Дестинација Македонија! Запознајте го езерскиот свет! 51% попуст на 1 час нуркање, повеќе од 100 подводни фотографии и видео + oвошје и кафе + диплома од Scuba Diving and Education centar - Akvatek во вредност од 4920 ден. по цена од 2400 ден.

Цена

2400 ден.

Вредност

4920 ден.

Попуст

51%

Заштеда

2520 ден.

Купени: 29

  • Car Samoil 82, Ohrid, North Macedonia

    Одведи ме таму

    077800539

    n.paskali@hotmail.com

Добивате

  • Еден час нуркање 
  • Повеќе од 100 подводни фотографии
  • Видео од цела авантура 
  • Овошје и кафе пред и после нуркање
  • Диплома Discovery Scuba Diving 

*За пробно нуркање не е потребно да бидете вешт пливач, има луѓе што нуркаат, а не знаат да пливаат. Нуркањето не е поврзано со пливање, се работи за сосема друга техника на одржување под и над вода

*Хидратацијата е важна за време и после нуркање затоа следува овошје, сок и кафе

Услови

  • Купонот може да се искористи од 22.06.2020 до 31.12.2020
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Минимална возраст: 10 години со присуство на родител, родителот не доплаќа и исто така му следува одело перај маска и дисалка за родителот
  • Забрането консумирање алкохол пред нуркање
  • Дозволено е сликање или снимање со своја камера за време на нуркањето
  • Видео материјалите и сликите се добиваат преку WeTransfer.com
  • Задолжителна е претходна резервација со цел да се договорите за сите детали околу нуркањето

Опис

Зошто Grouper тимот ви препорачува да го посетите ОХРИД

  • Охрид е наречен Ерусалим на Балканот.
  • Има 365 цркви, за секој ден од годината по една.
  • Охрид во антиката бил познат како „Лихнидос“ што значи „град на светлината, односно скапоцен камен што произведува светлина“
  • Охридското Езеро во Македонија е едно од најдлабоките езера во Европа.
  • Проценето дека е старо над четири милиони години, исто така е и најстарото езеро на континентот.
  • Охридското Езеро има околу 200 видови риби, а многу од нив не можат да се најдат на кое било друго место во светот.

 

За компанијата

За АКВАТЕК

Здружението и нукачки клуб за работа под вода, сертифицирани обуки и техничко нуркање, Акватек, е формирано во 2012 година, како невладина организација што се занимава со официјални обуки и едукација за рекреативни и технички нуркачи и останати активности, како работа по вода така и активности од областа на екологијата и заштитата на животната средина. 

Акватек е официјален претставник на International Training, светски призната организација и ги претставува воедно организациите SDI – Scuba Diving International, TDI – Technical Diving International, ERDI – Emergency Rescue Diving International, GUWAA – Global Underwater Awareness Association. Акватек се стекна со статус на 5 ѕвезди Нуркачки Центар и Едукативен центар во изминатите години, со своето работење на највисоко ниво и светски признати стандарди. 

Нашата МИСИЈА

Акватек има за цел да го унапредува нуркањето како спорт во регионот, преку едукативни програми кои следат светски признати стандарди и лиценци, да извршува активности и да ја поддигнува свеста за заштита на животната средина во јавноста, да врши технички нуркања и работа под вода, чистење и асистирање при санирање на разни подводни системи и брани, асистира во акции за пребарување и спасување, како и да организира други настани од областа  на екологијата, едукацијата, животната средина, промоција и унапредување на спортот, настапување на натпревари и слично. 

Акватек покрај овие активности се занимава и со организација на експедиции за истражување на непознати предели, подводно снимање, фотографирање и документација, како и асистенција на археолошки истражувања.

Осигурување за РАБОТА ПОД ВОДА

Сите нуркачи во Акватек се осигурани спред интернационални стандарди и преку светски призната организација за осигурување на нуркачи, DAN – Divers Alert Network, и каде сите нуркачи се осигурани со највисоко можно ниво, DAN Pro Diver Insurance. 

Здравствена СПРЕМНОСТ

Нуркачите редовно поминуваат прегледи на спортска медицина и добиваат медицински сертификати за нивната физичка и психичка спремност за работа под вода.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.