Остани здрав! 30% попуст на ХПВ типизација со Real-time PCR во Genea Lab во вредност од 3600 ден. по цена од 2520 ден.

Цена

2520 ден.

Вредност

3600 ден.

Попуст

30%

Заштеда

1080 ден.

Преостанато време

Купени: 2

  • Ул. Наум Наумовски Борче бр.29/1-1, Скопје

    Одведи ме таму

    (02) 3220505; 078262220

    info@genea.mk

Добивате

HPV типизација со Real-time PCR: 

  • 18 високо ризични типови (31,35, 16, 52, 33, 68, 45, 82, 51, 18, 39, 58, 66, 26, 53, 59, 56, 73)
  • 3 нискоризични типови (6,11, 44)

* Потребно е брисот од гинеколог да го понесете во лабораторија и потоа се врши испитување дали има присуство и генотипизација на HPV

Резултатот се добива за 24 - 48 часа

Услови

  • Купонот може да се искористи од 18.05.2021 до 31.10.2021
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжително е претходно закажување на термин
  • Потребно е брисот од гинеколог да го понесете во лабораторија и потоа се врши испитување дали има присуство и генотипизација на HPV
  • Резултатот се добива за 24 - 48 часа
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот временски рок, средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Најзначаен етиолошки фактор за развивање на ракот на грлото на матката е инфекција од човечки папиломавирус (ХПВ – Human Papilloma Virus). Светските протоколи за превенција на развој на рак на грлото на матката, веќе ја користат ХПВ типизацијата како метода од избор наспроти класичната цервикална размаска (ПАП-тест).  Хуман папилома вирус (ХПВ) е група од повеќе од 150 поврзани вируси. Некои типови на ХПВ се сметаат за високо ризични затоа што можат да предизвикаат рак или пак да да предизвикаат брадавици на гениталиите (исто така наречени кондиломи). ХПВ инфекцијата на гениталиите е една од најчестите сексуално преносливи болести. 

Молекуларното тестирање на ХПВ вирусот (ХПВ типизација) во ПЗУ ГЕНЕА ЛАБОРАТОРИЈА го одредува не само присуството и типот на ХПВ вирусот со real-time PCR метода, туку и виралното оптеретување со вирусот.  Резултатот се добива за 24 - 48 часа и потребно е да се донесе брис од гинеколог за ХПВ типизација.  Се испитуваат 21 тип на ХПВ и тоа 18 високо ризични типови: 31,35, 16, 52, 33, 68, 45, 82, 51, 18, 39, 58, 66, 26, 53, 59, 56, 73 и 3 нискоризични типови: 6,11, 44).

За компанијата

Ние сме лабораторија која претставува линк меѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Обезбедувајќи лабораториски тестови, здравствени услуги и интерпретација на резултати за пациентите и докторите, се стремиме кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развивавме со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна. Се прилагодуваме на индустријата што се развива и постојано инвестираме во ресурси, што ќе му користат на целокупниот здравствен систем. Фокусирани сме на потребите на утрешниот ден – оној што го градат специјалистите по медицинска биохемија, за лекарите и за пациентите.

Genea Lab e дијагностичка лабораторија која што изработува хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи.
Дијагностичката биохемиска лабораторија водена од специјалист по медицинска биохемија изработува голем број на хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи во кои спаѓаат крвна слика, електролитен статус, метаболизам на железо, хормони, тумор маркери и уште многу други. Во истата се спроведува надворешна контрола на резултатите, како дел од програмата PREVECAL. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.

Молекуларна лабораторија: со real-time PCR метода
Молекуларната лабораторија е опремена со најсовремената опрема за изработка на генетски, вирусни и бактериски анализи со real-time PCR метода. На молекуларно ниво може да се одреди присуство/отсуство на одреден патоген, како и мутации во одредени гени.

Genea Lab е исто така застапник на светски позната германска генетска лабораторија CENTOGENE во која се изработуваат генетски тестови. Тука се трансформираат клиничките и генетските податоци во медицински решенија за пациентите и фармацевтските партнери.

Во лабораторијата се тестираат повеќе категории на болести:

  • Кардиоваскуларни
  • Ендокринологија
  • Метаболни нарушувања
  • Офталмологија
  • Дерматологија
  • Хематологија
  • Нефрологија
  • Коскени нарушувања
  • Дисморфологија
  • Хепатологија
  • Неврологија
  • Пнеумологија
  • Уво, нос и грло
  • Имунологија
  • Онкологија
  • Репродуктивни
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.