Остани Здрав! Сѐ за вашето здравје во Клиничка болница Жан Митрев​! До 50% попуст на специјалистички преглед по избор

Цена од

1390 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2000 ден.

Попуст

31%

Заштеда

610 ден.

Преостанато време

Купени: 887

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 3091 484 ; 02 3091 500

    infosalter@zmc.mk

Добивате

Опции на понудата:

Магнет на срце 30,500 ден. 18,900 ден.
Магнет на рбет 26,000 ден. 14,900 ден.
Магнет на матка со контраст 18,000 ден. 9,900 ден.
Магнет на дојки 22,000 ден. 15,400 ден.
КТ долни екстремитети (периферија) 16,000 ден. 9,900 ден.
КТ глава и врат со каротиди (МСКТ) 16,000 ден. 9,900 ден.
Полисомнографски тест за слип апнеа 4,000 ден. 2,600 ден.
Специјалистички педијатриски преглед 2,500 ден. 1,290 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед 3,000 ден. 1,590 ден.
Пулмолошки преглед 3,000 ден. 1,490 ден.
Гинеколошки преглед 3,000 ден. 1,490 ден.
Ехо на дојкa 3,000 ден. 1,490 ден.
Остеодензитометрија (DEXA SCAN) 3,500 ден. 1,990 ден.
Дерматолошки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Ортопедски преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Флеболошки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Абдоминален хируршки преглед 3,000 ден. 1,690 ден.
Гастроскопија со анестезија 16,000 ден. 9,900 ден.
Колоноскопија со анестезија 16,000 ден. 9,900 ден.
Функционална магнетна стимулација 2,000 ден. 1,390 ден.
2Д мамографија 4,000 ден. 1,990 ден.
3Д мамографија 12,000 ден. 6,900 ден.
Ехо на тироидеа 3,000 ден. 1,590 ден.
Пакет тироидни хормони FT4 и TSH 1,800 ден. 1,290 ден.
Интернистички ендокринолошки преглед 3,000 ден. 1,590 ден.
МР нативна серија 14,400 ден. 10,080 ден.

* Детален опис за прегледите може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 26.05.2021 до 30.09.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на преглед пред купување на купонот
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок, средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Магнет на срце

Магнетна резонанца (МР) на срце е неинвазивна дијагностичка метода која користи магнетно поле и радиофрекфентни бранови за да создаде детална слика на срцето, крвните садови и околните органи. Оваа метода се користи за да се провери дали има оштетување на ткивото од миокарден инфаркт. Дава прецизна проценка на срцева слабост, потенцијални причини за срцевата слабост како и други промени на срцевиот мускул и неговата обвивка. МР на срце е безбедна и безболна дијагностичка процедура. Луѓе со било какви уреди со метали во и на телото не би требало да се снимаат без потврда дека уредот е безбеден за МР тестирање (MRI safe). Прегледот го изведуваат: д-р Милка Клинчева, д-р Планинка Зафировска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.

Магнет на ’рбет

Магнетната резонанца е најсовремената дијагностичка метода која дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб. Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на дискусите, дискус хернија, спинални стенози, ишијас, кифози, сколиози, тумори и инфекции на `рбетот. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Ѕвонко Атанасов и д-р Елена Пижула.

Магнет на матка со контраст

Магнетна резонанција (МРИ) е медицински отсликувачки метод кој се користи во радиологијатa за да се добие визуализација на детална слика на внатрешните органи и ткива. За разлика од другите медицински отсликувачки методи како што се компјутерската томографија (КТ) или рендгенските снимања, контрастот кој се јавува помеѓу различните телесни меки ткива. Магнетна резонанца на мала карлица со контрастен материјал помага откривање на аномалии во рана фаза на развој. Методот се докажа во областа на гинекологија, хирургија и урологија.Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула и д-р Ѕвонко Атанасов

