Вистинско доживување! 32% попуст на посета на резбарско ателје Зингибер + дегустација на специјалитети и 3 сортни вина во винарија Пешков, Кавадарци во вредност од 2490 ден. по цена од 1690 ден.

Цена

1690 ден.

Вредност

2490 ден.

Попуст

32%

Заштеда

800 ден.

Купени: 2

Добивате

Уникатно искуство со посетата на резбарското ателје Зингибер во Кавадарци

  • Традиционален пречек со ракија и вино
  • Дегустација на традиционални еколошки специјалитети
  • Презентација и едукација за ремек делата
  • Можност за резбарење (со надзор)
  • Лотарија: сувенир за секој гостин
  • Посета на семејната винарија Пешков
  • Дегустација на 3 сорти вина и мезе на дрвена даска за секој гостин
  • Едукација за процесот на правење вино
  • Самостојно точење на шише вино
  • Запечатување и брендирање со етикета за спомен

Услови

  • Купонот може да се искористи од 27.11.2021 до 31.12.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • Минимум број за реализација на турата е 2 лица
  • Купонот се однесува по лице 
  • Можност за паркинг место 
  • Посетата може да биде модифицирана од технички причини
  • Потребно е да ги следите мерките за заштита од COVID 19
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.

Опис

Кавадарци е место каде сонцето сјае засекогаш ... Благодарение на светлото сонце и плодната почва, луѓето овде се горди што произведуваат ракија, вино и најмоќниот лек од грозје „Маџун“ - познат уште од времето на султанот Сулејман Величествениот . Но, сепак, тука има нешто подостојно да се истражи. Македонија и денес претставува богата ризница со споменици изработени во резба, и покрај големите грабежи, уништувања и разурнувања низ вековите кои се неповратни сепак, Македонија е богата со резбарски дела создавани низ вековите, а традицијата продолжува и денес... Во потрага по апологетите на традицијата, може да го посетите семејството копаничари Милеви во Кавадарци а во потрага по вистината да ја посетите семејна винарија Пешков.

ОПИС НА ПОСЕТАТА

  • Пристигнување во Кавадарци, следува традиционален пречек со вино и ракија од страна на домаќините во резбарско ателје Зингибер кое ќе ви даде чувство како да сте дома, како резултат на топлото гостопримство од семејството Милеви (локација: Егејска бр 33а, Кавадарци). На влез ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за заштита од Covid19
  • Разгледување на ремек делата и нивна презентација. Во ателјето се негува македонската традиционална резба повеќе од 30 години со сите нејзини автентични вештини. Слушнете ја приказната за скромните почетоци овде и видете ги уникатните дела
  • По презентацијата следува едукација и можност да се проба резбарска вештина под надзор на резбар Марјан со искуство повеќе од 30 години. Овде ќе имате можност да оставите ваш потпис односно да си изрезбарите ваш мотив, значајна дата или вашите иницијали на парче дрво
  • Ќе имате можност да дегустирате специјалитети направени од еколошки производи од овој регион, подготвени од домаќините на традиционален начин меѓу кои е и маџунот, како еден од најпозантите лекови уште од времето на Султан Сулејман
  • Следуваат изненадувања: лотарија и забава - најсреќниот гостин добива сувенир специјално изработен од резбарското ателје Зингибер
  • По лотаријата секој гостин за спомен добива еден мал, но вреден сувенир, а тоа е срцето на секој Македонец преку автентичен изворен сувенир
  • Посета на Семејна Винарија Пешков оддалечена на 5 минути возење од резбарското ателје (види мапа и локација - GPS координати- Улица Пешо Самарџиев бр. 37 Кавадарци). На влез ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за заштита од Covid19
  • Дегустација на органски вина : две бели (смедеревка , темјаника) и црвено (вранец) со мезе од домашно козјо сирење , два вида на традиционален варен кавадаречки ѓеврек, банички со сирење, два вида говедска пршута, два вида на кашкавал (овчи и козји), јаткасти плодови и домашен маџун
  • Следува едукација за процесот на правење бело и црвено вино и запознавање со опремата од страна на винарија Пешков која во изминатите неколку години комплетно го насочи своето производство кон производство на органско вино
  • Можност за квиз прашања
  • За крај ќе имате можност самите да си наточите шише вино од винаријата, истото да го запечатите, брендирате со етикета од вина кои се со лимитирана количина (сопствен број)
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.