска и д-р Илија Нешковски

Специјалистички ОРЛ преглед
За прецизна и навремена дијагностика на болестите од доменот на оториноларингологијата нашиот преглед опфаќа неколку дијагностички методи:

  • Отомикроскопија - преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод.
    Оваа метода е супериорна во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче.
  • Предна риноскопија - надополнета со назална ендоскопија која претставува инспекција на носот и носните простори, проценка на епифаринксот, сводот на ждрелото, приказ на третиот крајник.
  • Орофарингоскопија - преглед на усната шуплина и ждрело.
  • Ендоскопски преглед на ждрело и ларинксот, гласни жици. 

Прегледот го изведува д-р Данчо Шурков

Специјалистички педијатриски преглед

Децата на прво место,тие се украс на светот!
Секое дете заслужува најдобра медицинска заштита и грижа.

Комплетна и врвна грижа за детското здравје од страна на специјалист педијатар во нивниот сензитивен период на брз раст и развој почнувајќи од најраната возраст, раѓањето на децата па се до нивна адолесцентна возраст односно од 0 -16 годишна возраст.

  • Специјалистички педијатриски преглед на новороденчиња и доенчиња: следење на нивниот раст и развој, навремено откривање, советување и третирање на инфекции кај новороденчиња и доенчиња како и проблематика од секаков тип. Родителите добиваат и стручни совети за нега и грижа на нивните најмили како и едукација за важноста на мајчиното млеко и доењето. Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајката и правилна дохрана на новороденчето и доенчето.
  • Специјалистички педијатриски преглед на здраво и болно дете од предучилишна и училишна возраст до 16 год. со различна патологија и проблем.
  • Спроведување на систематски прегледи.Целта на систематските прегледи е следење на телесниот раст и развој, рано откривање на болести или отстапувања во психомоторниот развој.
  • Дијагноза и третман на горни и долни респираторни инфекции.
  • Дијагноза на типот на алергија со алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени.
  • Навремена дијагноза и третман на гастроинтестинални симптоми и болести вклучувајќи акутна и повторувачка абдоминална болка,гадење и повраќање,дијареја,опстипација.
  • Рана дијагноза и третман на уринарни инфекции кај деца.
  • Дијагноза на анемии и нивни третман.

Прегледот го изведува д-р Станислава Анѓелеска

Психијатриски преглед

Психијатрискиот преглед се остварува со цел утврдување на психичката состојба, која може да биде резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување. 

Овој преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и / или психофармаколошки пристап во третман и рехабилитација на:

  • состојби на психички раст и развој
  • состојби на стрес и трауми
  • анксиозно депресивни растројства
  • депресија
  • психосоматски растројства
  • афективни растројства
  • психотични растројства
  • болести на зависност
  • психички растројства во старечка доба
  • когнитивни нарушувања кај одредени форми на деменција
  • психички растројства кај лица со ментална ретардација

Прегледот се остварува во атмосфера на доверба преку индивидуална средба со клиентот, и трае 45 минути. Во зависност од потребата, во наредна сесија може да се вклучат партнерот или родителскиот пар.

Преку овој преглед се прави проценка на животот, партнерските врски и врските со околината, потоа на начинот на размислување и личните чувства, што води кон подобро себе разбирање и разбирање на околината. Истото е со цел да се намалат личните фрустрации кои се доживуваат при одредени активности, и на многу покомпетентен начин да се усвојат методи кои ќе помогнат за адекватно управување со емоциите и водење многу позадоволителен живот. Прегледот го реализира д-р Марија Костадиновска - психијатар 

Флеболошки преглед
Овој преглед е наменет за дијагностицирање на заболувањата на венскиот систем и вклучува доплер ултразвук на длабоки и површни вени. Како метода е потполно неинвазивна бидејќи се изведува со помош на сонда со која лекарот лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени. Прегледот го изведува: д-р Елена Амбаркова-Виларова.

