ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: ПЗУ ПРОМЕДИКА! До 79% попуст на специјалистички пакет по избор: кардиолошки, интернистички, уролошки, нефролошки, офталмолошки, дерматолошки + скрининг, ОРЛ и ехо на тироида или дојка

ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: ПЗУ ПРОМЕДИКА! До 79% попуст на специјалистички пакет по избор: кардиолошки, интернистички, уролошки, нефролошки, офталмолошки, дерматолошки + скрининг, ОРЛ и ехо на тироида или дојка

Вредност

1,000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

601 ден.

Преостанато време

Купени : 381

  • ул. св. Кирил и Методиј бр. 50 Скопје - Центар 1000, Скопје Македонија

  • 02 3248 454, 070 206 719

  • medikalcentar@promedika.com.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 07:30 - 20:00

Добивате

Специјалистички пакет по избор:

1. Kомплетен специјалистички оториноларинголошки преглед, цена: 1000 ден. 399 ден.

  • Уво
  • Нос
  • Грло
  • Испирање уши
  • Аудиометриско испитување на слух во тивка аудиометриска кабина
  • Тимпанометрија (испитување на функцијата на средното уво преку создавање варијации на притисокот на воздухот во ушниот канал) 

*прегледот ги изведува специјалист оториноларинголог Др. Бојана Силјановска

2. Комплетен специјалистички офталмолошки преглед, цена: 1000 ден. 430 ден.

  • Специјалистички офталмошки преглед
  • Одредување диоптрија за близина и далечина
  • Проверка на видот
  • Препишување на адекватен диоптер за очила за корекција на видот
  • Компјутерско одредување на диоптер (рефракција)

*прегледот го изведува специјалист офталмолог Др. Лидија Лазаревска

3. Дерматолошки преглед + скрининг на сите бенки (преглед со дигитален дермоскоп), цена: 2000 ден. 550 ден.

*прегледот го изведува Др. Ивана Панговска

4. Специјалистички преглед со ехо на дојка, цена: 1500 ден. 490 ден.

*прегледот го изведува Проф. Др. Маја Милованчева Поповска

5. Специјалистички преглед со ехо на тироида, цена: 1200 ден. 490 ден.

*прегледот го изведува Проф. Др. Маја Милованчева Поповска

6. Комплетен специјалистички интернистички преглед, цена: 4000 ден. 850 ден.

  • Интернистички преглед
  • Eхо на абдомен
  • ЕКГ 
  • Спирометрија

7. Комплетен специјалистички кардиолошки преглед, цена: 4200 ден. 890 ден.

  • Специјалистички преглед 
  • ЕКГ
  • Ехо на срце
  • Ултразвук со доплер на каротиди

*прегледот го изведува  Др. Сузана Мијова

8. Комплетен специјалистички уролошки и нефролошки и преглед за мажи, цена: 4000 ден. 1100 ден.

  • Ехо на простата и тестиси
  • Доплер на пенис и тестиси
  • Ехо на бубрези и надбубрежни жлезди
  • Ехо на мочно ќесе и мочоводи
  • Ехо проценка на рест урина (резидуална урина)
  • Комплетна дијагоноза и советување

*прегледот го изведува Проф. Др. Маја Милованчева Поповска


Услови

  • Купонот може да се искористи од 31.01.2018 до 24.03.2018
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Поликлиниката Промедика Медикал Центар е приватен здравствен центар кој Ви нуди широк спектар на специјалистички услуги и професионална и квалитетна нега од дијагноза до рехабилитација во пријатен амбиент. Tимот од стручни лица кои го сочинуваат нашиот центар е подготвен со своето знаење, искуство, трпеливост и љубезност да се грижи за Вашето здравје, почитувајќи ги највисоките стандарди и принципи на современата медицина и препораките на СЗО. Нашиот стручен кадар од различни медицински области со помош на најсовремената опрема се во можност брзо и прецизно да постават дијагноза и да ординираат соодветна современа терапија. Во современо опремениот и топол амбиент секогаш ќе се чувствувате добредојдени. Промедика Медикал Центар е приватна здравствена поликлиника во рамките на Промедика. Нашите почетоци датираат  од  15.10.2008 година кога почна со работа кабинетот по интерна медицина.

Пpомедика Медикал Центар нуди услуги во следниве здравствени области:

  • Општа медицина
  • Педијатрија
  • Гинекологија
  • Стоматологија
  • Заботехничка лабораторија
  • Трудова медицина и систематски прегледи
  • Интерна медицина
  • Дерматовенерологија
  • Ласерски третман
  • ОРЛ-уво, нос и грло
  • Офталмологија
  • Хирургија
  • Центар за третирање на рани
  • Центар за стома
  • Физикална медицина и рехабилитација
  • Неуропедијатрија
  • Психијатрија
  • Психологија и псохотерапија

Во понудата на ПЗУ Промедика Медикал центар може да одберете и индивидуални пакети, смејни пакети и fit пакет.