Магнет на дојки
Магнетна резонанца на дојки претставува неинвазивна дијагностичка метода која главно се користи како скрининг метода кај жени со висок ризик за карцином на дојка.
Неопходно е прегледот да се направи од 5-12 ден од почеток на менструалниот циклус. Прегледот го изведуваат: д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска и д-р Магдалена Поповска-Цветковска

КТ глава и врат со каротиди
Компјутерска повеќеслојна томографија претставува дијагностичка метода за откривање на промените на крвните садови и состојбата на ткивата и органите кои се обезбедени од соодветниот крвен сад. Во процесот на снимање се додава интравенски контраст кој ги исполнува крвните садови и на таков начин, освен приказ на состојбата на крвните садови и ткивата, се добива вистинска слика и за анатомскиот сооднос со останатите структури.
РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, самото снимање 5-8 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска и д-р Елена Пижула

КТ долни екстремитети (периферија)

Компјутерска повеќе слојна томографија е неинвазивна метода за преглед на крвните садови исполнети со контрастно средство и приказ на проток во истите. РТГ техничар ве поставува на апаратот во потребната лежечка положба. Интравенски добивате јодно контрастно средство кое ќе овозможи визуелизација – приказ на крвните садови на крвните садови на екстремитетите. Самиот преглед со сите припреми и снимање трае околу 5 – 10 минути, а само снимањето трае 23 секунди. Прегледот го изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска и д-р Елена Пижула.

Специјалистички педијатриски преглед

Што вклучува прегледот од педијатар? Во зависнот од возраста и здравствената  состојба на детето постојат

  • прегледи на новороденчиња и доенчиња
  • прегледи на деца до 16 годишна возраст

Во  тек на првата година од животот се вршат 5-6 прегледи со цел следење на  растот, развојот на доенчето и  навреме  откривање на  отстапувања  во истиот. После првата година од животот на детето, за мало и предучилишно дете, потребно е преглед барем  еднаш  годишно. Доколку е потребно, при прегледот се назначуваат основни лабораториски тестови (на пример, на два и пет месеци - комплетна крвна слика). Целта на прегледите е рано откривање на болести или отстапувања во психомоторниот развој.

Прегледите вклучуваат:

  • утврдување и следење на физичкиот развој (мерење на телесната тежина, висината на телото и обемот на главата - основни антропометриски мерки) и проценка на менталниот развој на детето
  • откривање на фактори кои негативно  влијаат врз здравјето на детето
  • откривање на вродени и стекнати аномалии
  • мерки за решавање на откриени аномалии, третман и рехабилитација

* Прегледи, испитувања и лекување на акутно болни деца
Инфекциите на респираторниот систем како и на гастроинтерстиналниот систем се едни до најчестите во детството. Респираторните инфекти дали се од вирусна, бактериска етиологија, соодветен брз дијагностички приод и правилно лекување се од особена важност во раното детство. Рано препознавање и   соодветно лекување на алергиите овозможува спречување на бројни хронични состојби.

* Испитување и клиничко следење на деца со хронични заболувања
Атопичниот дерматит, Алергиски ринит, Астма, Хронични хипертрофични тонзили - проценка за потреба од козервативен или оперативен третман, состојбата на опструктивна слееп апнеа  кај децата – со кардиореспираторна полисомнографија.

* Советување за бројни терапевтски проблеми кај деца: полипрагмазија, интеракции со лекови, несакани ефекти и реакции на лекови

  • употреба на лекови во бременоста
  • употреба на лекови во доењето
  • фармаколошко-токсиколошки мислења

