Напредна кардиоваскуларна проценка! 46% попуст на ехокардиографија + напредна ехокардиографија + доплер на каротиди со тироидеа во вредност од 5500 ден. по цена од 2990 ден. од ПЗУ д-р Маја Шушлевска

Цена

2990 ден.

Вредност

5500 ден.

Попуст

46%

Заштеда

2510 ден.

Преостанато време

Купени: 16

Добивате

Ехокардиографија + напредна ехокардиографија + доплер на каротиди со тироидеа

Услови

  • Купонот може да се искористи од 03.06.2021 до 31.01.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на термин за преглед
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок, средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Ехокардиографија
2д колор доплер ехокардиографија: Претставува основна визуелизациона метода во кардиологијата со која се овозможува приказ на срцевите структури, комори и преткомори, срцевите залистоци, болести на срцевиот мускул, способност и сила на дејство на мускулот, а истотака и овозможува одредување на  функцијата на срцевите комори со помош на колор и пулсен доплер со што се поставува дијагноза  за најголемиот број од срцевите заболувања или констатира нормална функција на срцето.

Тироидна жлезда
Тироидната жлезда е дел од ендокриниот систем и е под контрола на хипоталамусот и хипофизата, а го регулира целокупниот метаболизам на организмот, т.е. ја регулира работата на мозокот, срцето, црниот дроб, бубрезите, репродуктивните органи, хематопоезата итн. и е една од најчесто засегнати ендокрини жлезди. Нарушувања во нејзината функција доведуваат до нејзина намалена функција – хипотиреоза или засилена функција - хипертиреоза. Навремено поставената дијагноза на овие нарушувањанај доведува до успешно лекување. Се случува во ткивото на тироидната жлезда да се појават јазли (нодуси) кои можат, но и не мораат да влијаат на нејзината функција. Иако најчесто се работи за бенигни промени, важно е да се препознаат оние јазли кои треба дополнително да се евалуираат со тенкоиглена биопсија за да се утврди дали се малигно променети.
Заболувања на тироидната жлезда во текот на бременоста се посебно поглавје кое несомнено бара навремено препознавање и лекување.

За компанијата

Приватна здравствена ординација по интерна медицина со кардиологија "Др.Маја Шушлевска"

Др.Маја Шушлевска Павковска е специјалист интернист, кардиолог со повеќегодишно искуство во интерната медицина, пред сè кардиологија. Има завршено медицински факултет и специјализација по интерна медицина на медицинскиот факултет во Скопје, а своето стручно искуство го надградува со учество во бројни симпозиуми,
школи и конгреси во регионот и пошироко. Др.Шушлевска Павковска пред оснивањето на сопствената ординација ја раководеше првата приватна ординација по интерна медицина и кардиологија во Скопје 11/2017 – 10/2020, основана од др.Јосиф Наумовски, истакнат кардиолог од клиниката за кардиологија при медицинскиот факултет во Скопје и еден од основоположниците на лабораторијата за катетеризација на клиниката.
Во ординацијата е овозможена целосна кардиоваскуларна проценка на пациенти со ризик за срцеви заболувања и веќе стекнати срцеви болести со помош на дијагностички методи како екг, базична и напредна ехокардиографија, коронарен стрес тест, васкуларен доплер, стрес ехокардиографија и холтер екг. Истотака се одредува и потребата од дополнителни дијагностички методи како, перфузиона сцинтиграфија или коронарографија, а по потреба пациентите се испраќаат и на кардиохирургија. Кај пациенти кои имаат кои имаат срцева слабост, хемодинамско оптоварување на срцето кое се манифестира со заболување и на белите дробови, како и кај одредени воспалителни или акутни заболувања на белите дробови, се изведува ехо на белите дробови.

Истотака др.Шушлевска има долгогодишно искуство во ултразвучно испитување на стомакот и внатрешните органи (црниот дроб, жолчката, бубрезите, панкреасот, мочниот меур и простатата) со прецизно одредување на васкуларни промени на аортата и бубрежните артерии.

Кабинет за тироидна жлезда – долгогодишно искуство во дијагностицирање, третман и следење на заболувањата на тиродната жлезда: хипотиреоза, хипертиреоза, тироидна очна болест, болести на тиродната жлезда во бременост, бенигни и малигни болести на тироидеата.

Болести на метаболизмот – долгогодишно искуство во дијагностицирање и терапија на пред - дијабет, дијабет тип 2 и тип 1, со симултан скрининг за оштетувања на малите и големите крвни садови (микро и макроангиопатии).

Екг
Претставува основно, почетно испитување во кардиологијата со кое се снима електрична струја на срцевиот мускул и овозможува проценка на срцевот ритам, фреквенција и дава информација за срцевата оска, евентуално здебелување на срцевиот мускул или срцевите структури, недостаточна прокрвеност на срцевите артерии, последици од прележан инфаркт, вродени пореметувања во срцевиот ритам, каналопатии и др.

Ехокардиографија
2д колор доплер ехокардиографија: Претставува основна визуелизациона метода во кардиологијата со која се овозможува приказ на срцевите структури, комори и преткомори, срцевите залистоци, болести на срцевиот мускул, способност и сила на дејство на мускулот, а истотака и овозможува одредување на  функцијата на срцевите комори со помош на колор и пулсен доплер со што се поставува дијагноза  за најголемиот број од срцевите заболувања или констатира нормална функција на срцето.

