Остани здрав! 50% попуст на испитување на Витамин Д, крвна слика и електролитен статус (железо и калциум) во Genea Lab во вредност од 1970 ден. по цена од 990 ден.

Цена

990 ден.

Вредност

1970 ден.

Попуст

50%

Заштеда

980 ден.

Преостанато време

Купени: 19

  • Ул. Наум Наумовски Борче бр.29/1-1, Скопје

    Одведи ме таму

    (02) 3220505; 078262220

    info@genea.mk

Добивате

Испитување на Витамин Д, крвна слика и електролитен статус (железо и калциум)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 18.05.2021 до 30.09.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок, средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Витамин Д е витамин кој се раствора во масти и се внесува во организмот преку храната и преку додатоците на исхраната, но се произведува и под дејство на сончевите зраци кои директно удираат на кожата. Главната улога на витамин Д е да помогне во регулирање на нивото на калциум, фосфор и (во помала мера) магнезиум во крвта. Витаминот Д е од витално значење за растот и здравјето на коските; без него, коските ќе бидат меки, што може да доведе до болести наречени рахитис кај деца и остеомалација кај возрасни. Последните студии укажуваат на поврзаност меѓу ниските нивоа на витамин Д и зголемениот ризик од дијабетес, кардиоваскуларни и автоимуни болести како и различните форми на канцер. Одредувањето на витамин Д во крвта стана параметар за испитување на целокупниот здравствен статус.

Ефикасноста од терапијата со витамин Д во подобрување на имунолошкиот одговор кај пациентите, доведе до сѐ поголем број на пациенти кои примаат неконтролирани дози на витамин Д. За да се одреди точната доза потребна за одржување на нормални вредности на витамин Д, треба е да се направи испитување на неговата концентрација во крвта заедно со електролитите на кои влијае.

Овој витамин се хидроксилира во црниот дроб и бубрезите, делува директно во дигестивниот тракт во зголемување на апсопција на калциум, влијае на апсорпцијата на електролитите во бурезите, влијае на имунолошкиот систем, односно делува на целокупниот организам.

За компанијата

Ние сме лабораторија која претставува линк меѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Обезбедувајќи лабораториски тестови, здравствени услуги и интерпретација на резултати за пациентите и докторите, се стремиме кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развивавме со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна. Се прилагодуваме на индустријата што се развива и постојано инвестираме во ресурси, што ќе му користат на целокупниот здравствен систем. Фокусирани сме на потребите на утрешниот ден – оној што го градат специјалистите по медицинска биохемија, за лекарите и за пациентите.

Genea Lab e дијагностичка лабораторија која што изработува хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи.
Дијагностичката биохемиска лабораторија водена од специјалист по медицинска биохемија изработува голем број на хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи во кои спаѓаат крвна слика, електролитен статус, метаболизам на железо, хормони, тумор маркери и уште многу други. Во истата се спроведува надворешна контрола на резултатите, како дел од програмата PREVECAL. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.

Молекуларна лабораторија: со real-time PCR метода
Молекуларната лабораторија е опремена со најсовремената опрема за изработка на генетски, вирусни и бактериски анализи со real-time PCR метода. На молекуларно ниво може да се одреди присуство/отсуство на одреден патоген, како и мутации во одредени гени.

Genea Lab е исто така застапник на светски позната германска генетска лабораторија CENTOGENE во која се изработуваат генетски тестови. Тука се трансформираат клиничките и генетските податоци во медицински решенија за пациентите и фармацевтските партнери.

Во лабораторијата се тестираат повеќе категории на болести:

  • Кардиоваскуларни
  • Ендокринологија
  • Метаболни нарушувања
  • Офталмологија
  • Дерматологија
  • Хематологија
  • Нефрологија
  • Коскени нарушувања
  • Дисморфологија
  • Хепатологија
  • Неврологија
  • Пнеумологија
  • Уво, нос и грло
  • Имунологија
  • Онкологија
  • Репродуктивни
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.