11ти Октомври на Санторини (06.10–11.10.2017)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Камари + вклучен автобуски превоз + бродска карта по цена од 12 090 ден. (195 еур)

Цена: 12090 ден .

11ти Октомври на Санторини (06.10–11.10.2017)! Шестдневен аранжман од 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Камари + вклучен автобуски превоз + бродска карта по цена од 12 090 ден. (195 еур)

Цена

12,090 ден.

Вредност

13,454 ден.

Попуст

10%

Заштеда

1,364 ден.

Преостанато време

  • ул. Лермонтова 3/6, Скопје (позади Италијанска амбасада) 1000 Скопје, Македонија

  • 070 338 383

  • support@grouper.mk

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 17:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува пакет шестдневен аранжман за Санторини за термин 06.10–11.10.2017

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 2* или 3* во Камари
  • Автобуски превоз преку наведените дестинации
  • Бродска карта: Пиреја- Санторини - Пиреја
  • Организирани трансфери: пристаниште  – хотел – пристаниште
  • Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Услови

  • Купонот може да се искористи од 06.10.2017 до 11.10.2017
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот задолжително јавете се во агенцијата за да се информирате за слободни места и да направите резервација.
  • По купување на купонот потребно е да потпишете договор за патување.
  • Задолжително патничко осигурување
  • Сместувањето е во двокреветни соби
  • Во цената не е вклучено:
  • Факултативните екскурзии и посети (цените на понудите се за уплата на лице место)
  • Доплата за ноќна посета на главниот град ФИРА – 5 еур
  • Доплата за целодневна екскурзија и разглед на знаменитостите на островот , залез во OIA - 35 еур
  • Доплата за целодневно крстарење со брод, посета на вулканот ПЕС - 35 еур
  • Доплата за посета на винарија со дегустација на вино – 18  еур
  • Доплата за ручек или вечера во некои од посетените места
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 16.01.2018 година.
  • Доколку не го искористите купонот во рамките на периодот истиот пропаѓа и средствата не можат да се рефундираат.

Опис

Симболот на грчкиот туризам, препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви и е еден од 10-те најромантични дестинации во светот.

САНТОРИНИ се наоѓа во егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не паѓа под 10 степени. Главна дејност со која што се занимаваат жителите е туризмот и одгледување на специфични видови на винови лози ,од кои се добива најубавото вино NYCHTERI. Познати се и по одгледување на добро познатите ситни мали санторински домати, со неверојатен вкус,  од кои се подготвуваат преубави специјалитети во санторинските таверни. Како што ќе се доближувате до островот, тешко е да се поверува  дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце.На островот не постојат извори на слатка вода, почвата се наводнува од умерената влага на островот, а водата за пиење е исклучиво флаширана. Главен град на островот е FIRA,на260 м над површината на морето.

1 ден: (06.10.2017 - петок) - СКОПЈЕ – САНТОРИНИ

Состанок на групата во Скопје во попладневните часови.Поаѓање на автобусот кон граничен премин Богородица/Гевгелија со кратки попатни паузи и царински формалности. Патувањето продолжува (ноќно возење) према Атина/ Пиреа.

2 ден: (07.10.2017 – сабота ) – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаниште Пиреа во раните утрински часови, чекирање и сместување на брод.Поаѓање од пристаниште и пловење за Санторини.Пристигнување на Санторини во попладневните часови. Трансфер од пристаниште до сместувањето во Камари.

Време за краток одмор,и слободни активности.Во вечерните часови во договор со групата посета/вечера во некоја од таверните во Фира-главниот град на Санторини и прошетка низ градот.Фира е местото каде што најдобро може да се почувствува шармот што го има самиот остров и причината за неговата атрактивност.  Во договорено време враќање во Камари. Ноќевање.

3 ден: (08.10.2017 – недела ) – OIA

Појадок. По појадокот, заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот со посебен акцент на залез на сонце во OIA. Предвидени се посети на  Археолошки град Акротири, црвената плажа,Манастирот St.Ilijas, Калдера.... Во вечерните часови посета на OIA каде што ќе присуствуваме на единствената глетка - залез на сонце. По договор враќање во хотел во Камари, време за одмор, индивидуални прошетки,  посета на некои  таверните и ноќните барови во Камари. Ноќевање.

4 ден: (09.10.2017 – понеделник ) – КРСТАРЕЊЕ

Појадок.По појадокот  поаѓање на факултативна екскурзија крстарење со традиционален брод во траење од 5 часа Крстарање по калдера и посета на новиот вулкан – ПЕС од каде што се гледаат сите седум кратери (за влез на вулканот задолжителна доплата од 2,5 еур). Можност за капење во топлите води  на стариот вулкан, посета на островот Тирасија и слободно време за индивидуален ручек во некоја од таверните. Враќање на пристаниште и трансфер до хотел, вечер за индивидуални прошетки. Ноќевање.

5 ден: (10.10.2017 – вторник ) – ВИНАРИЈА

Појадок.Одјавување од хотел. Факултативна посета на најубавата винарија во Грција.G. Koutsoyannopoulos Winery - Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја(во природна карпа) во дожина од 300- та метри.Во межусебно поврзаните подземни простории , преку анимации се презентира историјата на виното со сите  четиринаесет генерации на производители, од нејзиниот почеток до денес.Посетата на винаријата завршува со дегустација и презентација на четирите најпознати вина кои што се произведуваат овде ,односно на Санторини. По посетата на винаријата, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на брод. Поаѓање за Пиреа. Ноќно пловење према Пиреја/ Атина. Пристигнување на пристаништена Пиреја  околу полноќ по локално време.

6 ден: (11.10.2017 – среда) – САНТОРИНИ – СКОПЈЕ

Патувањето продолжува према граничен премин Евзони, со попатни паузи.Пристигнување во Скопје во утринските часови.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