25% попуст на осумдневен аранжман на Јадранско море! 7 ноќевања во хотели со 3* и 4* во Будва, Дубровник, Мостар, Љубљана и Белград во вредност од 23 560 ден. (380 Евра) по цена од 17 670 ден. (285 Евра) од "ТА Ибегалис"

РАСПРОДАДЕНО

25% попуст на осумдневен аранжман на Јадранско море! 7 ноќевања во хотели со 3* и 4* во Будва, Дубровник, Мостар, Љубљана и Белград во вредност од 23 560 ден. (380 Евра) по цена од 17 670 ден. (285 Евра) од "ТА Ибегалис"

Цена

17,670 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

23,560 ден.

Попуст

25%

Заштеда

5,890 ден.

  • ул. Спас Банџов 21А Охрид, Macedonia (Македонија), 6000

  • +389 46 202 929 ; +389 46 202 930 ; +389 71 325 292 ; +389 71 312 557 ; +389 70 870 026 viber

  • [email protected]

Добивате

Понудата е по лице и истата вклучува осумдневен аранжман за посета на Будва, Дубровник, Мостар, Љубљана и Белград 

  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Тиват/Херцег Нови 
  • 2 ноќевања со појадок во Неум, Босна и Херцеговина во Hotel Neum 4*
  • 1 ноќевање со појадок во Трогир во Hotel Medena 3*
  • 2 ноќевања со појадок во Козина, Словенија во Hotel Admiral 3*
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 4* во Белград
  • Организација на патувањето

*превозот не е вклучен во понудата


Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.07.2015 до 07.09.2015
  • Пред купување на купонот задолжително јавете се во Т.А Ибегалис за да се информирате за слободни места
  • По купување на купонот контактирајте со Т.А. Ибегалис за потпишување на договор
  • Доколку не го искористите купонот до 30.09.2015 година, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Важат општите услови за патување на СКТМ
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • За информации околу сместувањето и хотелите јавете се во Т.А Ибегалис

Опис

Grand Hotel neum 4* е реновиран хотел и еден од најголемите и најлуксузните хотели на наеумската ривиера кој нуди уникатно искуство и професионална услуга. Хотелот располага со welness&spa центар направен според највисоки стандарди каде можете да го релаксирате вашето тело, ум и душа. Хотелот се наоѓа на југот на јадранско крајбрежје и е на само 65 км од Дубровник, 140 км од Сплит, 200 км од Сараево, 80 км од макарска, 77 км од Мостар и 22 км од Стоне.

Повеќе информации ќе најдете на овој ЛИНК

Hotel Admiral 3* е новоизграден комплекс на излезот од Козина, СЛовенија блиску до италијанската граница. Располага со 46 убаво опремени соби со клима уред и бесплатен интернет, ресторан, казино и приватен паркинг.

Повеќе информации за хотелот можете да најдете ТУКА 

Точната мапа на хотелот можете да ја најдете ТУКИ

Хотел Медена 3* е лоциран во Сегет, близу Трогир и Сплит во центарот на Трогирската ривиера. Хотелот е поделен на две згради и два павиљони кои се лоцирани на хотелската плажа на само 150 метри од хотелот.

Хотелската плажа нуди безбројни можности за забава и рекреација. Од класични спортски содржини, тенски терени, мини голф, фитнес, фудбалски, одбојкарски и кошаркарски терен. Најмладите членови на фамилијата може да уживаат во детските анимации и разновидната понуда во детското катче.

Повеќе информации за хотелот може да видите на следниот ЛИНК

Точната мапа на хотелот можете да ја најдете ТУКА

ПРОГРАМА

1.Ден

Поаѓање од Скопје по желба (преку Косово или Ќафасан) со попатно застанување). Пристигнување во Црна Гора. Сместување во хотели со 3* по избор во областа од Улцињ до Петровац или во Тиват и Херцег Нови. Ноќевање со појадок.

2. Ден

По појадокот следува посета на Будва минимум 3 часа, посета на Котор околу 3 часа, а по желба може да се посети Тиват и Херцег Нови. Поаѓање кон Дубровник во попладневните часови (Котор - Дубровник 90 км). Пристигнување во Неум во Хотел Neum кој се наоѓа на 1 час од Дубровник. Ноќевање.

3. Ден

По појадокот може да се упатите према Дубровник. Препорачуваме паркирањето да биде во близина на стариот град. Шетање 3 часа. Предлог посета со брод на островот на вљубените Локрум во кој има прекрасни плажи и одлично место за одмор. Поаѓање од Дубровник во 17.00 часот. Наш предлог е попатно да го посетите Стон - втора по големина тврдина во светот после кинескиот ѕид. градот Стон е прочуен по рибни ресторани и специјалитети од рима и морски плодови. Градот се наоѓа на 15 км од хотелот Неум.

4.Ден

По појадокот, поаѓање кон Мостар. Во Мостар најдобро е да се паркирате на паркингот од католичката црква во центарот на градот. Доволни се околу два часа за да го прошетате градот и да ги запознаете неговите убавини. Поаѓање кон трогир. Ви препорачуваме да се упатите кон граничниот премин Имотски. трогир се наоѓа на оддалеченост од 110 км. Попатно можете да застанете до Макарска и во Омис кој е пиратски град или во Сплит. Сместување во Хотел Медена кој се наоѓа на само 20 минути после Сплит

5. Ден

Посета на Задар преку јадранската магистрала. Потоа следи посета на Плитвички езера и шетате околу 2 часа и 15 минути. По посетата тргнувате кон Козина. Се упатувате во правец на Карловац и Риека. Попатно можете да направите кафе пауза во Опатија и да се движите по автопат во правец на Трст. Потребно е да узлезете на излез за Козина, Словенија каде што се наоѓа Хотел Адмирал. Навечер препорачуваме да го прошетате градот Трст. Ноќевање во хотелот. 

6. Ден

По појадокот препорачуваме да одберете повеќе места за посета.

На два часа возење е Венеција.

На 20 минути возење е Постојна Јама прочуена по Сталагмити и Сталактити и езерото Блед. Ноќевање во хотел.

7. Ден

Посета на Љубљана. Тргнување кон Белград. Попатно може да го посетите Загреб. Во попладневните часови се пристигнува кон Белград. Ноќевање во Белград

8. Ден

Шетање во Белград и поаѓање кон Македонија

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