67% попуст на првата месечна рата за курс по англиски јазик во Queen Language School во вредност од 1800 ден. по цена од 590 ден.

Вредност

1800 ден.

Попуст

67%

Заштеда

1210 ден.

Купени: 2

  • Народен Фронт бр. 5 влез 2 , Skopje, Macedonia

    Одведи ме таму

    075 416 244; 023113143

    elisaveta.queen@gmail.com

Добивате

Прва месечна рата за курс по англиски јазик (16 часа x 45 мин.)

  • Бесплатно тестирање за одредување на нивото пред почеток на курсот
  • Времетраење на целиот курс е: 64 часа по 45 мин.
  • Курсот е наменет за лица над 16 години

*Со овој купон добивате дополнителен 25% попуст на остатокот од курсот

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.01.2019 до 16.02.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Интензитетот на курсот и термините за предавања се утврдуваат по договор со компанијата
  • По купувањето на купонот потребно е да ја контактирате компанијата на 075 416 244 или 3113 134 за потврда на термините
  • Учебниците не се вклучени во цената
  • Со овој купон добивате дополнителен 25% попуст на остатокот од курсот

Опис

Центарот за јазици Queen постои од 1992 година. Queen организира курсеви по англиски, германски и албански јазик. Од 2006 центарот е акредитиран од Македонската асоцијација за квалитет во наставата(МАКС). МАКС е асоцијативен членна Европската асоцијација за квалитет во наставата(EAQUALS) и е формирана по пример на EAQUALS, а поддржана од Британскиот Совет(BC). Наставата во центарот се одвива во сопствени простории на улица Народен Фронт 5-II/5 во Капиштец. Центарот е опремен со аудио и видео опрема, компјутери, библиотека, WiFi, и многу постери, флешкарти за подобрување на наставата. Пред две години центарот започна со користење и на интерактивна табла (LCD + e-beam) како дел од наставата со посебни програми од ниво А нулта до А2(детски) и како дополнителна настава на другите нивоа. Учебниците кои се користат се оригинални и се од англиски и германски издавачки куќи. Од 2007 година центарот почна со имплементирање на Европското јазично портфолио за возрасни (16+) кое е координирано од Советот на Европа за да даде признание на учењето јазици на сите нивоа.Центрите во МАКС за првпат го применуваат ова портфолио и се поддржани од Британскиот Совет.
Наставата се одвива во групи, парови или индивидуално. Групите се од три до осум слушатели.Часовите се двапати неделно по 45 минути за предучилишни и подготвителни курсеви, 2×60 минути неделно за детски и гимназиски курсеви и 2×90 минути за возрасни, бизнис курсеви и меѓународни испити. Часовите за забрзаните курсеви се 4×90 минути неделно.
За да се доловат англиската и германската култура и традиција се слават сите англиски и германски празници заедно со македонските. Самите ученици учествуваат во наставата преку правење на најразлични проекти кои се дел од материјалот или проекти поврзани со празниците. Доколку има можност и интерес може да се организираат патувања во Велика Британија каде слушателите посетуваат британски колеџи за усовршување на јазикот. Нашиот центар нуди многу можности за изучување на англискиот и германскиот јазик и култура.
Центарот нуди и преведување на секаков вид пишан исказ од англиски, германски, српски, хрватски и албански на македонски јазик и обратно со преведувачи кои поседуваат меѓународни сертификати CAE според македонски стандарди.
Од 2013 година училиштето е член на Сојузот на Стопански Комори на Македонија како дел од Работната Група за Квалитет во наставата по странски јазик.
Училиштето како дел од МАКС учествуваше во составување на курикулумот за испитот АПТИС, ниво А1.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.