58% попуст на оптометриски преглед - компјутерско одредување на диоптрија во Оптика Bella Vista во вредност од 600 ден. по цена од 250 ден.

Вредност

600 ден.

Попуст

58%

Заштеда

350 ден.

Купени: 97

  • ГТЦ 1 Кат секција - 2

    Одведи ме таму

    02 3111 721; 02 3088 188

    contact@bellavista.mk

  • Бул. Партизански Одреди бр.5

    Одведи ме таму

    02 3111 721; 02 3088 188

    contact@bellavista.mk

Добивате

Оптометриски преглед - компјутерско одредување на диоптрија

*Прегледите важат за лица над 18 години

Услови

  • Купонот може да се искористи од 21.12.2018 до 10.02.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е предходна резервација
  • Прегледот можете да го закажете и онлајн ТУКА

Опис

За нас

Позната модна дизајнерка Вивиен Вествуд еднаш изјавила: “Јас не можам да мислам без моите очила”... 
Оптика “Bella Vista” повеќе од 3 децении се грижи Вие да можете да “мислите” и да имате вистински поглед на светот околу Вас. 35 години успешно работиме во Македонија, во областа на оптиката и оптометријата.
Нашите почетоци датираат од 1991-ва година, со нашиот прв продажен објект во Охрид, со кој се позициониравме меѓу првите приватни оптики во Македонија кои се занимаваат со изработка, продажба и сервис на очни корективни помагала, како и очила за сонце.
Во текот на овие три децении макотрпна работа и искрена посветеност на нашите клиенти, станавме лидер во продажба и дистрибуција на оптички рамки на територијата на Р.Македонија.
Горди сме на податокот дека 35 години ја развиваме нашата успешна приказна, за што сведочи искуството и професионалноста на нашиот стручен тим, но и многуте задоволни клиенти, како од Македонија, така и од соседните држави.

Нашата стручност и професионалност

Оптиката е доста специфична област и не треба да се сфати како класична трговија. Таа бара соодветна стручност, искуство, посветеност, следење на последните технолошки достигнувања во областа на оптиката и оптометријата, но и следење на модните трендови.
Опремата која ја поседуваме за изработка и сечење на оптичките леќи е од реномираната фирма “Esilor”, која ги користи највисоките технолошки достигнувања кои можат да одговорат на желбите и потребите на секој наш клиент.
Воедно, освен изработка и продажба, специјализирани сме и во делот на одржување и сервис на оптичките помагала, за што поседуваме доволен број на резервни делови.
Препознатливи сме и по тоа дека на одредени артикли даваме и до 2 години гаранција.
Нашата компанија располага со сите сертификати и дозволи кои се потребни за вршење на оваа дејност.

Каде се наоѓаме?

Оптика “Bella Vista” располага со 4 продажни салони, од кои 1 во Охрид и 3 во Скопје. Тие се целосно опремени со техника од светски познатиот бренд “Esilor” (ленсметар), како и целосно автоматизирана машина за обработка на оптички леќи по светски стандарди.
Нашите продажни центри се максимално снабдени со оптички рамки, разделени на сегменти т.е. категории (за деца, тинејџери, возрасни...), како и ценовно сегментирани, корективни леќи, очила за сонце, контактни леќи, но и секаков вид на резервни делови, козметика и додатоци. 
Покрај нашите малопродажни салони поседуваме и магацин(веледрогерија), кој опслужува повеќе од 40 оптики во Македонија со оптички рамки и очила за сонце, како и козметика и сервисен материјал за истите.

Нашите брендови

Оптика “Bella Vista” соработува со огромен број на странски компании за производство на оптички помагала, очила за сонце итн. 80% од нашите артикли се директно увезени и сме генерални застапници и дистрибутери за повеќе фабрики од Р. Италија меѓу кои би ги издвоиле:
-Visard Италија, брендовите: Exess Eyewear,No Logo eyewear
Отсега нашите производи мoже да ги купите и на нашата интернет продавница www.bellavista.mk, каде што можете и да закажете бесплатен преглед во некоја од нашите оптики. 
Со ова нашата компанија се стреми да стане лидер во регионот во понудата и дистрибуцијата на 100% италијански, висококвалитетни рамки и очила за сонце со прилично прифатливи цени, кои веќе се едни од најбараните на македонскиот пазар. 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.