Ехо на тироидеа
Тироидната жлезда има важна улога во организмот на човекот. Таа е една од најголемите ендокрини жлезди во телото и учествува во регулирањето на метаболизмот. Ехо на тироидна жлезда има за цел да ги утврди поставеноста, морфологијата и присуство на промени кај оваа жлезда т.е да дијагностицира правилно/неправилно фукционирање на истата. Врз основа на испитаните параметри следи соодветната терапија и третман. Прегледот го изведуваат: д-р Јасмина Зафировска и д-р Џулијана Михајловска.

Ендокринолошки преглед
Овој преглед е наменет специјално за дијагностицирање и лекување на нарушувања на ендокриниот систем, кој вклучува жлезди и органи кои создаваат хормони. Овие нарушувања можат да предизвикаат дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и хипофизата. Прегледот го изведува д-р Јасмина Зафировска и д-р Џулијана Михајловска.

Колоноскопија со анестезија 
Ова е ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево. Се извршува под анестезија, а со цел дијагностицирање на болести на дебелото црево. Прегледот го изведува: д-р Ѓорѓи Дерибан и д-р Христијан Писевски.

Гастроскопија со анестезија 
Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. Гастроскопијата е процедура при која со помош на гастроскоп (тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) лекарот може да погледне во внатрешноста на овие органи. Гастроскопијата се изведува со анестезија и има за цел да утврди болести на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски и д-р Ѓорги Дерибан

ЦТ глава и врат со каротиди
Компјутерска ангиографија преставува дијагностичка метода за откривање на промените на крвните садови и состојбата на ткивата и органите кои се обезбедени од соодветниот крвен сад. Во процесот на снимање се додава интравенски контраст кој ги исполнува крвните садови и на таков начин, освен приказ на состојбата на крвните садови и ткивата, се добива вистинска слика и за анатомскиот сооднос со останатите структури.

РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација - приказ на крвните садови. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 - 10 минути, самото снимање 5 - 8 секунди.

Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

ЦТ долни екстремитети (периферија)
Ова е неинвазивна метода за преглед на крвните садови исполнети со контрастно средство и приказ на проток во истите. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови на крвните садови на екстремитетите. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, а само снимањето трае 23 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска д-р Магдалена Поповска-Цветковска, д-р Мимоза Толевска и д-р Елена Пижула.

ЦТ Виртуелна колоноскопија
Виртуелната колоноскопија е специјален преглед на дебелото црево кој се прави со помош на компјутеризирана томографија (КТ) со мала доза зрачење.
Тоа е помалку инвазивна процедура од конвенционалната колоноскопија. За време на виртуелната колоноскопија, радиологот прави КТ скен на абдоменот и карлицата со цел да добие 3Д слики. Овие слики покажуваат полипи и други абнормалности во дебелото црево и ректумот кои понекогаш може да се претворат во рак на дебелото црево.
Постапката за виртуелна колоноскопија може да биде корисна за пациенти кои земаат лекови за разредување на крвта или кои можеби не се кандидати за конвенционална колоноскопија.
Виртуелната колоноскопија трае само 10 до 15 минути и не бара употреба на анестезија.

Позитивни страни:

  • Помала инвазивност. Лекарот ќе вметне цевка во вашиот ректум и дебелото црево. Но, таа ќе биде пократка од онаа што се користи за класична колоноскопија.
  • Помалку компликации. Нема да треба да се грижите за крварење или кинење на дебелото црево.
  • Посеопфатно испитување. Лекарот има можност да ја види областа и надвор од дебелото црево. Ова овозможува да се забележат други проблеми во пределот на карлицата.

МР нативна серија
Магнетната резонанца е напредна дијагностичка метода која овозможува откривање и прецизен приказ на сите промени на внатрешните органи кои се невидливи со други дијагностички апаратури. МР може да се користи за снимање на различни делови од телото како глава или бели дробови, при што пациентите добиваат брза и прецизна дијагноза. Процесот на снимање за пациентот е удобен и се изведува во релаксирачки амбиент. Овој апарат е безбеден за деца и бремени жени бидејќи не употребува зрачење ниту контрасно средство. Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

Магнет на срце
Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода без зрачење која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа метода се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт. Дава прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост како и други промени на срцевиот мускул и неговата обвивка. МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe). Прегледот го изведуваат: д-р Милка Клинчева, д-р Планинка Зафировска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.

