Луксузна релаксација во Маврово (18.09-25.11.2019)! 21% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна Superior соба + СПА во Хотел Радика 5* во вредност од 2418 ден. (39€) по цена од 1899 ден. (31€)
Добивате
Понудата е по лице и истата вклучува:
- Ноќевање со појадок во Superior двокреветна соба
- Користење на СПА центарот: финска сауна, парна бања, приватна кабина (базен) со солена вода, џакузи со топла вода
- Користење на фитнес центарот
*Во термин 11-13.10.2019 год. потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања
Услови
- Купонот може да се искористи од 19.09.2019 до 25.11.2019
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони, односно да престојувате две лица
- Во термин 11-13.10.2019 год. потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања
- Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
- Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа.
- По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
- За деца 0-3,99 год. е бесплатно
- За деца од 4-11,99 год. потребна е доплата од 15 евра од ноќевање
- Доплатите се прават во хотелот на рецепција
- Надворешниот базен не е активен
- Превозот не е вклучен во понудата
- Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
Опис
Хoтел Радика
Првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово", Западна Македонија, на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Локацијата е инспиративна во текот на целата година и е на оддалеченост од само 90 километри од аеродромот во Скопје.
Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен.
Со чаша македонско вино можете да се опуштите и да уживате во посебната атмосфера и да се уверите во познатата македонска гостопримливост. Хотел Радика е идеално место за бегство од градскиот метеж и регенерирање на потребната енергија. Ние ги нудиме најлуксузните и најпространи хотелски соби во Македонија. Собите се со современ, елегантен и удобен мебел, изградени во барок и модерен стил. Располагаме со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Хотелот располага и со внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.
СПА Центар
Радика Спа центарот нуди повеќе видови на третмани за убавина, холистички третмани, за нега на лице и тело. Спа центарот содржи полуолимписки внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, Турски Амам, Приватна кабина (базен) со солена вода, како и џакузи со топла вода. Во склоп на Спа центарот е и Радика Фитнес центарот, кој располага со неколку видови на машини за телесни кардио вежби, како и реквизити за вежби со тежини. Во летниот период пак забавата се префрла на надворешниот полу–олимписки базен, каде што ќе Ве придружува одлична музика и летен “pool bar”.
Супериор соби
Удобни соби шармирачки декорирани со енергични сенки и одличен спектар на бои и мебел. Дизајнирани за сечија потреба и комфорт кој ви го овозможува просторноста на собите(35м2). Сите кревети во супериор собите се кралска големина за ваш додатен одмор и уживање. Во супериор собите постои опција и за додавање на екстра кревет.
Опремени со:
- Интернет
- Макс ТВ
- Фен
- Голем LCD телевизор
- Кралски кревет
- Клима
- Мини бар
- Сеф
- Посебна бања
Grouper интересни факти за Маврово
- Името Маврово значи Црно Поле и ѝ било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското (Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се создаде Мавровското Езеро.
- Старата селска црква „Свети Никола“, што зимно време се наоѓа на суво, лете како да плови по езерото, пркосејќи ѝ на човечката интервенција.
- Маврово е познато по еден од најубавите ски-центри во Македонија што е сместен на падините на планината Бистра.
- Кога сте во Маврово, никако не пропуштајте ја можноста да се прошетате до манастирот „Свети Јован Бигорски“, најрепрезентативниот споменик на архитектонско-уметничкото наследство на регионот.
- Во бачилата направени во планински стил можете да се сончате на планинското сонце со планински чај, варена ракија и туршија и да уживате во облините на снежната кралица Бистра.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.