Пролетен одмор во Венеција со Островите во Април! 12% попуст на аранжман од 3 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло + вклучен превоз во вредност од 11 718 ден. (189 €) по цена од 10 270 ден. (166 €) со Waikiki Travel

Цена

10270 ден.

Вредност

11718 ден.

Попуст

12%

Заштеда

1448 ден.

  • ул. Даме Груев бр.7 (локал 8), Скопје

    Одведи ме таму

    076386178

    [email protected]

Добивате

Во пакетот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација;
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло (или околина) на база 3 ноќевања со појадок;
  • Организирана посети на градовите според  програмата;
  • Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето.

*Подетално за програмата можете да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.03.2023 до 10.04.2023
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во ТА Waikiki Travel за да го резервирате вашиот термин за патување 
  • За патувањето е потребен валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек од датумот на враќање 
  • Организираторот го задржува правото за промена на цената на факултативите во случај на недоволен број на пријавени
  • Пријавувањето за факултативитите е во агенција при резервација, најдоцна до 15 дена пред поаѓање, а плаќањето на лице место во евра 
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активностите во програмата во случај на потреба  
  • За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Ваикики Травел 
Во цената НЕ е вклучено:
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување 
  • Организирана посета на Венеција со брод вапорето - 25€
  • Факултативна екскурзија со брод по островите Мурано, Бурано и Торчело - 35€
  • Факултативна посета на Фиренца со локален водич - 55€
  • Доплата за туристичка такса (2€ по лице од ноќ)
  • Влезници по културно – историските  знаменитости и индивидуални трошоци 

Опис

СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
 

1.Ден 13.04.2023 (Четврток)                     

Состанок на групата на паркингот спроти саем во 14.30 часот. Поаѓање за Италија во 15.00 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

 ВЕНЕЦИЈА

2.Ден 14.04.2023 (Петок)                                        

Пристигнување во претпладневни часови во Пунта Сабиони и заминување на разлед и посета на Венеција. Организран трансфер со брод – вапорето и прошетка низ уличките во градот на мостови и канали; Плоштадот и Црквата Св. Марко, Мостот на Воздишките, Дуждевата Палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. По разгледот заминување за Лидо ди Јесоло и сместување во хотел.  Ноќевање.

 МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО 

3.Ден 15.04.2023 (Сабота)                 

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или можност за факултативно крстарење по островите на Венецијанска лагуна, Мурано, Бурано и Торчело. Започнуваме со посетата на островот Мурано, далеку познат по вековната традиција во изработка на стакло, каде е всушност и фабриката за изработка на стакло, прошетка по островот, кратко слободно време, потоа продолжуваме кон Бурано, островот со најубавите шарени куќички и најдобрите рачни изработки од чипка. И за крај на оваа прекрасна прошетка, посета на Торчело, островот кој бил всушност првиот најстар и најгусто населен остров во овој дел на Италија, престолнина во која има бројни споменици врзани со богатата историја. Враќање во Лидо ди Јесоло. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки.  Ноќевање.

ВЕНЕЦИЈА – ФИРЕНЦА – ВЕНЕЦИЈА 

4.Ден 16.04.2023 (Недела)               

Појадок. Ден предвиден за целодневна факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и лулката на ренесансата. Организиран разглед со локален водич: Црквата Санта Кроче, плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, крстилницата Сан Џовани... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Во попладневните часови враќање назад во Лидо ди Јесоло. Ноќевање.

ВЕНЕЦИJА – ВЕРОНА – СКОПЈЕ 

5.Ден 17.04.2023 (Понеделник)             

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување за Верона. Посета и разглед на градот на Ромео и Јулија; Арената, Виа Мацини, плоштадите Бра и Ербе, куќата на Јулија... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Можност за шопинг во некои од најдобрите италијански брендови поставени на улицата Виа Мацини. Во попладневните часови заминување за Македонија. Патувањето се одвива преку Словенија, Хрватска и Србија со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. 

СКОПЈЕ

6.Ден 18.04.2023 (Вторник)                               

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.  

За компанијата

Туристичката агенција Ваикики Травел својата приказна ја започнува во 2013 година кога двајца (тогаш) млади ентузијасти, водени од желбата да ја покажат својата љубов и желба за патувања, како и богато туристичко знаење, ќе решат да ја формираат и официјално да ја регистрираат приватната туристичка агенција (неслучајно наречена) Ваикики Травел на 28 Август како ДООЕЛ во Централниот Регистар на РМ. Агецијата низ годините растеше полека, но со сигурни и цврсти чекори, за да денес, поседува валидна лиценца А за вршење на туристичка дејност издадена од страна на надлежното Министерство за Економија на РМ. Агенцијата е исто така редовна членка на СКТМ (Стопанската Комора на Туризам на Македонија) под чии што услови работи.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.