Speckle Tracking
Претставува напредна ехо метода со која квантифицира лонгитудиналната функција на левата комора со детекција и трасирање на лонгитудиналниот слој на срцевиот мускул како дополнителна информација за проценка на срцевата функција. Се користи како рана сензитивна метода за проценка на почетна срцева слабост при заболувања на срцевиот мускул,  испади во работата на залистоците, проценка за кардиотоксичност на одредена
терапија итн.и претставува современа, прецизна метода во навигацијата на срцевиот третман.

Коорнарен стрес тест
Претставува основна, важна, неинвазивна метода за проценка на коронарната циркулација со која се детектира проoдноста на срцевите  артерии.  Се користи т.н. Bruce протокол, кој се изведува вообичаено во три активни фази и фаза на опоравување, а пациентот се движи на подвижна лента  со цел да се предизвика пораст на срцевата фреквенција предвидена за возраста и полот на пациентот и типично се анализира изгледот на ЕКГто  за време на
движењето и за време на фазата на опоравокот.

Васкуларен доплер на каротиди:
Претставува визуелизациона метода со која се проценуваат магистралните крвни садови на вратот, заедничките каротидни артерии и нивните гранки, надворешната и внатрешната каротидна артерија, како и вертебралните артерии. Прецизно се мери дебелината на т.н.интима медија на внатрешноста на крвниот сад со што се проценува степенот на инфламација и атероматоза. Исто така се мерат струјните брзини на крвта низ поедини сегменти од артериите и доколку постојат, квантитативно се проценуваат евнтуалните стенози со што се одредува начин на третмант, конзервативен или инвазивен со операција и ангиопластика.

Периферниот васкуларен доплер ги прикажува артериските и венските крвни садови на нозете. Со артерискиот вообичаено се детектираат атероматозни промени, плаки и/или стеснувања на крвните садови и се проценува дали е потребен конзервативен третман или интервенција.

Венскиот доплер го прикажува протокот низ длабоките и површните венски садови, претставува метода т.н. златен стандард за идентификација на длабока венска тромбоза и проценка за отстранување (оперативно или ласерско)  на варикозните, проширени вени.

Дијабетологија, ендокринологија, тироидна жлезда                                                                                               Оваа гранка на интерната медицина овозможува проценка на функцијата на жлездите со внатрешно лачење, односно ендокриниот систем, додека дијабетологијата како нејзина подгранка обезбедува дијагностицирање, превенција и третирање на дијабетот (како последица на недоволно лачење на хормонот инсулин од страна на панкреасот и/или негова резистенција) и неговите акутни и хронични компликации. Се вршат вообичаени анализи на серумската гликемија, гликозилиран хемоглобин А1Ц ХбА1Ц во крв, инсулинемија и останати параметри поврзани со гликорегулацијата. Се врши процена на дијабетичните компликации на малите и среднокалибарните артерии, нервите и дијабетичните рани.

Ендокринологијата се занимава со дијагностицирање и третман на болестите на хипофизата, тироидната жлезда, панкреасот, надбубрежните жлезди и репродуктивните жлезди (јајниците и тестисите). Најчести во општата популација  се заболувањата на тиродната жлезда,  дијабетот и полоцитичниот синдорм на јајниците, а поретко се среќава секреторниот пролактином на хипофизата, кушинговиот синдром  како хиперплазија или аденом на надбубрежната жлезда

Тироидна жлезда
Тироидната жлезда е дел од ендокриниот систем и е под контрола на хипоталамусот и хипофизата, а го регулира целокупниот метаболизам на организмот, т.е. ја регулира работата на мозокот, срцето, црниот дроб, бубрезите, репродуктивните органи, хематопоезата итн. и е една од најчесто засегнати ендокрини жлезди. Нарушувања во нејзината функција доведуваат до нејзина намалена функција – хипотиреоза или засилена функција - хипертиреоза. Навремено поставената дијагноза на овие нарушувањанај доведува до успешно лекување. Се случува во ткивото на тироидната жлезда да се појават јазли (нодуси) кои можат, но и не мораат да влијаат на нејзината функција. Иако најчесто се работи за бенигни промени, важно е да се препознаат оние јазли кои треба дополнително да се евалуираат со тенкоиглена биопсија за да се утврди дали се малигно променети.
Заболувања на тироидната жлезда во текот на бременоста се посебно поглавје кое несомнено бара навремено препознавање и лекување.

Метаболизам на витамин Д
Витаминот Д, кој всушност остварува хормонска улога во телото, како и одредени други витамини (Б1, Б3, Б12, фолна киселина) се клучни актери во норморегулацијата на нашите гени одговорни за координирано и целисходно функционирање на нашиот метаболизам, имунолошки систем, стареењето, нивната улога е предмет на изучување на епигенетиката. Одредување на недостаток на овие микросупстанции и соодветната корекција е утврдена во бројни протoколи на болестите на денешницата, метаболни нарушувања и автоимуни заболувања.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.