Нова Година во Париз (28.12.2018–05.01.2019)! Аранжман од 9 дена, 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 19 160 ден. (309 еур)

Нова Година во Париз (28.12.2018–05.01.2019)! Аранжман од 9 дена, 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 19 160 ден. (309 еур)

Цена

19,160 ден.

Преостанато време

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • travel@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува аранжман од 9 дена, 4 ноќевања за Париз за термин 28.12.2017-05.01.2018

  • Едно ноќевање со појадок во хотел со 3* во Прага
  • Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во Париз
  • Едно ноќевање со појадок во хотел со 3* во Минхен
  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Организирана прошетка низ Виена, Минхен и Салзбург.
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.12.2018 до 05.01.2019
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Во цената не е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување - 5 еур
  • Крстарње по Влтава - 15 еур
  • Посета на пивница со вечера и шоу програма - 35 еур
  • Разглед на Париз со локален водич - 15 еур
  • Версај (превоз, влезница, локален водич) - 45 еур (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр (влезница) - 20 еур
  • Крстарење по Сена - 15 еур
  • Срцето на Париз - 10 еур
  • Билети за градски превоз во Прага, Париз, Минхен
  • Доплата за еднокреветна соба 6.200 денари
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат

Опис

Програма на патувањето:

1 ден 28.12.2018 Скопје - Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виена во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

2 ден 29.12.2018 Виена - Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

3 ден 30.12.2018 Прага - Париз

Појадок. Претпладне, панорамско разгледување на Прага со водич: Горниот град - Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

4 ден 31.12.2018 Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз - најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Препорачувме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Дочек на Нова Година на Елисејските полиња.  Враќање во хотел .Ноќевање.

5 ден 01.01.2019 Париз - Версај

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз.  Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување. Ноќевање.

6 ден 02.01.2019 Лувр - Минхен

Факултативна посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј- Лувр.  По посетата на Лувр, можност за организирана прошетка низ најпознатата париска авенија  Шанзелизе а потоа и прошетка по футуристичкиот кварт на Париз – Дефанс. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен. Ноќно возење.     

7 ден 03.01.2019 Минхен

Пристигнуваме во Минхен во  утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата  Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици). Ноќевање.       

8 ден 04.01.2019 Салзбург

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ Италија, Словенија, Хрватска, Србија.

9 ден 02.01.2019 Скопје

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.   

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.