70% попуст на специјалистички дерматолошки преглед и скрининг на сите бенки (преглед - дерматоскопија) од специјалистичка ординација "ПЗУ Дерма Медика" во вредност од 1500 ден. по цена од 450 ден.

Цена: 450 ден .

РАСПРОДАДЕНО

70% попуст на специјалистички дерматолошки преглед и скрининг на сите бенки (преглед - дерматоскопија) од специјалистичка ординација "ПЗУ Дерма Медика" во вредност од 1500 ден. по цена од 450 ден.

Цена

450 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,500 ден.

Попуст

70%

Заштеда

1,050 ден.

Купени : 64

  • ул. Максим Горки бр. 8 Скопје, Macedonia (Македонија), 1000

  • 02 3113115, 02 3113 117

  • Info@dermamedika.com.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Специјалистички дерматолошки преглед и скрининг на сите бенки (преглед - дерматоскопија)


Услови

  • Купонот може да се искористи од 13.12.2016 до 28.02.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Бенките (невуси) се пигментни промени на кожата поради зголемено групирање на пигментните клетки (меланоцити) Тие одсекогаш представуваат страв кај луѓето, бидејќи можат да мутираат (трансформираат во еден од најмалигните карциноми кај човекот, нарекуван меланом)

Секој човек има повеќе од десетина бенки на кожата. Тие може да бидат вродени или стекнати во животот. Бенките се бенигни израстоци на кожата со големина од зрно на просо до мал нокт.

Jасно се ограничени и округлести со рамни ивици со плосната површина или лесно избочени , а некои се придружени со влакна. Докажано е да вродените бенки поголеми од 6 мм,а во последно време веќе и над 3 мм., како и атипичните или диспластични форми во 30% од вкупниот број носат потенцијален ризик да се претворат во меланом. Бројот на Бенките може да се зголеми при зголемен хормонален физиолошки стрес во пубертетот или бременоста.

Не ретко, а посебно во последниот период, бројот на заболени од овој тип на меланома е во прогресивен пораст.

Причини за оваа појава се:

  • Претерано сончање, особено пропратено со изгореници, пред се во раната детска возраст.
  • Честа употреба на солариуми
  • Перманентна механичка или друг вид на иритација на бенката (чепкање, чешање и сл.)
  • Генетска наклонетост на карциноми

Денес секаде во развиениот свет (а од пред неколку години и во нашата дерматолошка ординација) се врши брзо, неинвазивно (без биопсија) дијагностицирање на сомнителните бенки со дигитална дермоскопија со сигурност од 98%од прегледаните случаи. Врз определени промени детектирани во структурата на сомнителната пигментна промена се одлучува дали наодот е нормален или покажува почетен или напреднат стадиум на карцином. Дефинитивната дијагноза се поставува со оперативен третман на сомнителната промена проследена со хистопатолошка верификација.

Дермоскопија-скрининг за меланом

Дермоскопијата е едноставна, неинвазивна, брза, многу корисна метода која ни овозможува сигурна дијагноза на пигментните промени или младежи, и што е многу важно разликување на меланомот од другите бенигни промени. Прегледот почнува со проста дермоскопија односно со употреба на специјално дизајниран апарат дермоскоп кој се поставува директно врз промената/младежот и истата се набљудува под големо зголемување. Постапката воопшто не е болна и не трае многу.

Доколку дерматологот не може да ја постави дијагнозата со сигурност или пак утврди постоење на одредени сомнителни структури го продолжува прегледот со помош на дигитален апарат кој е поврзан со компјутер и прави снимање на промената т.е дигитална дермоскопија. Набљудувањето на промената на монитор со дополнително неколкукратно зголемување ни ја олеснува дијагнозата, а во исто време ја зачувува промената во дигитална форма со што ни е достапна за споредба при повторната контролна дермоскопија.

Овој преглед е мошне значаен и зазема се поважно место во раното откривање на меланомот, најтешкиот облик на рак на кожата , кој некогаш многу наликува на безопасните младежи.

Дерма Медика - Специјалистичка ординација за дерматовенерологија и естетска медицина

ДЕРМАТОЛОГИЈА И ВЕНЕРОЛОГИЈА

  • Преглед и консултации за сите видови кожни болести
  • АКНИ, најсовремени методи во лекување со комбинирана ласерска BLUE LIGHT, GREEN LIGH и INFRARED LIGHT со RF терапија
  • Третман на брадавици, кондиломи, папиломи, молуски со криотерапија (течен азот), ласерска терапија, електрокоагулација
  • Преглед на бенки (проста и дигитална дерматоскопија), ран скрининг за навремено откривање на меланом
  • Дигитална дијагностика (компјутерски трихоскен) на коса и третман за сите типови на опаѓање на коса
  • Венеролошки прегледи - дијагностика и терапија на полово преносливите болести

ЕСТЕТСКА МЕДИЦИНА:

  • 1. Третмани за подмладување (хемиски пилинг, ласерски третмани, дермаролер, дермапен, мезотерапија)
  • 2. Ласерски третмани за отстранување на проширени капилари, хиперпигментации, стрии, лузни од акни
  • 3. Ласерска епилација - трајно отстранување на несакани влакна

ДЕРМАТОЛОШКА КОЗМЕТОЛОГИЈА

  • Отстранување на целулит и масни наслаги
  • Третмани за освежување и хидратација на лице, антиејџинг, релакс, оксиген
  • Класични козметички третмани
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