Научете нови вештини! Основна обука за медијатори - 70 часа според акредитирана програма во Хотел Тимс (05.10 - 19.10.2019) + сертификат од Центар за Посредување и Консалтинг по специјална цена од 30 000 ден.

Добивате

Целосна основна обука за медијатори (70 часа):

  • Дати: 05, 06, 11, 12, 13 и 19 октомври
  • Локација: Конференциската сала на Хотел Тимс во Скопје, ул. Орце Николов бр.120 (веднаш до Министерството за одбрана)
  • Секој учесник по завршување на обуката ќе добие сертификат за завршена основна обука, што претставува предуслов за полагање испит за медијатори и стекнување со лиценца за извршување на медијаторски работи
  • Однапред утврден распоред на часови за изведување на теоретската и практична настава времетраење од 70 часа согласно член 47 став 1 т.б од Законот за медијација.

*Пријавувањето трае најдоцна до 23.09.2019

Услови

  • Купонот може да се искористи од 02.09.2019 до 23.09.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Заинтересираните кандидати своето учество за обуката можат да го пријават најдоцна до 23.09.2019 на е-маил centar@yahoo.com со доставување на пополнетиот Пријавен лист кој можете да го најдете ТУКА
  • За дополнителни информации во врска со обуката можете да се обратите на следните телефони: 070234273 и 075216001
  • Почеток на обуката 05.10.2019

Опис

Се известуваат сите заинтересирани кандидати за проследување на основна обука за медијатори дека Друштвото за интелектуални услуги ЦЕНТАР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје ќе спроведе основна обука за медијатори, според акредитирана програма за основна обука на медијатори, издадена од Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата.
Обуката ќе се одржи во Скопје во периодот од 05-19 октомври 2019 година (конкретно на датумите 05,06,11,12,13 и 19 октомври 2019 год).
Основната обука за медијатори ќе биде реализирана според акредитирана програма за овој вид на обуки што е предуслов за полагање на испитот за медијатори за стекнување на лиценца за вршење медијаторски работи.

ЦЕНТАРОТ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ И КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, предавањата на основната обука на медијатори ќе ги реализира во конференциската сала на хотел Тимс од Скопје, со адреса на ул. Орце Николов бр.120 (веднаш до Министерството за одбрана), по однапред утврден распоред на часови за изведување на теоретската и практична настава. Предавањата се поделени во теоретска и практична настава во времетраење од 70 часа согласно член 47 став 1 т.б од Законот за медијација.

Со измените во Законот за парнична постапка од јули 2015 година се воведе задолжителен обид за решавање на стопанските спорови кои се однесуваат на парични побарувања до 1.000.000 денари за кои е пропишано да се решаваат со поднесување на тужба пред надлежен суд. Оттука, освен поради промените во Законот за парнична постапка каде државата на тој начин дава поддршка и сака да ги растерети судовите а со тоа и да ги намали трошоците на компаниите во решавање на нивните спорови, медијацијата и поради карактеристиките кои ги има како брза, ефикасна и економична постапка, станува поатрактивна алатка за решавање на стопанските спорови и се проширува дијапазонот на работа на заинтересираните учесници во економијата кои сакаат преку полагање на испитот и исполнување на одредени критериуми пропишани во Законот за медијација и во Условите од Одборот, да вршат медијаторски работи. Медијацијата е се позастапена не само кај стопанските спорови кај кои постои законскиот задолжителен обид погоре наведен, туку од година во година е зголемен бројот на заинтересираните и правни и физички лица, своите спорови, кои се медијабилни, да ги решаваат по пат и со поддршка на овој начин на алтернативно решавање на споровите.

Со овозможување на ваква акредитирана програма за следење на основна обука за медијатори, кандидатите нема да требаат повеќе да следат обуки во странство што беше случај до неодамна. Со проследување на основната обука за медијатори кандидатите се стекнуваат со право, исполнувајќи и други критериуми наведени во Законот за медијација), да го полагаат испитот за медијатори и да се стекнат со лиценца за медијатори во РМ.

Обуката која ја организира Центарот за посредување и консалтиг Скопје, ќе биде спроведена од лиценцираните обучувачи на медијатори д-р Јелисавета Георгиева Јовевска од Скопје и м-р Милена Тадировиќ од Белград. Предавачите, обучувачи, се експерти во полето на медијација.

Д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори која во последните 3 години има направено повеќе од 30 предавања-обуки на темата за медијација посебно пред стопанственици и други заинтересирани учесници, опфаќајки бројка од над 700 учесници на предавањата. Георгиева Јовевска има искуство во решавање на спорови со медијација и потпишано повеќе спогодби за медијација. Д-р Георгиева Јовевска е управител на Центарот за посредување и консалтинг од Скопје а воедно е и потпретседател на Стопанската комора на Македонија. Автор е на повеќе изданија и од областа на алтернативното решавање на споровите со наслови: Моќта на арбитражата за алтернативно решавање на стопанските спорови; Медијација (промоција-афирмација-успех); Медијација како алтернативно решавање на стопанскте спорови.
М-р Милена Тадировиќ од Белград, со стекната лиценца за обучувач на медијатори и во нашата држава, според условите пропишани според нашиот Закон за медијација, е експерт по медијација со специјалистички постдипломски студии од областа на медијацијата има искуство од 13 години во медијација, автор е на 9 модули и обуки од областа на медијацијата, државен медијатор, консултант на Светска банка во областа медијацијата и стечајни постапки, автор и коавтор на многу прирачници од областа на медијацијата. Таа е директор на Центарот за конструктивно решавање на спорови од Белград, Република Србија, помошник на директор во поранешен Републички Центар за медијација, Република Србија, со акредитирани многу програми од Министерство за правда на Република Србија и Министерството за образование за подрачјето на медијацијата, над 13 години предавач на основна обука за медијатори и повеќе специјализирани обуки за медијатори со одржани над 100 обуки и опфатени над 1700 учесници меѓу кои и сегашни медијатори од Република Македонија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.