51% попуст на Shock Wave терапија за рехабилитација од Fit Physiotherapy во вредност од 1200 ден. по цена од 590 ден.

Цена

590 ден.

Вредност

1200 ден.

Попуст

51%

Заштеда

610 ден.

Купени: 1

  • Лазар Трповски 1-5-6/2/3, Скопје

    Одведи ме таму

    075 247 243

    physiotherapy@gmail.com

Добивате

Shock Wave терапија за рехабилитација при спортски повреди, воспалителни, дегенеративни заболувања, микроповреди, субакутна и хронична болка

Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.05.2021 до 29.01.2022
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација
  • За успешен третман потребни се минимум 5 третмани

Опис

Shockwave претставува неинвазивна метода во современата физиотерапија со примена на радиални Shockwave бранови за рехабилитација на патологии во ортопедија, спортски повреди, воспалителни, дегенеративни заболувања, микроповреди, субакутна и хронична болка.
Третман при кој што со само три до четири терапии се решеваат сериозни патолошки и болни состојби и со значително висок процент на успех, некаде околу 80-88%од третираните. Прилично нова метода за третман, која што се применува од 1980 година, како третман заелиминирање на камења во бубрезите, а од 1990 година и во ортопедија и спортска медицина.

Што се случува при терапија со радијален бран Shockwave Therapy?
При Shockwave третманот, звучниот бран со висок интензитет делува на ткивото. Тоа доведува до низа на корисни ефекти како, неоваскуларизациски раст, сузбивање на воспалителните процеси, стимулација на колеген, дисолуција на создадените калцификати. 

Предностите на Shockwave Therapy:

  • Клинички е докажано дека стапката на успешност на третманот изнесува над 80%.
  • Shockwave терапија претставува неинвазивно решение за болки во рбетот, рамото,лактот, шаката, колкот, коленото, стопалото, повреди на мускулите и тетивите.
  • Shockwave терапија представува современа технологија со научно-медицински докажани ефекти.
  • Без анестезија, без лекарства, без нус појави.
  • Широко распространета примена
  • Третманот е безбеден
  • Ја подобрува подвижноста и квалитетот на живот
  • Кратко времетраење на третманот и голем број задоволни пациенти. 

Индикации за примена на SWT се:

  • Болки во рбетот (вратот, цервикобрахијален синдром, болки во појасот.
  • Болки во рамото, калцификати (шилци), воспалителни процеси
  • Болки во лактот и подлактица, epikondilitis
  • Болки во колко
  • Болки во коленото, менискус, скокачко колено, воспаленија
  • Болка во петата, шилец на петната коска (calcar calcanei), plantar fasciitis
  • Болки во стопалото, metatarsalgia
  • Болки во ахиловата тетива, bursitis, achillodynia
  • Мускулни болки и спазми како резултат на микроповреди

Позитивни ефекти од примена на  Shockwave:

  • Реваскуларизација, подобрување на крвната циркулација
  • Аналгетски ефект-ублажување и елиминирање на болката
  • Убрзување на процесот на рехабилитација
  • Убрзување на образувањето на колаген
  • Убрзување на метаболизмот
  • Зголемување ефектот на сврзно ткиво
  • Елиминирање, разнесување на калцификатите (шилците)

Колкав е процентот на успех кај Shockwave третманот?
Научните испитувања, правени на светско ниво докажале успех на SWT третманот од околу 80-88%. Позитивните ефекти се забележуваат обично после вториот или третиот третман, од вкупно четири до пет третмани кои што се прават еднаш неделно. Многу често позитен ефект (значително намалување на болката) се чуствува и после првиот третман.

Дали третманот боли?
Понекогаш кога се работи во зоната на болка, во зависност од состојбата на проблемот, може да дојде до чуство на појачана болка или нелагодност во таа зона. Но со оглед на тоа дека третманот трае околу 5 до 10 минути и дека апаратот има можност за подесување на интензитетот, во најголем дел пациентите без проблем го поднесуваат третманот. Интензитетот на третманот се подесува според патолошката состојбата на секој пациент индивидулано и од третман во третман прогресивно се зголемува. Кај најголем дел од пациентите болката се смирува веднаш после третманот. Иако во периодот од 12 до 24 часа понекогаш се случува да се чуствува зголемена осетливост и нелагодност во третираната област и може да трае еден до два дена (процентуално се прати кај 1 од 10 пациенти).

Дали можам да имам физичка активност за време на терапијата?
Се препорачува воздржување од физичка активност во наредните 48 часа после третманот, а во периодот после тоа, намалување на интензитетот на физичката активност и тренинг за периодот додека траат терапиите со SWT.

Колку третмани се потребни и колку често се изведуваат?
Бројот на третмани, времетраењето и интензитетот на изведување третманите, се одредува според патолошката состојба на проблемот по проценка на терапевтот. Обично се изведуваат три до пет третмани, кои заедно со мануелните техники (се применуваат доколку се неопходни додатни мануални интервенции) трае околу 10-15 минути, најчесто се практикуваат 2000 до 3000 удари со растојние помеѓу третманите од 5 до 7 дена.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Како да купам Grouper купон?

Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.