Остани здрав! До 15% попуст на PCR Ковид Тест (важи и за патување) или брз антигенски тест по избор во Genea Lab

Цена од

900 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

1000 ден.

Попуст

10%

Заштеда

100 ден.

Преостанато време

Купени: 187

  • Ул. Наум Наумовски Борче бр.29/1-1, Скопје

    Одведи ме таму

    (02) 3220505; 078262220

    info@genea.mk

Добивате

PCR Ковид Тест или брз антигенски тест по избор 

Опции на понудата:

Брз антигенски тест 1,000 ден. 900 ден.
PCR Ковид Тест 2,000 ден. 1,700 ден.

*За PCR Ковид Тестот резултатот се добива во текот на денот, а за брз антигенски тест резултатот се добива во рок од 30 мин. 

*Резултатот од тестот го добивате на е-маил (или може да го превземете од web страната со password кој ќе ви пристигне по sms)

*Негативниот резултат од PCR тестот може да се користи за патување и преминување на граница. (При пополнување на формуларот наведете дека ви е потребен и го добивате на англиски јазик)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 09.07.2021 до 31.10.2021
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжително е претходно закажување на термин.
  • Закажувањето е на следниот линк: https://genea.mk/kontakt-forma-za-zakazuvanje-na-termin/ (добивате повик за потврда)
  • Резултатот од тестот го добивате на е-маил (или може да го превземете од web страната со password кој ќе ви пристигне по sms)
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот временски рок, средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Што треба да знаете за лабораториските анализи доколку сте позитивни на Ковид-19 или пак  се сомневате дека сте позитивни?!

Најверодостоен тест во моментот за утврдување на присуство на вирусот е PCR тест (polymerase chain reaction) методата.

Примерокот (брисот) се зема надвор, без влегување во затворени простории (во центарот на градот, на мирно место и без гужви).

Примерокот за узорзирање е назофарингеален и орофарингеален брис (подлабоко земен брис од грло и нос), но вирусот исто така се детектира и во други телесни течности. Оваа метода утврдува присуство на РНК од вирусот Sars-CoV-2 на молекуларно ниво. Позитивниот резултат потврдува дека вирусот е детектиран, но не дава информација во кој стадиум е болеста.

По добивање на позитивен резулатат се препорачува да се направат лабораториски анализи за утврдување на општата состојба на организмот. Досегашните сознанија за вирусот Sars-CoV-2 е дека најмногу ги напаѓа системот за коагулација и белите дробови. Но, секој организам може да реагира различно и исклучително важно е следење на целокупната сосотојба на организмот.

За компанијата

Ние сме лабораторија која претставува линк меѓу лабораториските податоци и дијагнозата. Обезбедувајќи лабораториски тестови, здравствени услуги и интерпретација на резултати за пациентите и докторите, се стремиме кон унапредување на грижата за здравјето на пациентите. Основани во 2015 година како дел од поликлиника, паралелно се развивавме со потребите на пациентите од една страна и развојот на медицината и потребите на докторите од друга страна. Се прилагодуваме на индустријата што се развива и постојано инвестираме во ресурси, што ќе му користат на целокупниот здравствен систем. Фокусирани сме на потребите на утрешниот ден – оној што го градат специјалистите по медицинска биохемија, за лекарите и за пациентите.

Genea Lab e дијагностичка лабораторија која што изработува хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи.
Дијагностичката биохемиска лабораторија водена од специјалист по медицинска биохемија изработува голем број на хематолошки, биохемиски и имунолошки анализи во кои спаѓаат крвна слика, електролитен статус, метаболизам на железо, хормони, тумор маркери и уште многу други. Во истата се спроведува надворешна контрола на резултатите, како дел од програмата PREVECAL. Анализите кои не се работат во нашата лабораторија и држава се праќаат во соработничка лабораторија во Германија.

Молекуларна лабораторија: со real-time PCR метода
Молекуларната лабораторија е опремена со најсовремената опрема за изработка на генетски, вирусни и бактериски анализи со real-time PCR метода. На молекуларно ниво може да се одреди присуство/отсуство на одреден патоген, како и мутации во одредени гени.

Genea Lab е исто така застапник на светски позната германска генетска лабораторија CENTOGENE во која се изработуваат генетски тестови. Тука се трансформираат клиничките и генетските податоци во медицински решенија за пациентите и фармацевтските партнери.

Во лабораторијата се тестираат повеќе категории на болести:

  • Кардиоваскуларни
  • Ендокринологија
  • Метаболни нарушувања
  • Офталмологија
  • Дерматологија
  • Хематологија
  • Нефрологија
  • Коскени нарушувања
  • Дисморфологија
  • Хепатологија
  • Неврологија
  • Пнеумологија
  • Уво, нос и грло
  • Имунологија
  • Онкологија
  • Репродуктивни
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.