Нова Година во Рим и Монтекатини (28.12.2018 - 02.01.2019)! Шестдневна тура: 2 ноќевања со појадок во Рим + едно ноќевање со појадок во Монтекатини во хотел 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 15 440 ден. (249 еур)

Нова Година во Рим и Монтекатини (28.12.2018 - 02.01.2019)! Шестдневна тура: 2 ноќевања со појадок во Рим + едно ноќевање со појадок во Монтекатини во хотел 3* + вклучен автобуски превоз по цена од 15 440 ден. (249 еур)

Цена

15,440 ден.

Преостанато време

  • Лермонтова 3/6, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • travel@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во Рим (околина) во хотел 3*
  • Едно ноќевање со појадок во Монтекатини во хотел 3* 
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Услови

  • Купонот може да се искористи од 28.12.2018 до 02.01.2019
  • Автобуски превоз е вклучен во понудата.
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во Grouper Travel за да се информирате за слободни места и да направите резервација на телефон или по е-mail.
  • По купување на купонот потребно е да ја посетите Grouper Travel за да потпишете договор за патување.
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес (Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.)
  • Во цената не е вклучено:
  • Задолжително патничко осигурување - 5 €
  • Вечерна посета на Пиза – 15 €
  • Разглед на Рим со локален водич - 15 €
  • Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз - 50 €*( резервација при уплата)
  • Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*
  • Факултативна посета на Тиволи 25 €*
  • Rome by night излет 15 €
  • Задолжителна посета на Фиренца 20 €
  • Останати влезници, метро карти
  • Еднокреветна соба 4.960 денари
  • Туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 2-3 евра, се плаѓа на рецепција)
  • Туристичка такса за ноќевање во Рим( 6 евра по лице на ден , се плаѓа во агенција)
  • Доколку не го искористите купонот донаведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат.

Опис

Опис на програмата:

1 ден 28.12.2018 СКОПЈЕ    

Состанок на групата во 14:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 15:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 29.12.2018 Монтекатини - Пиза

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 30.12.2018 Монтекатини - Рим

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни.  Сместување во хотел.  Ноќевање

4 ден 31.12.2018 Рим – Тиволи - Ватикан

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. По Ватикан,  предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим.  Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим и дочек на Нова Година на некој од Римските плоштади... Ноќевање.

5 ден 01.01.2019 Рим - Фиренца

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 02.01.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