Комплетно опуштање! 68% попуст на релакс масажа на целото тело во Студио Алтернатива во вредност од 900 ден. по цена од 290 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Комплетно опуштање! 68% попуст на релакс масажа на целото тело во Студио Алтернатива во вредност од 900 ден. по цена од 290 ден.

Цена

290 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

900 ден.

Попуст

68%

Заштеда

610 ден.

Купени : 73

  • ул. Исаија Мажовски 44 лок. 6 Ѓорче Петров Скопје, Macedonia (Македонија), 1000

  • 078 429 295; 02 6150 369

  • info@studioalternativa.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 13:00 - 20:00 Саб: 14:00 - 19:00

Добивате

Релакс масажа на цело тело (времетраење од 40 мин.)


Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.10.2017 до 20.11.2017
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација.
  • Едно лице може да купи повеќе купони.
  • Понудата важи за мажи и жени.

Опис

Студио „АЛТЕРНАТИВА“

Студио за масажи, мануелна терапија и едукација. Секогаш со Вас, се грижиме за Вашето здравје, виталност и животна енергија. Масажата е најстара и најприродна метода на лекување и зачувување на здравјето. Ги опушта целото тело и умот. Релаксирачката масажа во Студио Алтернатива е комбинација на неколку мануелни техники кои благопријатно делуваат на телото, како физички така и психички.

Релаксирачката масажа е благопријатна за кожата, но истовремено влијае и на внатрешните органи. Телото целосно се опушта, заборава на секојдневните стресови, а поволно влијае и на депресијата и анксиозноста, што ја прави да биде уште поценета. Бидејќи за масажата употребуваме масла со висок квалитет, ефектот на кожата е исто така и козметичен. Најдобри се растителните масла збогатени со етерични масла, во зависност од потребите и проблемите на клиентите. Вредноста на масажата ја зголемува и непосредниот човечки допир, како и соодветните мануелни техники, кои се индивидуално насочени пред се според холистичкиот пристап кон клиентите.

Релакс масажата влијае на човечкиот организам така што:

  • ја подобрува циркулацијата на крвта и лимфата
  • ги опушта мускулите, тетивите, лигаментите и зглобовите
  • ги стимулира варењето на храната и перисталтиката,
  • а со стимулацијата на лимфниот систем се стимулира метаболизмот и излачувањето на токсините.

Редовната масажа е корисна и за подобрување на имунитетот. Телото се чувствува здраво, поподвижно, опуштено и лесно. Кај странките кои доаѓаат со најразлични проблеми, многупати масажата ја комбинираме со ароматерапија Нашиот пристап е таков што, масажата ја изведуваме насочувајќи се кон физиологијата на телото и проблемите кои ги мачат клиентите, опуштање на емотивната напнатост и делување на енергетскиот проток во организмот.

Со релаксирачките масажи кај нас, клиентите се чувствуваат опуштено, препородено и витално. Масажата кај нас е масажа која предизвикува пријатно чувство и го подобрува здравјето. Редовна употреба на масажата им користи на сите возрасти, од малите деца до повозрасните лица.

СТУДИО АЛТЕРНАТИВА е под водство и управување на:

ДЕЈАН ЃОРЃИЕВСКИ, мануелен терапевт, терапевт за бовнова терапија, рефлексотерапевт и НПК масер, роден во Скопје. Уште за време на студиите по медицина го привлекувале алтернативните методи на лекување и помош. Својата едукација и надградба на подрачјето на мануелни техники и масажи ја има здобиено во Р.Словенија, во школата за масери и терапевти ХИГЕЈА, каде и денес учествува во едукацијата на идните масери и терапевти во Р.Словенија, како предавач на различни техники. Идејата, да се подигне нивото, професионалноста и квалитетот на овие услуги во Р.Македонија е водечка сила за формирање на СТУДИО АЛТЕРНАТИВА, како синоним за ПРОФЕСИОНАЛНОСТ и КВАЛИТЕТ.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