Прегледот го изведува д-р Благица Манчева

Полисомнографски тест за слип апнеа

Тестот се спроведува со помош на апаратот Polisomnograf и е безболен и неинвазивен како метода. Единствено кај нас се изведува во домашни услови при што апаратот се поставува и врши снимање во текот на ноќта со цел да се утврди дали постои прекин во дишењето или проблем кој влијае на дишењето во сон. Апнеа значи пауза во дишењето од најмалку 10 секунди. Со тек на времето, доколку не се лекува апнеата може да има сериозни последици врз здравјето. Овој тест е наменет за деца кои имаат проблем со гласно рчење при спиење, прекини на дишење при спиење, изразено немирно спиење со заземање на невообичаени положби на телото. Дијагностицирањето го изведува д-р Благица Манчева

Пулмолошки преглед

Специјалистички преглед со цел дијагностицирање и лекување на заболувањата на респираторниот систем како на пример астмата, хроничната опструктивна белодробна болест, инфективни, малигни заболувања (бронхијален карцином), заболувања на плеврата, белодробни фибрози како и други ретки заболувања.
Прегледот го изведува Проф. д-р Љиљана Симоновска, специјалист интернист, пулмофтизиолог.

Гинеколошки преглед

Одржување на здравјето на репродуктивните органи е од големо значење, а редовните контроли спасуваат живот. Тимот на искусни гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев, Ви нуди целосна гинеколошка заштита и нега во сите фази од животот. Ние сме подготвени да го следиме и контролираме Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, и по неа. Располагаме со комплетна амбулaнтна и болничка услуга во вид на гинеколошки прегледи, тестови и следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија. Нашата врвна грижа вклучува индивидуални програми и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни тераписки планови и консултации креирани за секоја од вас. Освен примена на најнови дијагностички процедури, ние како ваши гинеколози вклучуваме и советување за Ваште физички, психички, емоционални и социјални потреби кои се одвиваат во опуштена и комфорна средина. Нашата цел е една: Вашето здравје! Прегледот го изведуваат: д-р Ирена Андонова и проф. д-р Васил Илиев.

Ехо на дојкa

Навремената дијагностика спасува живот. Редовните контроли на дојка се препорачуваат еднаш годишно. Затоа овој преглед изведен од страна на стручниот тим лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика со помош на нашиот најсовремен ЕХО апарат, овозможува рана детекција на можни неправилности и навремено преземање на соодветни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Магдалена Поповска-Цветковска, д-р Мимоза Толевска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.

Остеодензитометрија (DEXA SCAN)

Остеодензитометријата е дијагностичка метода за мерење на коскена густина со која се утврдува колку се силни коските. Ова е единствениот начин за откривање на остеопороза. Покрај утврдувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза, се следат и ефектите од третман на оваа ,,тивка болест,,. Скенирањето DEXA се фокусира на две главни области - колкот и 'рбетот. Процедурата е безбедна, неинвазивна и користи  ниско ниво на рентген зраци. Целата процедура трае 10-15 минути. На денот на прегледот не се земаат калциум суплементи. Пред правењето остеодензитометрија пациентот да нема правено испитувања со контрастно средство!  Овој преглед го изведуваат: д-р Елена Пижула и д-р Мимоза Толевска

Дерматолошки преглед

Специјалистички преглед на цела кожа со цел утврдување на општиот статус и може да вклучи дерматоскопски преглед на бенки, венеролошки преглед, алерголошки преглед, преглед на коса, нокти како и индикација на терапија за акни, лузни, брчки, стрии, дамки на кожа, опаѓање на коса. Прегледот го изведува: д-р Александра Лазаревска.

Ортопедски преглед

Ортопедскиот преглед за возрасни е наменет за сите кои имаат проблеми со мускулно-скелетниот систем. Истиот се спроведува со користење на најсовремени дијагностички процедури. Прегледот вклучува опсервација на самото држење на телото, видливи промени како и контрола на активни и пасивни движења. Со помош на ултразвук се извршува и комплетна евалуација на можни оштетувања на делови од локомоторниот систем. По извршениот преглед добивате дијагноза со препораки за понатамошни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Константин Митев и д-р Сашо Младеновски.

