Незаборавна авантура (Септември)! 40% попуст на две ноќевања + рафтинг на Тара + џип сафари низ НП Сутјеска во кампот Highlander во вредност од 9300 ден. (150 еур) по цена од 5602 ден. (90 еур)

Цена

5602 ден.

Вредност

9300 ден.

Попуст

40%

Заштеда

3698 ден.

Купени: 8

  • Bastasi bb

    Одведи ме таму

    +387 65 475 201

    [email protected]

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Две ноќевања во дрвени стандардни бунгалови
  • Рафтинг на Тара
  • Џип сафари и планинарење низ НП Сутјеска (прашума Перучица и Трновачко Езеро)
  • Комплетна рафтинг опрема (неопренско одело, сигурносен елек, кацига и весло)
  • Туристичка такса и такса за рафтинг во вредност од 4.5 еур
  • Такса за НП Сутјеска и Трновачко Езеро
  • Превоз со теренски возила (за времетраењето на аранжманот)
  • Лиценциран скипер за диви реки и водич за планинарење низ прашума
  • Бесплатен паркинг за вашите возила

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.04.2022 до 30.09.2022
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на емаил [email protected] или телефонскиот број +387 65 475 201 (Viber или WhatsApp)
  • За потврда на резервацијата потребно е да се испрати купонот на е-меилот на кампот
  • За викенд денови потребно е да резервирате 1 недела однапред, додека за денови рпеку неделата може да резервирате термини - месеци однапред
  • Во цената не се вклучени оброци за истите можете да доплатите во кампот (појадок 8 €, ручек 15 € и вечера 12 €)
  • Превозот не е вклучен во понудата 
  • Во кампот не е дозволено внесување на алкохол
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени

Опис

Рафтингот на Тара е вистински предизвик за сите љубители на авантуристички туризам, кои сакаат да доживеат уникатно искуство и активен одмор во природа. И кога мирот и спокојството од планинските масиви ќе ги привлечат љубителите на природата во вас, тогаш рафтингот во кањонот Тара треба да се надополни со сафари со џип и пешачење низ прашумата Перучица сè до Трновачкото езеро. Ќе уживате во незаборавна рафтинг авантура и ќе ги видите областите на последната прашума во Европа „Перучица“ и нејзиниот водопад Скакавац, висок дури 73 м. Со тимот на Highlander можете да го посетите и Трновачкото Езеро кое е познато низ Европа по формата во облик на срце и да пиете вода од планинските извори. Забавата е загарантирана како и многуте незаборавни спомени и пријатели. 

ПРОГРАМА:

1 ДЕН: Пристигнување во кампот Highlander до 18ч. Сместување во резервиран планинаски бунгалов, со можност за вечера. Потоа следи дружење покрај оган со музика. Координатите на кампот се: N: 43.362051; Е: 18.807748.

2 ДЕН: Појадок за сите ранобудци (околу 8:00 часот). Потоа следуваат припреми за џип сафари и hiking авантура. Со теренските возила се поаѓа во 9 часот во правец на НП Сутјеска. По едночасовно возење, се пристигнува во прашумата Перучица, најзачуваниот прашумски резерват во Европа, каде што ке се види водопадот Скакавец, кој е висок 73 метри. Потоа планинарењето продолжува до платото под Маглица (најголемата планина во БиХ), од каде што продолжуваме до Трновачкото Езеро (час и пол пешачење). Кај езерото се прави пауза за одмор и бањање. Враќањето во кампот предвидено за во 17 часот, каде што е организиран традиционален ручек (доколку има заинтересирани, ручекот може да се нарача пред тргнување на џип сафари, во НП Сутјеска). По вкусниот ручек, можете да уживате во прошетка покрај река, друштвени игри или некои спортски активности во кампот (одбојка, мал фудбал...) Вечера за сите заинтересирани околу 20 часот, а потоа следи дружење покрај оган и музика.

3 ДЕН: По појадокот (08:00 ч.) следи превземање на опремата за рафтинг. Околку 10 часот со теренски возила се патува до почетната точка за рафтинг. Водичите го прават распоредот, следи краток курс за правилно седење и однесување во чамецот и техниката на веслање на брзата река. Потоа следи рафтинг на највозбудливите реки на Тара во траење од 3 до 4 часа со паузи за фотографирање, пливање и освежување. Потоа следи уште 5 км. рафтинг на реката Дрина се до кампот Highlander каде во 15:00 ч. е оранизиран ручек (доколку сакате, треба истиот да го нарачате пред рафтинг турата). По вкусниот традиционален ручек, се сумираат впечатоците и плановите за идни авантури... непосредно пред крајот на авантурата. Според договор со гостите, има можност за продолжување на авантурата - риболов, јавање коњи, друмски велосипедизам, излет до Сараево, Вишеград, Требиње или Долина на Хероите.

*Доколку има голем број на гости, рафтингот ќе биде организиран во две групи-претпладне и попладне.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.