Незаборавна адреналинска авантура (15.04 -30.09.2019)! 38% попуст на две ноќевања + рафтинг на Тара + џип сафари низ НП Сутјеска во вредност од 7750 ден. (125 еур) по цена од 4805 ден. (77,5 еур)

Вредност

7750 ден.

Попуст

38%

Заштеда

2945 ден.

Преостанато време

  • Bastasi bb

    Одведи ме таму

    +387 65 475 201

    highlandertim@hotmail.com

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Две ноќевања во дрвени бунгалови
  • Рафтинг на Тара
  • Џип сафари и планинарење низ НП Сутјеска (прашума Перучица и Трновачко Езеро)
  • Комплетна рафтинг опрема
  • Турстичка такса и такса за рафтинг во вредност од 4.5 еур
  • Такса за НП Сутјеска и Трновачко Езеро
  • Превоз со теренски возила (за времетраењето на аранжманот)
  • Лиценциран скипер за диви реки и водич за планинарење низ прашума
  • Бесплатен паркинг за вашите возила

*Понудата важи за денови од понеделник до петок

Услови

  • Купонот може да се искористи од 15.04.2019 до 30.09.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација!
  • Понудата важи за денови од понеделник до петок
  • За потврда на резервацијата потребно е да се испрати купонот на е-меилот на кампот
  • Во цената не се вклучени оброците, за истите можете да доплатите во кампот: појадок 6 еур, ручек 12 еур и вечера 10 еур
  • Превозот не е вклучен во понудата 
  • Во кампот не е дозволено внесување на голема количина алкохол
  • Доколку не го искористите купонот во предвидениот период истиот пропаѓа и средствата не може да бидат рефундирани.

Опис

Рафтинг на Тара претставува незаборавна авантура и активен одмор, кој се препорачува барем еднаш во животот да се искуси. Доколку сте исконски љубители на природата и планинарењето, тогаш овој аранжман претставува совршен спој за вас! Посетете ги пределите на последната прашума во Европа - Перучица, нејзиниот водопад Скакавац кој е висок дури 73 метри. Кањон Тара е втор по големина во светот, а оваа река многумина ја нарекуваат и солзата на Европа поради нејзината бистра и плитка вода, ама кога ќе запловите на нејзините бранови ќе видите дека тоа е нешто најубаво што ќе го доживеете. Затоа не ја пропуштајте оваа понуда, изберете тридневен аранжман на Тара и препуштете се на авантурата која ќе ве остави без здив. Авантура после која ќе имате многу нови пријатели и прекрасни спомени, богатство кое нема цена. Резервирајте го своето место уште сега!

ПРОГРАМА:

1 ДЕН: Пристигнување во кампот Highlander до 18ч. Сместување во резервиран планинаски бунгалов, со можност за вечера. Потоа следи дружење покрај оган со музика.

2 ДЕН: Појадок за сите ранобудци (околу 8:00 часот). Потоа следуваат припреми за џип сафари и хајкинг авантура. Со теренските возила се поаѓа во 9 часот во правец на НП Сутјеска. По едночасовно возење, се пристигнува во прашумата Перучица, најзачуваниот прашумски резерват во Европа, каде што ке се види водопадот Скакавец, кој е висок 73 метри. Потое планинарењето продолжува до платото под Маглица (најголемата планина во БиХ), од каде што продолжуваме до Трновачкото Езеро (час и пол пешачење). Кај езерото се прави пауза за одмор и бањање. Враќање во кампот предвиден за во 17 часот, каде што е организиран традиционален ручек (доколку има заинтересирани, ручекот може да се нарача пред тргнување на џип сафари, во НП Сутјеска). По вкусниот ручек, можете да уживате во прошетка покрај река, друштвени игри или некои спортски активности во кампот (одбојка, мал фудбал...) Вечера за сите заинтересирани околу 20 часот, а потоа следи дружење покрај оган и музика.

3 ДЕН: По појадокот (08:00 ч.) следи превземање на опремата за рафтинг. Околку 10 часот со теренски возила се патува до почетната точка за рафтинг. Водичите го прават распоредот, следи краток курс за правилно седење и однесување во чамецот и техниката на веслање на брзата река. Потоа следи рафтинг на највозбудливите реки на Тара во траење од 3 до 4 часа со паузи за фотографирање, пливање и освежување. Потоа следи уште 5 км. рафтинг на реката Дрина се до кампот Highlander каде во 15:00 ч. е оранизиран ручек (доколку сакате, треба истиот да го нарачате пред рафтинг турата). По вкусниот традиционален ручек, се сумираат впечатоците и плановите за идни авантури... непосредно пред крајот на авантурата. Според договор со гостите, има можност за продолжување на авантурата - риболов, јавање коњи, друмски велосипедизам, излет до Сараево, Вишеград, Требиње или Долина на Хероите.

Доколку има голем број на гости, рафтингот ќе биде организиран во две групи-претпладне и попладне.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.