Уживајте цел Октомври во Банско! 30% попуст на ноќевање, ноќевање со појадок, ноќевање со појадок и вечера или на база All Inclusive Light во Royal Bansko

Уживајте цел Октомври во Банско! 30% попуст на ноќевање, ноќевање со појадок, ноќевање со појадок и вечера или на база All Inclusive Light во Royal Bansko

Вредност

1,195 ден.

Попуст

30%

Заштеда

358 ден.

Преостанато време

Купени : 170

  • област Кошерината / Kosherinata Gramadeto Area, Bansko, Bulgaria (България), 2770

  • +359 879 830 581; +359 876 830 586

  • royalbansko@yahoo.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува едно ноќевање по избор:

  • Ноќевање, цена: 837 ден.(13,5 еур)
  • Ноќевање со појадок, цена: 992 ден.(16 еур)
  • Ноќевање со појадок и вечера, цена: 1147 ден.(18,5 еур)
  • All Inclusive Light Ноќевање, цена: 1364 ден.(22 еур)

Во понудата е вклучено:

  • сместување во двокреветно студио или апартман со една или две спални
  • користење на внатрешен базен. парна бања, сауна, туш
  • користење на фитнес
  • интернет
  • туристичка такса

*Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања


Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2018 до 31.10.2018
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Сместувањето може да биде во двокреветно студио (за 2 лица), апартман со една спална (2 + 2) или апартман со две спални (4 + 2) во зависност од исполнетоста на капацитетот
  • За закуп на соба потребно е да престојуваат минимум 2 лица.
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќевања
  • Доплати во хотелот:
  • За едно дете до 6,99 години сместувањето е бесплатно
  • За второ дете до 6,99 години на дополнително легло се доплаќа 50% од цената на купонот за соодветната опција
  • За дете од 7 до 13,99 години на редовно легло се доплаќа 70% од цената на купонот за соодветната опција
  • За дете од 7 до 13,99 години на дополнително легло се доплаќа 50% од цената на купонот за соодветната опција
  • За дете над 14 години и трето возрасно лице на дополнителен кревет се доплаќа 70% од цената на купонот за соодветната опција
  • За единечно сместување потребно е да купите купон од соодветната опција + се доплаќа 60% од цената на купонот директно во хотелот
  • Сместување во собите е после 14 часот, напуштање на собите до 12 часот
  • All inclusive сместувањето започнува со вечера на денот на пристигнување и завршува со појадок на денот на заминување
  • Масажите се доплаќаат според ценовникот на хотелот
  • Сите доплати се прават дирекно во хотелот
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Купоните може да се комбинираат за повеќедневен престој 
  • Понудата не важи за групни резервации
  • По наведениот рок купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена

Опис

Royal Bansko се наоѓа во живописниот дел од Банско наречен Gramadeto area, веднаш до UNESCO-заштитениот Национелн Парк Пирин на само 750 метри од ски лифтовите.

Сите апартмани се опремени со кујна и кабелска телевизија. Хотелот располага со 48 апартмани. За гостите е на располагање ски гардероба и бесплатен паркинг. На располагање има и ресторан, лоби бар, базен, интернет, транспорт до ски лифтот, а покрај тоа и перфектна услуга.

Хотелот се наоѓа на 10 мин. од гондолата на ски лифтот, со која што се искачувате на 2.600 мнадморска височина до највисоките покриени со снег писти, совршени за сноубординг и скијање. Удобната сауна, парна бања и базен, како и авантуристички мигови по ски-патеките на Банско,благопријатни за добро психичко и физичко здравје.

*При помалку од 20 гости, оброците се по претходно поставено мени

Програма All Inclusive Light

  • Појадок: 08-10 часот - на шведска маса или сет мени + кафе, чај, вода, сок
  • Ручек: 12,30 - 14 часот - на шведска маса или сет мени + вода, сок, пиво, национален алкохол, вотка, ракија, бело, црвено и розе вино
  • Вечера:19-21 часот - на шведска маса или сет мени + вода, сок, пиво, национален алкохол, вотка, ракија, бело, црвено и розе вино

Капацитет на сместување:

  • Двокреветно студио: 2 возрасни
  • Апартман со една спална: 2 возрасни, 2 возрасни + 1 возрасен, 2 возрасни + 2 деца до 12 год. .
  • Апартман со две спални: 4 возрасни,, 4 возрасни + 1 возрасен, 4 возрасни + 2 деца до 12 год. 
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

   

  

Испратете e-mail до компанијата.

ElizabetaDimic

Во периодот од 11.10-14.10,2018 уплативме три резервации со цел да го поминеме празникот во Банско. Морам да ве известам дека полош викенд во полош хотел, кој е полошо организиран и менаџиран, ниту сум видела ниту сум престојувала. Не знам на што да ставам акцент, што прво да посочам како промашување, дали да зборувам за (не)хигиената, на храната или на средината. Хотелот беше ладен и беше навистина тешко да се движиме низ хотелот, уште помалку да правиме бањи, а потоа да с едвижиме низ него. Затоа, моравме со јакни да се движиме. Искрено четири дена, јакните не ги симнавме. Водата во базенот беше грч ладна, руската бања не работеше. Кога прашав зошто еладна водата во базенот, ми рекоа дека бил 27-28 степени за пливање. Нема врска, водата беше на некои 20-22 степени. Добивме бањарки при што уплативме по 3 лева. По завршувањето на викендот, како и вообичаено, бањарките се враќаат во хотелот од страна на гостите, а депозитот им се враќа на гостите. Овде за прв пат до сега, ни’ беше наплатена услугата користење на бањарки. Тешка мизерија, очај и туристичка катастрофа. Понудената храна беше бедна, сиромашна, оскудна, лошо подготвена, на ниво на фабричка менза или социјална кујна. Мизерија. Навистина имаше три јадења, како на пример, шпагети без ништо, ориз со ситно исецкано месо од батаци, расфрлено над оризот, грашок со некое варено неидентификувано месо и печени компири, кои не беше јасно дали се повеќе печени или варени. Месото беше ставено над компирите како за украс. Количеството на месо, беше доволно за 10 луѓе, а хотелот сигурно имаше над 50 гости. Тој што ќе дојдеше порано можеби ќе можеше да земе, какво-такво месо, тоа што минимално беше ставено над компирите, за останатите, само компири. Немаше доволно леб, немаше доволно пиво, вино и мраз. На оброк се делеа три боци пиво и кога ќе се потрошеа ни беше кажано дека “ЊАМА”. Ве прашувам дали е тоа “all inclusive”. Мислам дека е ова голем срам. Да скратам, полошо потрошени пари и ваква лоша зделка до сега не ми се случила со групер. На Ројал Апартхотел му останало само името, се’ останатото од храна, персонал, услуга...чиста нула, катастрофа. Сметам дека вие како Групер немате врска со тоа, но вие сте одговорни, затоа што вие го нудите хотелот. Дали вие знаете што нудите? Дали вие знаете дека сте ги опљачкале луѓето кои биле во тој хотел? Дали знаете дека имате многу сериозни причини да изгубите лојални и сериозни купци, заради нивната алчност за пари и неодговорно однесување кон потрошувачите. Ова е голема срамота за хотелот, за агенцијата Тринити и за вас Групер. Ви се обраќам вас и очекувам нешто да преземете и да ни надоместите. Планирам да почекам до понеделник, ако ништо не ми одговорите, ќе одам чекор понапред. Сигурно корисниците на социјалните мрежи ќе се насладуваат на случката од Банско и Ројал Апартхотел. Вие сте на потег.

Член на Grouper од: 29-12-2015
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