Дестинација Македонија! Тридневен планински одмор (Септември)! До 20% на ноќевање за две лица во Етно Куќа Серменински Чардак

img

Цена од

2400 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

3000 ден.

Попуст

20%

Заштеда

600 ден.

Преостанато време

Добивате

Едно или пакет ноќевања за две лица по избор:

Опции на понудата:

3 ноќевања за две лица 3,000 ден. (48 еур)
2,400 ден. (39 еур)
2 ноќевања за две лица 2,000 ден. (32 еур)
1,800 ден. (29 еур)
1 ноќевањe за две лица 1,200 ден. (19 еур)
1,100 ден. (18 еур)

Услови

  • Купонот може да се искористи од 16.06.2022 до 15.10.2022
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купување на купонот потребно е да се јавите во вилата за да се информирате за слободни места и да извршите резервација
  • По купување на купонот потребно е да се јавите за потврда на резервацијата
  • Куќата располага со 2 апартмани и 2 соби со посебен тоалет и Wi-Fi мрежа
  • Во понудата е вклучен и бесплатен паркинг
  • Доплата за деца изнесува 150 денари од ноќевање и се плаќа директно во сместувањето
  • Куќата ги следи мерките за заштита од COVID 19
  • Доколку не го искористите купонот се следат општите услови за патување
  • Дозволени се миленичиња во објектот со доплата од 600 ден на ден.
  • Откако зделката е завршена, рокот е поминат или резервацијата е направена средствата за истиот не може да бидат рефундирани

Опис

Grouper интересни факти за Кожуф

  • Кожуф е една од 13-те планини во Република Македонија повисоки од 2000 метри
  • Како резултат на вулканската активност во минатото, во источниот дел на Кожуф, кај с.Миравци има уникатна појава на пилоу-лави во кои е всечена фасцинантната кањонеста сатеска на Стара и Петрушка Река.
  • Кожуф се одликува со застапеност на голем број на планински извори, од кои повеќето имаат минерален карактер
  • Кожуф е планина со изразито богат растителен свет. Започнувајќи од разновидните листопадни и иглолисни шуми, па продолжувајќи кон прекрасните и разнобојните планински пасишта, и на крај завршувајќи со лековитите растенија и билките кои ги има во изобилство и кои се употребуваат за најразлични заболувања.

За компанијата

Етно Куќа Серменински Чардак

Етно Куќа Серменински Чардак се наоѓа во подножјето на планината Кожуф, 17 km одалечено од Гевгелија. Селото Серменин изобилува со стара Македонска архитектура која доста е сочувана. Селото претставува воздушна бања и е познато од дамнина дека воздухот е многу чист и уште за време турско на ова место ги носеле децата кои имале бронхијални и асматични заболувања.

Самата планина изобилува со планински извори и реки, убави велосипетски и мото крос патеки а има и параглајдинг слетиште „Стајка„.

Вилата располага со 2 фамилијарни апартмани со сопствена кујна и тоалет, една двокреветна и една трокреветна соба исто така со сопствен тоалет.

Во склоп на Етно Куќа Серменински Чардак има ресторан со доста ниски цени и во истиот се спрема исклучиво Македонска традиционална храна…Етно куќата располага со сопствена органска бавча, сопствено производство на мед, домашни јајца, домашно сирење, домашна лутеница и ајвар. Домашни сокови од боровинка, дренка, капина и цреша. Домашно слатко и мармалади коишто гостите можат да ги дегустираат и да си ги купат.

Во склоп на куќата има и детско катче.

Доколку сакате мир и тишина, одмор на душата, чист планински воздух и звуци од ѕвонците на добитокот… Повелете во Етно Куќа Серменински Чардак.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.