Магнет на цел р'бет
Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностичка метода која дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб. 

Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на дискусите, дискус хернија, спинални стенози, ишијас, кифози, сколиози, тумори и инфекции на `рбетот. Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

Магнет на матка со контраст
Магнетна резонанција (МРИ) е медицински отсликувачки метод кој се користи во радиологијатa за да се добие визуализација на детална слика на внатрешните органи и ткива, во мала карлица, како кај мажи така и кај жени. За разлика од другите медицински отсликувачки методи при снимање со МР нема зрачење. 

Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

Магнет на дојки
Магнетна резонанца на дојки претставува неинвазивна дијагностичка метода која главно се користи како скрининг метода кај жени со висок ризик за карцином на дојка. 

Неопходно е прегледот да се направи од 5-12 ден од почеток на менструалниот циклус.

Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Мимоза Толевска и д-р Магдалена Поповска-Цветковска

Остеодензитометрија Дексаскен

Остеодензитометријата претставува метода со која ја мериме минералната коскена густина односно квантитетот на коските. Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно.

Снимањето го правиме на апарат Hologic, последна генерација кој има инсталирано софтвер за FRAX score и TBS.

Посебна припрема за остеодензитометрија не е потребна. Во текот на снимањето пациентот лежи на грб, прво со нозете свиткани во колена под прав агол, со правилно позиционирање од страна на технологот. Понатаму исто со лежење на грб со лесна ротација во зглобот на колкот кон внатре, со фиксација на двете стапала, се снима колкот.

На денот на прегледот не се земаат калциум суплементи. Пред правењето остеодензитометрија пациентот да нема правено испитувања со контрастно средство! 

Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

Невролошки преглед
Комплетен специјалистички невролошки преглед за болести на пореметена мозочна циркулација-мозочен удар, како и аномалии во крвните садови на главата и вратот: главоболки, вртоглавици, мигрена и други болни синдроми, епилепсии, мултипна склероза, болести на мускулите, рбетниот мозок, тумори на мозокот, Паркинсонова болест итн.Прегледот го изведува: д-р Емилија Горгијева.

Ортопедски преглед 
Ортопедскиот преглед за возрасни е наменет за сите кои имаат проблеми со мускулно-скелетниот систем. Истиот се спроведува со користење на најсовремени дијагностички процедури. Прегледот вклучува опсервација на самото држење на телото, видливи промени како и контрола на активни и пасивни движења. Со помош на ултразвук се извршува и комплетна евалуација на можни оштетувања на делови од локомоторниот систем. По извршениот преглед добивате дијагноза со препораки за понатамошни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Константин Митев, д-р Славчо Стојменски и д-р Сашо Младеновски.

2Д Мамографија
2Д мамографијата е радиолошка дијагностичка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40%. Благодарение на дигитализација на сликата таа овозможува подобра визуелизација на микрокалцификати и архитектонската дисторзија на дојката. Сето ова е голема предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум, со што се зголемуваат шансите за комплетно излекување. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

3Д Мамографија
Претставува радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење од околу 30-40%.  Со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација, што претставува огромна предност при откривање на патолошки промени. Тоа значи и навремено дијагностицирање на ракот на дојка, кој доколку се открие навреме е излечлив. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска

Уролошки преглед 
Уролошкиот преглед е многу едноставен, безболен преглед, при што урологот најпрво преку разговор утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација (допир) ги прегледува надворешните генитални органи, како и простата. Веднаш потоа прави ехотомографски преглед, со што се откриваат најголем број од уролошките заболувања. Прегледот го изведува: д-р Горан Јовиќ.

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.