Дестинација Македонија! Планинско уживање во Маврово со 5 ѕвезди во Септември! 20% попуст на ноќевање со појадок во двокреветна Superior соба + користење на СПА во Хотел Радика 5* Маврово во вредност од 2499 ден. по цена од 1999 ден.

img

Цена

1999 ден.

Вредност

2499 ден.

Попуст

20%

Заштеда

500 ден.

Преостанато време

Купени: 2

  • С. Леуново - Маврово

    Одведи ме таму

    042 223 300, 075 325 306

    [email protected]

Добивате

Понудата е по лице за ноќевање со појадок во двокреветна Superior соба + користење на внатрешниот и надворешниот базен + СПА во Хотел Радика

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.09.2022 до 30.09.2022
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • За закуп на двокреветна соба потребно е да купите 2 купони
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа.
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • За деца  0-3,99 год. е бесплатно
  • За деца од 4-11,99 год. се доплаќа 900 ден. од ноќевање (со појадок) 
  • Доплатите се прават во хотелот на рецепција
  • Превозот не е вклучен во понудата
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Grouper интересни факти за Маврово

  • Името Маврово значи Црно Поле и ѝ било дадено на областа по некоја голема битка во минатото. Мавровското (Црно) Поле, било потопено во 1953 година, со цел да се создаде Мавровското Езеро. 
  • Старата селска црква „Свети Никола“, што зимно време се наоѓа на суво, лете како да плови по езерото, пркосејќи ѝ на човечката интервенција.
  • Маврово е познато по еден од најубавите ски-центри во Македонија што е сместен на падините на планината Бистра.
  • Кога сте во Маврово, никако не пропуштајте ја можноста да се прошетате до манастирот „Свети Јован Бигорски“, најрепрезентативниот споменик на архитектонско-уметничкото наследство на регионот.
  • Во бачилата направени во планински стил можете да се сончате на планинското сонце со планински чај, варена ракија и туршија и да уживате во Бистра.

За компанијата

Хoтел Радика е првокласен планински комплекс лоциран во Националниот Парк "Маврово" на одлична издигната позиција над Мавровското Езеро, која е опкружена со автентична шума. Хотелот е целосно реновиран во 2008 година и претставува изненадување за сите кои за прв пат го посетуваат. Одличната локација и опкружување (1400м надморска висина), просторните соби, стилскиот дизајн како и големиот СПА центар, ќе придонесат Вашиот престој во Хотел Радика да биде незаборавен. Хотелот располага со 5 видови хотелски единици, приспособени за сечии потреби. Хотелските соби имаат поглед кон Мавровското Езеро и дел кон планински пејзаж. Во хотелскиот комплекс има внатрешен базен, фински сауни, парни бањи, масажи, турски амам, џакузи со солена вода, спортски терени, забавно рекреативен центар, ски лифт, ски опрема, моторни санки за возрасни и деца, велосипеди како и многу други подобности кои ќе го направат Вашиот престој во Радика исполнет и интересен.

СПА Центар

Радика Спа центарот нуди повеќе видови на третмани за убавина, холистички третмани, за нега на лице и тело. Спа центарот содржи фински сауни, парни бањи, Турски Амам, Приватна кабина (базен) со солена вода, како и џакузи со топла вода. Во склоп на Спа центарот е и Радика Фитнес центарот, кој располага со неколку видови на машини за телесни кардио вежби, како и реквизити за вежби со тежини. Во летниот период пак забавата се префрла на надворешниот полу–олимписки базен, каде што ќе Ве придружува одлична музика и летен “pool bar”.

Супериор соби

Удобни соби шармирачки декорирани со енергични сенки и одличен спектар на бои и мебел. Дизајнирани за сечија потреба и комфорт кој ви го овозможува просторноста на собите(35м2). Сите кревети во супериор собите се кралска големина за ваш додатен одмор и уживање. Во супериор собите постои опција и за додавање на екстра кревет.

Опремени со:

  • Интернет
  • Макс ТВ
  • Фен
  • Голем LCD телевизор
  • Кралски кревет
  • Клима
  • Мини бар
  • Сеф
  • Посебна бања
  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.