Best of Дестинација Македонија! Автентично доживување во винарија Попова Кула (15.10 - 20.12.2019)! До 38% попуст на ноќевање за две лица во соба или апартман + традиционален македонски појадок + прошетка низ винаријата

img

Цена од

1900 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3075 ден.

Попуст

38%

Заштеда

1175 ден.

Преостанато време

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 34

  • Булевар на виното бр. 1, Демир Капија

    Одведи ме таму

    076 432 630

    reservation@popovakula.com.mk

Добивате

Ноќевање за две лица со појадок во сместување по избор

Опции на понудата:

Двокреветна соба 3,075 ден. (50 еур)
1,900 ден. (31 еур)
Апартман 4,920 ден. (79 еур)
3,450 ден. (56 еур)

Двата пакети за ноќевање вклучуваат:

  • Прошетка низ Винаријата 
  • Традиционален појадок за двајца (пишии, мармалад од модри сливи, мармалад од смокви, џем од боровинки, тараненик (кори+тарана), пита со праз и сирење) или појадок од стандардно мени.
Купи зделка од Дестинација Македонија со Mastercard и доби бонус! Бонусот ќе ти биде автоматски префрлен во твојата Grouper торбичка. Дознај повеќе тука!

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2019 до 20.12.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да направите резервација
  • По купувањето на купонот потребно е да го испратите на e-mail со цел да ја довршите резервацијата
  • Доколку не ги искористите купоните во предвидениот рок истите ја губат својата промотивна вредност и средствата не може да се рефундираат
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќе ноќевања

Одберете Тим Билдинг патување во Дестинација Македонија! Пополнете ја оваа ФОРМА и ние ќе ви ја испратиме најдобрата понуда!

Потребна ви е фактура? Нема проблем. Има 2 начини.

  • Купете ги купоните со картичката од вашата фирма и пишете ни на invoicing@grouper.mk
  • Сакате да платите преку e-banking? Побарајте про-фактура на invoicing@grouper.mk
  • Во маилот навете ги следните податоци: име и адреса на вашата команија, корисничко име на Grouper профилот, линк од зделката и број на купони.

Опис

Демир Капија  е мало гратче во Ниска Македонија непосредно пред познатата Демиркаписка Клисура од левата страна на реката Вардар. Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот автопат Е75. Името на овој град има значење Железна Порта или Железна Врата на турски.

Винарија Попова Кула

Во ресторанот на Попова Кула ќе Ве услужиме со нашите најубави традиционални оброци, како и храна од различни интернационални кујни. Со помош на нашиот професионален дегустатор на вино можете да направите избор за вашата винска дегустација. Типичната дегустација вклучува 5 различни типови вино со соодветно сирење, пршути и десерт, а нудиме и гастрономска винска дегустација од 5 различни типови вино со компатибилен целосен оброк.Нашата богата палета на врвни вина ви омозможува да имате ралична винска дегустација секогаш кога го посетувате овој храм на виното Винарската Визба Попова Кула.

Хотелот Попова Кула Ви нуди незаборавно искуство со своите 5 уникатни апартмани и 28 двокреветни соби, секоја именувана според сортите вина кои се произведуваат во Попова Кула и декорирана во склад со боите и нијансите на виното. Сите се опремени со: телефон и интернет, клима уред и сателитска телевизија, а имаат и балкон со восхитувачки поглед на прекрасната околина – вистински предизвик за љубителите на природата.

Веднаш до рецепцијата во хотелот се наоѓа и нашата продавница за вино и сувенири, во која што можете да ги купите нашите вина и други различни подароци по намалена цена.

Доколку сакате да го збогатите вашето искуство, и да пробате од широкиот асортиман на вкусни и кавлитетни вина, можете да ја погледнете понудата за дегустација на млади вина на следниот ЛИНК.

Grouper интересни факти за Демир Капија

  • Демир Капија е град кој што во историјата играл клучна стратешка улога во многу наврати. Османлиите први го претвориле во неосвоива тврдина ради неговата географска местоположба а ништо поразлично не било ни со бугарските, германските или српско-англиските војски во светските војни. 
  • Денес Демир Капија е прочуена, како и другите градови во Тиквешијата, по виното. Во последните години голем удел има и развојот на винскиот туризам, односно препознавањето на населението на квалитетното вино кое се произведува во овие краишта и одење на прошетки до винарските визби поради заинтересираноста во процесот на производството и убавите глетки врз лозовите назади на винариите. 
  • Во Демир Капија најпозната е винаријата Попова Кула која произведува квалитетни вина кои што заслужуваат посебно внимание.
  • Покрај лозовите насади, клисурата исто така заслужува едно посебно внимание ради глетките кои ги приредува кога минувате низ неа, со едно уникатно чуство на недопрена природа. 
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.