Флеболошки преглед

Овој преглед е наменет за дијагностицирање на заболувањата на венскиот систем и вклучува доплер ултразвук на длабоки и површни вени. Како метода е потполно неинвазивна бидејќи се изведува со помош на сонда со која лекарот лесно поминува по кожата на екстремитетите следејќи го течението на венската циркулација. При тоа на екранот се визуелизираат промените на венските крвни садови, нивната функционалност како и присуство на тромби во длабоките и површните вени. Прегледот го изведува: д-р Елена Амбаркова-Виларова.

Абдоминален хируршки преглед

Доколку се судирате со болка во абдоменот, имате проблем со хемороиди или проблеми со дебелото црево, жолчката и жолчните канали, или пак се справувате со онколошки проблеми во стомачната шуплина и стомачниот ѕид, ова е прегледот кој ви е потребен. Нашиот тим искусни абдоминални хирурзи ќе ви ја постават вистинската дијагноза и ќе ви препорачаат соодветни следни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Јован Мирчевски, д-р Бошко Стравревски и д-р Мане Хаџиманчев.

Колоноскопија со анестезија

Ова е ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево. Се извршува под анестезија, а со цел дијагностицирање на болести на дебелото црево. Прегледот го изведуваат: прим. д-р Мане Хаџиманчев, д-р Бошко Стравревски, д-р Христијан Писевски, д-р Ѓорги Дерибан

Гастроскопија со анестезија

Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. Гастроскопијата е процедура при која со помош на гастроскоп (тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) лекарот може да погледне во внатрешноста на овие органи. Гастроскопијата се изведува со анестезија и има за цел да утврди болести на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски и д-р Ѓорги Дерибан

Функционалната магнетна стимулација

Неинвазивен, безболен метод коj овозможува безконтактна стимулација на површинските и длабоките мускулни структури. Оваа ново развиена електротерапија во која се користи специјално импулсно магнетно поле генерирано од ФМС уредот предизвикува длабоки мускулни контракции преку облека, без директен допир со кожата. Бидејќи не ги стимулира нервите на површината на кожата, таа е безболна и попријатна од класичната електростимулација. Истата се спроведува секој втор ден во серија од 10 до 15 третмани и може да се комбинира и со другите физиотерапевтски техники. Индикации за оваа терапија: · Импиџмент синдром и смрзнато рамо · Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија · Карпал тунел синдром · Торакална мобилизација · Заздравување на фрактури · Руптури на мускули, тетиви и лигаменти · Пателарна тендинопатија · Епикондилит · Спречување на атрофија на мускулите Подобрување на дишењето · Акутен и хроничен лумбален синдром ( лумбаго и ишијалгија) · Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси ( дискус хернија) · Акутна и хронична радикулопатија · Рехабилитација на трауматски мускул или нерв. Третман на акутна болка · Спортски повреди. Третманот го изведуваат искусни физиотерапевти.

2Д мамографија

Претставува радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење од околу 30-40%.  Со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација, што претставува огромна предност при откривање на патолошки промени. Тоа значи и навремено дијагностицирање на ракот на дојка, кој доколку се открие навреме е излечлив. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска

3Д мамографија

3Д мамографијата или томосинтеза е најнова технологија која користи поголем број проекции од повеќе агли на секоја дојка при што се добиваат 50 слики од сите делови на дојката со дебелина од 1mm. Оваа метода е безболна, удобна и брза, а е особено корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Мамоматот што го поседува Клиничка болница Жан Митрев е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска

Ехо на тироидеа

Тироидната жлезда има важна улога во организмот на човекот. Таа е една од најголемите ендокрини жлезди во телото и учествува во регулирањето на метаболизмот. Ехо на тироидна жлезда има за цел да ги утврди поставеноста, морфологијата и присуство на промени кај оваа жлезда т.е да дијагностицира правилно/неправилно фукционирање на истата. Врз основа на испитаните параметри следи соодветната терапија и третман. Прегледот го изведуваат: д-р Јасмина Зафировска и д-р Елена Пижула.

