7 ја следат оваа компанија


Ozone Gold – Ozone cream 160mg - Озонирана крема со 160mg озон – 30ml

2540 ден.

  • Кеј на Револуцијата, Kochani, North Macedonia

    Одведи ме таму

    070 213 806

    info@ozone-gold.com

Опис

Како ја добиваме Ozone Cream 160mg:

Кремата се добива со процесирање на високо ниво на медицински озон врз extra virgin ладно цедено маслиново масло со нула ниво на киселост, кое природно преминува во крема. На тој начин количеството на озон кај оваа крема за обновување е значително поголемо во споредба со други видови на озонирани креми и гелови.

Состав:

100% Ozonized Olive Oil

Карактеристики:

Поради големата концентрација на озон кремата е многу моќен антиоксиданс и ја дезинфицира кожата. Не содржи адитиви, хемикалии или стабилизатори. Помага клетките брзо да се регенерираат и обноват кога ќе се нанесе на проблематичната површина на кожата како резултат на високата количина на кислород.

Употреба при:

  • Дамки: ефикасна би била употреба на многу мала количина на крема, тенкој слој како обвивка на мембрана.
  • Иритации: кремата треба да се нанесе на иритираната површина, но да се внимава количината да биде многу мала.
  • Акни и лузни од акни: да се истрие површината со количина помала од зрно леќа.
  • Рана од долго лежење: според ширината на раната, нанесете мала количина од кремата. По потреба може да ја зголемите количината.
  • Отворени рани: кремата за обновување се нанесува само на делот од кожата каде што е раната, во големина на зрно леќа. По потреба може да ја зголемите количината.
  • Атлетско стапало (дерматофит): истријте ја со кремата само површината на кожата каде што се наоѓа дерматофитот.
  • Хемороиди: истријте ја внимателно површината на кожата со кремата за обнова во големина на зрно леќа.
  • Пост-оперативни белези: нанесете ја кремата за обнова со тенок слој како обвивка на мембрана и истријте ја површината.
  • Кожа на испукана пета: нанесете ја кремата за обнова со тенок слој како обвивка од мембрана и истријте ја површината со масирање.
  • Резови: истријте ја површината со кремата за обнова со помала количина од зрно леќа. По потреба може да ја зголемите количината.
  • Инфекции на кожата: истријте ја површината на кожата со кремата со количина помала од зрно леќа. По потреба може да ја зголемите количината.
  • Дијабетични рани: нанесете ја кремата за обнова на површината на кожата каде што е раната. По потреба може да ја зголемите количината.
  • Изгореници и рани: откако ќе се исуши местото на изгореницата или раната, истријте ја со соодветна количина на крема според ширината на раната.

Начин на употреба:

Површината на кожата треба да се исчисти пред употреба, за да може подобро да се впие во кожата. 30 минути по дневната употреба, задолжително да се употреби крема со озон за заштита од сонце (OZONE GOLD SUN CREAM 50SPF).

Предупредувања:

Производот е за надворешна употреба. Овој производ не е лек. Нема несакани ефекти. Пред да се нанесе на осетлива кожа, нанесете мала количина од производот на раката. Пред употреба за рутинска употреба или други хронични болести консултирајте се со Вашиот доктор. Да се чува подалеку од дофат на деца. Да не се голта. Да не се изложува на директна сончева светлина. Да се чува на ладно и суво место. Да се избегнува контакт со очите. Во случај на несакани ефекти, контакт со очите или голтање на продуктот контактирајте го Вашиот лекар.

Детали за испорака

Испорака

Подигнување

  • Производот може да го подигнете од локациите на "Ozone Gold"
  • За да го подигнете производот задолжително е да го покажете купонот
  • Купениот производ можете да го подигнете во рок од 1 месец од денот на купувањето
  • Доколку не го подигнете во дадениот рок средствата не може да бидат рефундирани

За компанијата

Ozone Gold е нова и модерна компанија на македонскиот пазар која ги имплементира најновите технолошки достигнувањата од светот на козметиката произведувајќи производи кои се 100% природни и безбедни за користење.

Производите на Ozone Gold се нежни за кожата без штетни хемикалии, а исто така се безбедни и за природата.

Ozone Gold како компанија се стреми да ги искористи благодетите на природата со цел да му помогне на човекот да ги реши своите проблеми со одредени болести и непријатности на кожата и телото на брз, лесен и ефикасен начин.

Го цениме човекот исто како и природата, па затоа нашите производи се збогатени со најдобрите масла и екстракти од растенија кои дополнително помагаат при одржување на здрав изглед на кожата и косата.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.