54% попуст на ехо на тироида + преглед во Пpомедика Медикал Центар во вредност од 1200 ден. по цена од 550 ден.

Вредност

1200 ден.

Попуст

54%

Заштеда

650 ден.

Преостанато време

Купени: 8

  • ул. св. Кирил и Методиј бр. 50 Скопје - Центар

    Одведи ме таму

    02 3248 454, 070 206 719

    medikalcentar@promedika.com.mk

Добивате

Ехо на тироида + преглед

  • Ултразвук (ехо) на тироида неинвазивна ултразвучна дијагностика за навремено откривање на патолошки промени на штитната жлезда, како и за следење на нејзината морфологија/структура, големина и крвоснабдување.
  • Прегледите ги врши Проф. Др. Маја Милованчева Поповска

Услови

  • Купонот може да се искористи од 15.05.2019 до 25.06.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
Grouper & Mastercard акција на подароци!
Купувај било кои зделки со Mastercard картичка и освој подарок!
Дознај повеќе тука!

Опис

На Oдделот за Интерна медицина на Промедика Медикал Центар се вршат сите видови интернистички прегледи и консултации.
Во ординацијата се достапни следниве услуги:

  • Педометрија - Единствен во Македонија, апарат за педометрија - emed. Специјално наменет за луѓе со шеќерна болет -diabetes mellitus (Навреме ги открива почетните промени на дијабетско стопало и дијабетска невропатија. 
  • Интернистички преглед со ЕКГ - Оваа услуга вклучува високостручен интернистички преглед, како и ЕКГ со најсовремен компјутерски софтвер, за навремено се  дијагностицираат сите интернистички и кардиоваскуларни (срцеви) заболувања
  • ЕХО кардиографија - со колор доплер е неинвазивна ултразвучна постапка која ја снима структурата и движењата на срцето и ги детектира сите аномалии.
  • ЕХО на внатрешни органи - Оваа неинвазивна постапка овозможува прецизно снимање на структурата и работата на внатрешните органи. Со неа се детектираат и најситните аномалии и навремено се дијагностицираат многубројни заболувања.
  • ЕХО на тироидеа (штитна жлезда) - е неинвазивна ултразвучна дијагностика за навремено откривање на патолошки промени на штитната жлезда, како и за следење на нејзината морфологија/структура, големина и крвоснабдување.
  • Коронарен стрес тест - го следи кардиоваскуларниот систем при вежбање. Тестот се изведува во удобна седечка позиција, со најсофистициран Ергометар кој е единствен на Балканот и помага при рано дијагностицирање на многу срцеви заболувања.
  • ЕКГ Холтер Мониторинг - е 24 и 48 часовен мобилен уред кој ги следи електричните импулси на срцето и е погоден за дијагностицирање на промени на ритамот на срцето и други срцеви заболувања.
  • Холтер Мониторинг на крвен притисок - е 24 часовен Холтер мониторинг на Вашиот крвен притисок.
  • Дневна болница со интравенска и интрамускулна терапија опремена е со најсовремени болнички кревети со механизми, со цел пациентите да се чувствуваат колку што е можно поудобно, покомфорно, а терапијата ја дава високо образован медицински кадар со долгогодишно искуство.
  • Колор доплер на артериски и венски крвни садови -Ултразвучен Колор Доплер е техника за неинвазивно мерење на циркулацијата, т.е техника со која што се испитува протокот низ големите и мали крвни садови на горните и долните екстремитети (раце и нозе) и главниот крвен сад во организмот-аортата. Специјалистот исто така дава и препорака за еластични чорапи или ракави.
  • Колор доплер на каротидни артерии претставува неинвазивна дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв.
  • Пулмоалерголошки испитувања и одредување терапија. Навремени испитувања со најсовремена опрема, изведени од стручен кадар, се основа за спречување или лечење на акутни и хронични промени на горните и долни респираторни (дишни) патишта. Кај нас се изведуваат следните пулмоалерголошли процедури:

- Спирометрија
- Спирометрија со бронходилататор
- Специфична алерголошка имунотерапија
- Скарификација на лекови
- Пеф мерење дома
- Бронхијална провокација со метахолин
- Мерење на азотен моноксид од воздух од нос и параназални синуси
- Мерење на азотен моноксид од воздух од бели дробови
- Инхалација
- Алерготест со инхалаторни и нутритивни алергени

Промедика Медикал Центар е приватна здравствена поликлиника во рамките на Промедика. Нашите почетоци датираат  од  15.10.2008 година кога почна со работа кабинетот по интерна медицина.

Поликлиниката Промедика Медикал Центар е приватен здравствен центар кој Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Tимот од стручни лица кои го сочинуваат нашиот центар е подготвен со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижи за Вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО. Нашиот стручен кадар од различни медицински области со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија. Во современо опремениот и топол амбиент секогаш ќе се чувствувате добредојдени.

Пpомедика Медикал Центар нуди услуги во следниве здравствени области:

  • Општа медицина
  • Педијатрија
  • Гинекологија
  • Стоматологија
  • Заботехничка лабораторија
  • Трудова медицина и систематски прегледи
  • Интерна медицина
  • Дерматовенерологија
  • Ласерски третман
  • ОРЛ-уво, нос и грло
  • Офталмологија
  • Хирургија
  • Центар за третирање на рани
  • Центар за стома
  • Физикална медицина и рехабилитација
  • Неуропедијатрија
  • Психијатрија
  • Психологија и псохотерапија

Во понудата на ПЗУ Промедика Медикал центар може да одберете и индивидуални пакети, смејни пакети и fit Пакети

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.