
1 ја следи оваа компанија
Вино Захарчев пакет 6 вина 0.75
1200 ден.
Преостанато време
Производи, Храна, намирници и пијалоци, Алкохолни пијалоци, Винa
Опис
Пакет 6 вина комбинирани Захарчев со бесплатна достава до дома.
Комбинацијата вклучува.
-
Темјаника
Суво бело вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје.
Се одликува со совршена зеленкасто жолта боја и совршен спој на цветни и овошни ароми. Се служи на температура од 10 - 12 ºC
Alc 12.5% vol -
Мими Куве
Суво бело вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје
Се одликува со светло-жолта боја и совршен спој на ароми и вкусови. Се служи на температура од 10 - 12 ºC
Alc 12% vol -
Станушина
Суво розе вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје
Се одликува со нежно светла боја и ароми на пролетни цветови. Се служи на температура од 8 - 12 ºC
Alc 12% vol -
Пловдина
Суво розе вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје
Се одликува со нежно светла боја и ароми на пролетни цветови. Се служи на температура од 8 - 12 ºC
Alc 13% vol -
Прокупец
Полу-Суво црвено вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје
Се одликува со виолетова боја овошни ароми како и вкусови на сушено овошје. Се служи на температура од 12 - 16 ºC
Alc 14% vol -
Вранец
Суво црвено вино со контролирано потекло од тиквешкото виногорје
Се одликува со темна рубин боја ароми на вишна и цреша. Се служи на температура од 12 - 16 ºC
Alc 12.5% vol
Детали за испорака
Испорака
- Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 1200 денари
- Време потребно за достава: 1-3 работни дена по процесирање на нарачката
- Време потребно за достава низ Македонија: 3-7 работни дена по процесирање на нарачката.
- Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на тел: 070 743 742.
- Види ја продавницата на "Семејна Винарија Захарчев/Zaharchev Family Winery" овде
- Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи
За компанијата
Природата во шише!
Тиквешкиот регион како колевка на лозарството и винарството во нејзината крошна, ја одгледа и израсна нашата семејната винарија Захарчев.
Колку и да зборуваме за приказните од Тиквешот, за виното, мирисот на тазе набрано Кратошија / Вранец, Прокупец, Пловдина, Станушина или Темјаника, песната на аргатите, шумот на лозовите насади од топлото ветре кое пиркаи за време на бербата и љубовта, ах таа жива материја, таа е во виното, таа е во секоја чаша, во секоја голтка. Таа трае, таа не згаснува. Еднаш разгорува и впламнува, потоа само трае. Таква е. Те остава да ја имаш. Не ти дозволува да замине. Те држи. Те чувствува. Еднаш кога ќе ја отвориш приказната од шише, секое наредно е само надополнување.
Нашата семејна винарија Захарчев е мала бутик винарија која се наоѓа во Кавадарци. Винаријата е насочена кон производство на вино од сорти на гројзе кои се карактеристични за балканот и кои се речиси пред изумирање. Годишното производство на вино е околу 7000 шишиња.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.