11 ја следат оваа компанија


РефлуВард кесички (граничен производ)

420 ден.

Опис

1. Што претставува и за што се користи производот РЕФЛУВАРД®    

РЕФЛУВАРД®  производ во течна дозажна форма спакуван во кесички стапчиња за директна орална употреба, кој содржи Бодликава Круша, Маслинка, Полифеноли, Сладок корен, Нане, Киви и Актинидин.

РЕФЛУВАРД® има  омекнувачко и смирувачко дејство (врз дигестивниот систем), а придонесува и за нормална дигестивна функција.

ОPUNTIA FICUS - INDICA MILL. ( БОДЛИКАВА КРУША): Тоа е растение кое потекнува од Мексико,  припаѓа на фамилијата Сactaceae.  Слузот и пектините внатре во кладодите на бодликавата круша имаат гастрозаштитно дејство,и исто така, омекнувачко и смирувачко дејство на целиот дигестивен систем.

OLEA EUROPAEA L. (Маслинка):  тоа е растение што потекнува од медитеранските региони и Средниот Исток, припаѓа на семејството Oleaceae. Покрај употребата за исхрана, маслинката (кората и лисјата) е позната по своите диуретични, лековити, адстригентни, хипотензивни својства и како помошно средство во третман на различни инфекции. Особено, традиционалната медицина на медитеранското население отсекогаш им давала на Маслиновите лисја медицински својства и биле препорашувани за дигестивни болести.

GLYCYRRHIZA GLABRA L. (Сладок корен): тоа е растение од Југозападна Азија и медитеранските региони, припаѓа на фамилијата Leguminosae.Сладкиот корен  може да има гастрозаштитно дејство благодарение на неговата содржина  флавоноиди, а во исто време може да помогне да се излечи воспаление на слузницата со омекнувашки и зараснувачки дејства. Поради овие својства Сладкиот корен може да биде корисен во случај на гастричен улкус, хиатална хернија, гастритис, колитис и гастроезофагијални рефлуксни заболувања.

MENTHA X PIPERITA L. (Нане): Тоа е растение кое потекнува од Европа, и припаѓа на фамилијата Lamiaceae. Може да биде корисно во случај на неколку гастроинтестинални заболувања а, особено, во случај на дигестивни проблеми и рефлукс; всушност, нането може да има ефект како стомахик  што значи дека може да ги активира дигестивните процеси, спречувајќи проблеми со надувување и стомачни болки.

АCTINIDIA KINESIS PLANCH (КИВИ): Тоа е растение кое потекнува од Кина кое припаѓа на фамилијата  Actinidiaceae. Киви е плод со корисни својства, всушност е богат со витамин Ц, калиум, витамин Е, железо и влакна. Покрај тоа, ензимот Актимидин, во овошјето, го олеснува варењето на протеините и затоа може да се препорача за оние со  гастритис и лоша дигестија.

2. Што треба да знаете пред да го употребите производот РЕФЛУВАРД®   

Немојте да го употребувате  производот  РЕФЛУВАРД®    доколку сте алергични или преосетливи на некоја од состојките на производот. Избегнувајте продолжена употреба на производотот доколку имате висок притисок.

Бременост и доење: Бремени жени и доилки да се консултираат со лекар пред употреба на производот.

Важни информации за некои состојки на производот : производот не содржи глутен.

3.Како се употребува  производот РЕФЛУВАРД®  ®кесички стапчиња

Секогаш употребувајте го  производот според препораките дадени во ова упатство или како што Ви препорачал вашиот лекар или фармацевт 

Дозирање:

Препорачана дневна доза за возрасни лица е 2 кесички на ден, земете една кесичка од 10 мл по секој од двата главни оброка или една кесичка ноќе пред спиење. Протресете ја содржината на кесичката со слаб притисок  на нејзините страни, потоа отворете ја и директно голтнете ја содржината.

Производот неможе да биде замена за правилна исхрана, при употреба на истиот се препорачува балансирана исхрана и здрав начин на живот.

4.Можни несакани дејства на производот РЕФЛУВАРД®    

Досега нема пријави за несакани дејства на производот. Ако забележите било какви несакани дејства кои не се споменати ,Ве молиме да го информирате Вашиот лекар или фармацевт.

5.Начин на чување и рок на употреба на  производот РЕФЛУВАРД®      

Чувајте го производот подалеку од дофат на деца! Мора да се чува во оригиналното пакување на температура под 25 C. Не чувајте го во фрижидерот или замрзнувач. Отворената кесичка која не е целосно искористена мора да се фрли.

Рок на употреба: Рокот на употреба е означен на пакувањето.  Рокот на употреба се однесува на последниот ден од наведениот месец.

Не го употребувајте  производот по истекот на рокот на употреба!

6.Дополнителни податоци за  производот   РЕФЛУВАРД®      

 Што содржи производот РЕФЛУВАРД® ?

Состојки содржани во 2 кесички(препорачана дневна доза) :

Растителен глицерин, згуснувач: натриум алгинат, регулатор на киселост: калциум карбонат, натриум бикарбонат. Конзерванси: Калиум сорбат, натриум бензоат, вкус.

Бленд на растителни екстракти од кои                                                                                              326мг

 

Бодликава круша д.е                                                                                                                           104мг

Маслинка д.е                                                                                                                                        76мг

Полифеноли                                                                                                                                         12мг

Сладок корен д.е                                                                                                                                 60мг

Нане д.е 1:4                                                                                                                                         60мг

Киви д.е                                                                                                                                               40мг

16000 цду/г Актинидин                                                                                                                       40мг

Изглед и големина на пакување

Една кутија  РЕФЛУВАРД®     содржи 20 кесички од по 4,6г во форма на стапчиња наменети за директна орална употреба.

Начин на издавање на  производот:

Производот се издава и/или продава без рецепт.

Носител на одобрението за ставање на производот  во промет

Пантер Факс ДООЕЛ Ул.Живко Чинго бр.4 1000 Скопје Производител на производот REVI PHARMA Srl Via Giovanni Falcone,35-20080 Vernante,Italy, произведува за

SHEDIR PHARMA Srl Italy-Via Bagnulo, 95 -80063 Plano di Sorrento (NA).

Број и датум на упис во Регистарот на гранични производи 11-7866/1 од 26.07.2018

Детали за испорака

Испорака

  • Бесплатна испорака на сите нивни производи, за нарачки над 700 денари.
  • Време потребно за достава во Скопје: 3-5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Време потребно за достава низ Македонија: 5 работни дена по процесирање на нарачката
  • Доколку имате прашање за доставата контактирајте ја компанијата ТУКА или на 078 388 898, 078 325 798
  • Види ја продавницата на "Пантерфарм" овде 
  • Се согласувам со Условите за замена и враќање на производи

За компанијата

Пантерфарм е компанија која од 2007 година работи во областа на фармацијата. Посветени сме на промовирање здравје, нудејќи широк спектар на високо квалитетни хранливи производи и природна козметика, достапни за секого. Искористете го и Вие совршенството на природата и помогнете му на Вашиот организам на здрав начин да ги надмине предизвиците на секојдневието.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.