Пакет тироидни хормони FT4 и TSH

Најчести заболувања на тироидната жлезда се:

1.Хипотиреоза –намалена функција на штитната жлезда, која се манифестира со намалена концентрација на FT4 хормон, a зголемена концентрација на TSH хормон во крвта. Се карактеризира со симптоми на замор, поспаност, намалена концентрација, намален апетит, зголемена телесна тежина, бледа и сува кожа,чувство на отеченост.

2.Хипертиреоза-зголемена функција на штитната жлезда која се манифестира со зголемена концентрација на FT4 хормон, a намалена концентрација на TSH хормон во крвта.
Се карактеризира со симптоми на немир, растроеност, несоница, тресење на рацете, губење на телесната тежина, опаѓање на косата. При појава на некои од овие симптоми потребно е да се направи лабораториска анализа за FT4 и TSH хормоните, бидејќи ненавременото откривање и нетретирање на заболувањата на тироидната жлезда доведува до сериозни последици на организмот.

Специјалистички ОРЛ преглед

За прецизна и навремена дијагностика на болестите од доменот на оториноларингологијата нашиот преглед опфаќа неколку дијагностички методи.

Отомикроскопија е преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод. Оваа метода е супериорна во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче.

Предна риноскопија, надополнета со назална ендоскопија - инспекција на носот и  носните простори, проценка на епифаринкс (сводот на ждрелото), приказ на третиот крајник, Орофарингоскопија – преглед на усната шуплина и ждрело. Ендоскопски преглед на ждрело и ларинксот , гласни жици. Прегледот го изведува Прим.д-р Борислав Гогушевски

Интернистички ендокринолошки преглед

Овој преглед е наменет специјално за дијагностицирање и лекување на нарушувања на ендокриниот систем, кој вклучува жлезди и органи кои создаваат хормони. Овие нарушувања можат да предизвикаат дијабетес, проблеми со тироидната жлезда, надбубрежните жлезди и хипофизата. Прегледот го изведува д-р Јасмина Зафировска.

МР нативна серија

Магнетната резонанца е напредна дијагностичка метода која овозможува откривање и прецизен приказ на сите промени на внатрешните органи кои се невидливи со други дијагностички апаратури. МР може да се користи за снимање на различни делови од телото како глава или бели дробови, при што пациентите добиваат брза и прецизна дијагноза. Процесот на снимање за пациентот е удобен и се изведува во релаксирачки амбиент. Овој апарат е безбеден за деца и бремени жени бидејќи не употребува зрачење ниту контрасно средство. Прегледите ги изведуваат: д-р Ѕвонко Атанасов, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Елена Пижула, д-р Магдалена Поповска-Цветковска и д-р Мимоза Толевска.

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

spirovaantoaneta

Plakas kao za pregled, a dobivash proforma usluga (od koja samo Klinikata profitira). Klasichen lopovluk!

Член на Grouper од: 15-04-2011

anastasija

Здраво, Ви благодариме за коментарот. Клиничката болница Жан Митрев е наш долгогодишен соработник и до сега не сме добиле ваква забелешка од нашите корисници. Зделките од оваа компанија се едни од најбараните од категоријата Здравје и секогаш сме имале позитивни коментари и голем број продадени купони, до сега само оваа понуда има продадено над 500 купони. Клиничката болница е една од најдобро опремените во Македонија и до сега имаме добиено многу пофалби за услугата. Редовно ги читаме пораките од нашите корисници и на големо барање од нив поради квалитетот на прегледите се трудиме да ја обновуваме соработката со оваа клиника која навистина е значителен претставник во медицината. Вие како наш корисник сте ни приоритет затоа би ни значело доколку ни пишете дали користевте некои од прегледите со купен Grouper купон и подетално да го споделите вашиот фидбек кај нас на support@grouper.mk.

Член на Grouper од: 15-01-2020
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.