Останете млади со Regenecoll! 49% попуст на Regenecoll кутија (рибји колаген во прав) + бесплатна достава од Vitalia во вредност од 1960 ден. по цена од 999 ден.

Цена

999 ден.

Вредност

1960 ден.

Попуст

49%

Заштеда

961 ден.

Преостанато време

Купени: 5

Добивате

Regenecoll кутија (рибји колаген во прав) + бесплатна достава

*Една кутија содржи 28 кесички по 5гр

*Повеќе информации за продуктот може да прочитате во делот ОПИС

Услови

  • Купонот може да се искористи од 02.09.2021 до 30.09.2021
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Производот може да се подигне од локацијата на Vitalia или може да одберете достава (бесплатна)
  • Доколку сакате достава, по купување на купонот испратете ги следните податоци на e-mail contact@vitalia.com.mk: име, презиме, адреса, телефонски број како и кодовите од купонот.
  • Доставата се врши во рок од 4-5 работни дена.

Опис

Regenecoll+ oбезбедува дневна доза од 5g природен колаген добиен од висококвалитен бакалар, уловен од кристално-чистите води на Северноатланскиот океан. Истражувањата покажуваат дека секојдневен внес на 10g колаген во период од 8 недели ја зголемува хидратацијата на кожата за 34%, го зголемува тонот на кожата, ја прави еластична и затегната, ја намалува болката во зглобовите, ги обновува повредените лигаменти и ги зајакнува коските поради што посебно се препорачува за брзо заздравување на различни повреди и фрактури.

Regenecoll+ содржи хидролизирани колаген пептиди тип 1 од риба, односно колаген за кој е докажано дека телото го апсорбира 1.5 пати поефикасно од колагенот кој е внесен од други извори. Главната предност на рибниот колаген е тоа што содржи глицин, пролин и хидроксипролин – аминокиселини кои ги стимулираат клетките во кожата, коските и сврзните ткива, доведувајќи до производство на нов колаген.

Regenecoll+, за разлика од другите продукти од овој тип, е пријатен за консумација, односно е 100% растворлив, без вкус и мирис. Се подготвува со растворање во било каков напиток – вода, чај, сок.

ЗАБЛЕСКАЈТЕ ЗА 8 НЕДЕЛИ За интензивен режим со цел максимални и видливи ефекти на кожата, косата и ноктите, како и регенерација на коски, зглобови и лигаменти се препорачува внес од 2 ќесички (2х5g) рибји колаген Regenecoll+ дневно во период од 8 недели.

За одржување на младешки изглед, мазна кожа, коса и нокти, како и витални коски и зглобови, во континуитет секојдневно се препорачува 1 ќесичка (5g) рибји колаген Regenecoll+.

Колагенот е природно присутен протеин и ја дава цврстината и еластичноста на кожата, истовремено заменувајќи ги мртвите клетки. Кога станува збор за зглобовите и сврзното ткиво, служи како „лепак“ кој го држи телото заедно.

Предности на производот:

  • 100% чист рибји колаген добиен од еколошки уловен бакалар
  • Пријатен и лесен за консумирање
  • Брзо растворање и апсорпција
  • Практично пакување за една употреба
  • Широка примена: вода, кафе, чај, смути
  • Неутрален вкус и мирис
  • Без вештачки адитиви (конзерванси и ароми)
  • Разновидна примена/употреба
  • Без вештачки засладувачи
  • Без горчлив „aftertaste”

Една кутија содржи 28 кесички по 5гр

Повеќе информации за продуктот може да прочитате на следниот ЛИНК

За компанијата

Кои сме ние
Виталиа Никола ДОО е компанија за производство и продажба на здрава храна со општа намена за снабдување на домашните и странските пазари со природни и високонутритивни производи со одличен квалитет и прифатлива цена која одговара на денешниот здрав  животен стил.
Компанијата, која работи од 1993 година, динамично расте, се подобрува од година во година и се наоѓа во водечка позиција на македонскиот пазар за здрава храна.

Нашата визија
Ние никогаш не сме размислувале за продажба на нашите производи како еднонасочна улица. Редовната размена на информации создава повратни информации кои ни овозможуваат брзо да ги прилагодиме нашите производи за да ги задоволат потребите на пазарот и на потрошувачот.
Со потрошувачот како “мотивирачка сила” се прават постојани напори за подобрување и создавање на нови производи при што најважните предуслови се безбедноста, квалитетот, практичноста и иновативноста. Тоа, накратко, е мисијата и визијата на Виталиа.

Што нудиме

Палетата Виталиа нуди изобилство на вкусни идеи за многу варијации на здрава храна – производи со ниско ниво на шеќер, производи без додаден шеќер, без глутен, производи со високо ниво на протеин, КЕТО/нискојаглехидратни производи, , anti-age/beauty и веган/посно. Секоја функционалност е достапна во различни форми, вклучувајќи житарки за појадок, слатки и солени закуски, барови,  намази, како и растителни напитоци, суперхрана и природни засладувачи.

 Сите области на компанијата, од производство до продажба, имаат заедничка цел: да обезбедат целосна, индивидуална услуга за нашите потрошувачи. Флексибилни производни единици, кратки рокови за испорака, сигурен транспорт се само неколку од услугите што ги нудиме на нашите клиенти.

Нашиот тим
Нашиот тим се состои од високо мотивирани, посветени и страсни индивидуи, чие професионално искуство и знаење придонесуваат за голема продуктивност и практична реализација на добро воспоставената визија на Виталиа. Виталиа има повеќе од 250 вработени со полно работно време кои работат во осум сектори: Набавки, Производство, Продажба, Извоз, Развој на производи, Контрола на квалитет, Маркетинг, Сметководство и Технички оддел.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.