Започнете со здрав начин на живот! До 52% попуст на нутриционистички план за исхрана + едукација за комбинирање на оброците од NutriVI

Цена од

1100 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2300 ден.

Попуст

52%

Заштеда

1200 ден.

Купени: 1

Добивате

Програма со нутриционистички план за исхрана + анализа за телесен состав + едукација за комбинирање на оброците, по избор:

Опции на понудата:

Пакет 1 - Анализа на телесен состав + консултација со нутриционист 2,300 ден. 1,100 ден.
Пакет 2 - Анализа на телесен состав пред и после планот на исхрана + персонализиран план на исхрана од нутриционист 5,300 ден. 2,900 ден.

Повеќе за пакетите прочитајте во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.07.2021 до 31.10.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Изработката на нутриционистички план се одвива online
  • Консултациите и режимот на исхрана ги води нутриционист Викторија Илиоска 
  • По купување на купонот потребно е да ги испратите вашите податоци и купон кодот и пин кодот на маил: nutriviclub@gmail.com
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

1. ПАКЕТ 1

  • Анализа  на вашиот телесен состав ПРЕД планот на исхрана, преку професионален анализатор - %масно ткиво, %мускулна маса (вкупно и сегментално), %вода, коскена маса, базален метаболизам, метаболна возраст
  • Консултација и темелно објаснување на значењето на сите параметри од мерењето, посочување на вашите силни страни и вашите ризици поврзани со вашиот телесен состав, совети за подобрување или задржување на вашите параметри во иднина.
  • Консултативни препораки за начин на исхрана поврзано со постигнување на вашата цел
  • PDF документ на ваш email, со сите ваши измерени параметри преку детален и сликовит приказ (слика во прилог)
  • Станувате наш доживотен пријател и член и добивате попусти за идни едукациски настани или пакети

2.  ПАКЕТ 2

  • Анализа 1 на вашиот телесен состав ПРЕД планот на исхрана, преку професионален анализатор - %масно ткиво, %мускулна маса (вкупно и сегментално), %вода, коскена маса, базален метаболизам, метаболна возраст
  • PDF документ на ваш email, со сите ваши измерени параметри преку детален и сликовит приказ (слика во прилог)
  • Персонализиран план на исхрана креиран според вашата цел, прилагоден врз вашиот начин на живот, со таргет на регулација/достигнување на замислените телесни параметри.
  • Анализа 2 на вашиот телесен состав ПОСЛЕ планот на исхрана, со цел следственост на промените кои настанале врз вашите телесни параметри како резултат на планот на исхрана и објаснување на резултатите од дипломиран Нутриционист
  • Континуирана консултација во врска со планот на исхрана со дипломиран нутриционист во текот на еден месец помеѓу двете мерења
  • Станувате наш доживотен пријател и член и добивате попусти за идни едукациски настани или пакети.

Само преку трајно менување на навиките може да направите промена на вашиот животен стил.
Преку персонализираниот план на исхрана кој ќе го добиете, вие нема да чувствувате дека сте на некаква диета или под некаков режим кој ви создава притисок и брзо откажување. Добивате план кој истовремено е кујнски водич со вкусни и практични рецепти, насочник за организација на вашето време, едукација за комбинирање на оброците и концепт за долгорочна промена на стилот на живот и начинот на размислување. Добивате волја, енергија, мотивација и чувство дека правите нешто многу корисно за себе.
Оваа програма не е фиксна, туку се прилагодува на вашата потреба:

  • Намалување / зголемување на телесната тежина
  • Достигнување на одредени спортски / атлетски цели 
  • Регулација на одредена здравствена состојба
  • Насоки и мотивација за балансиран и здрав начин на живот

***Преку анализата на вашиот телесен состав добивате темелен увид на состојбата во вашето тело и притоа имате можност преку вашите активности (исхрана/спорт) да знаете на што точно да се фокусирате, дали напорот ви се исплаќа и дали напредувате. 

Зошто да направите анализа на вашиот телесен состав?

  • Доколку сте професионални или рекреативни спортисти – фитнес, боди-билдинг, пилатес, трчање, mtb, road bike, бокс ... преку анализата на телесниот состав добивате личен водич на вашата физичка спремност и преку тоа можете многу полесно да манипулирате со тренингот и да го планирате вашиот напредок. Параметрите меѓу кои процентот на масно ткиво, мускулна маса, коскена маса, протеини, вода, базален метаболизам, се од исклучителна важност за дефинирање и спознавање на причината и резултатите од вашиот тренинг и напредок. Сегменталниот увид на % на масно ткиво и мускулна маса на лева и десна рака/нога и посебно на торзо, може да ви даде насоки за тоа на што да посветите внимание, кој дел треба да се тренира и вежба повеќе за да се постигне баланс и воедно да се спречи повреда при тренинг или припреми.

  • Доколку сте под некаков медицински третман или едноставно сакате да ја знаете својата здравствена состојба, имате можност за увид и опис на општата здравствена слика во вашите клетки – дали сте доволно хидрирани, дали имате здрави клетки и колку брзо ви стареат и ви се уништуваат клетките, каков е вашиот нутритивен статус на клетката и дали имате прекумерна или можеби недоволна количина на масно ткиво, коскена маса и протеини во телото. 

  • Доколку сакате да слабеете или да покачете телесна тежина, анализата на телесен состав е најдобриот показател и следственост на вашиот успех. Дознајте ги вашите параметри пред и после воведување на планот на исхрана, имајте увид колку напредувате, до каде да одите и стекнете мотивација за уште подобри резултати!

За компанијата

Центарот за Нутриционистички услуги nutriVI club нуди исклучиво темелен пристап кон секој клиент се додека не се достигне целта. Нашата визија е симбиозата помеѓу различните дејности која создава комплементарен и интегриран пристап кон секој клиент. Затоа пристапуваме од сите потребни насоки, соработуваме со професионалци секој во својата дејност и создаваме цврсти пријателства со нашите клиенти кои станува долгорочни членови nutriVI тимот.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.