Интерна медицина на овој оддел се вршат сите видови интернистички прегледи и консултации и се достапни следниве услуги:

  • Педометрија - Единствен во Македонија, апарат за педометрија - emed. Специјално наменет за луѓе со шеќерна болет -diabetes mellitus (Навреме ги открива почетните промени на дијабетско стопало и дијабетска невропатија. 
  • Интернистички преглед со ЕКГ - Оваа услуга вклучува високостручен интернистички преглед, како и ЕКГ со најсовремен компјутерски софтвер, за навремено се  дијагностицираат сите интернистички и кардиоваскуларни (срцеви) заболувања
  • ЕХО кардиографија - со колор доплер е неинвазивна ултразвучна постапка која ја снима структурата и движењата на срцето и ги детектира сите аномалии.
  • ЕХО на внатрешни органи - Оваа неинвазивна постапка овозможува прецизно снимање на структурата и работата на внатрешните органи. Со неа се детектираат и најситните аномалии и навремено се дијагностицираат многубројни заболувања.
  • ЕХО на тироидеа (штитна жлезда) - е неинвазивна ултразвучна дијагностика за навремено откривање на патолошки промени на штитната жлезда, како и за следење на нејзината морфологија/структура, големина и крвоснабдување.
  • Коронарен стрес тест - го следи кардиоваскуларниот систем при вежбање. Тестот се изведува во удобна седечка позиција, со најсофистициран Ергометар кој е единствен на Балканот и помага при рано дијагностицирање на многу срцеви заболувања.
  • ЕКГ Холтер Мониторинг - е 24 и 48 часовен мобилен уред кој ги следи електричните импулси на срцето и е погоден за дијагностицирање на промени на ритамот на срцето и други срцеви заболувања.
  • Холтер Мониторинг на крвен притисок - е 24 часовен Холтер мониторинг на Вашиот крвен притисок.
  • Дневна болница со интравенска и интрамускулна терапија опремена е со најсовремени болнички кревети со механизми, со цел пациентите да се чувствуваат колку што е можно поудобно, покомфорно, а терапијата ја дава високо образован медицински кадар со долгогодишно искуство.
  • Колор доплер на артериски и венски крвни садови -Ултразвучен Колор Доплер е техника за неинвазивно мерење на циркулацијата, т.е техника со која што се испитува протокот низ големите и мали крвни садови на горните и долните екстремитети (раце и нозе) и главниот крвен сад во организмот-аортата. Специјалистот исто така дава и препорака за еластични чорапи или ракави.
  • Колор доплер на каротидни артерии претставува неинвазивна дијагностичка метода за следење на протокот на главните крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв.
  • Пулмоалерголошки испитувања и одредување терапија. Навремени испитувања со најсовремена опрема, изведени од стручен кадар, се основа за спречување или лечење на акутни и хронични промени на горните и долни респираторни (дишни) патишта.
  • Нефролошки и уролошки испитувања Во оваа понуда е вклучен целосен специјалистички пакет преглед кој е комбинација од нефролошки и уролошки испитувања. Нефролошкиот преглед на пациентот подразбира детален разговор и клинички преглед кој во зависност од индикациите се проширува со лабораториски испитувања на крвта и урината, ултразвучен преглед на уротрактот, микробиолошки иследувања, кои не се вклучени во пакетот од промотивната зделка. Исто така тука е вклучен ултразвучен преглед во мочното ќесе каде може да се најдат микролити, поретко каменчиња, промени на зидот (задебелување, нерамнини, испапчувања), туморозни промени (папиломи, карциноми).
  • Дерматологија Дермоскопијата е најсовремена,неинвазивна метода за рана детекција на меланом, како и дијагностика и евалуација на останатите пигментни-меланоцитни и непигментни-немеланоцитни кожни лезии,од типот на кератози,папиломи,дерматофиброми,хемангиоми,базоцелуларни,спиноцелуларни карциноми итн. Дигиталната дермоскопија овозможува следење на сите суспектни невуси(бемки) кои со тек на времето се менуваат,а при секој преглед се фотографираат,архивираат,споредуваат со претходните и во случај на појава на одредени промени се поставува индикација за нивно отстранување.Особено е значајна метода кај пациенти со зголемен ризик за настанување на меланом,а тоа се индивидуи кои имаат атипични(диспластични) невуси,луѓе со претходна историја за третман на меланом или друг кожен карцином, луѓе кои имаат поголем број на младежи на телото,кои се со светол фототип и доста чувствителни на изложување на сонце,кои имале изгореници од сонце во детството или адолесценцијата како и оние кои поради професија или хоби се хронично изложени на УВ зрачење.

Мерење на резидуалната урина (ехо проценка на рест урина) е важен индикатор кој ја мери количината заостната урина по мокрењето. Во специјалистичкиот уролошки преглед е вклучен ултразвучен преглед на простат и тестисите.

Ултразвукот се врши со цел детектирање бенигно зголемување на простата (БПХ, бенигна простатична хиперплазија), димензиите на простатата, правецот на растење и ограниченоста во однс на околните органи, промени во структурата. Прегледот на простатата е задолжителен и кај асимптоматски мажи (кои немаат тегоби) над 45 години старост барем еднаш годишно.

Карциномот на простата е почест кај мажи над 40 години, додека пак карциномот на тестиси е најчест канцер кај мажи на возраст од 18 до 35 години.

Ултразвучниот преглед на тестисите може да визуелизира абнормалности на тестисите. Ако рано се открие е еден од канцерите кои најлесно се лекуваат. Но доколку канцерот на тестис не се дијагностицира и лекува во ран стадиум тој може брзо да се шири преку лимфната мрежа во белите дробови и другите делови на телото. Тестикуларниот карцином е особено опасен бидејќи често нема симптоми асоцирани со него. Тој започнува како маса мала како зрно грашок во самиот тестис која може да не се забележи и покрај само-преглед.

Промените, проблемите и дисфункцијата на пенисот е честа појава која многумина знаат да ја игнорираат. Испитувањето преку доплер на пенис овозможува иследување на промени и болести како еректилна дисфункција, Peyroni болест (искривување на пенис), стерилитет, траума и тн.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