Вкусете здрави домашни производи! До 33% попуст на сируп или сок по избор од Домашни производи од Малешевијата-Балиски
Добивате
Опции на понудата:
Боров сируп (1l) |
|
Боров сируп (0.5l) |
|
Сируп од глуварче (750ml) |
|
Сируп од глуварче (350ml) |
|
Сок од цвет од багрем (1l) |
|
Сируп од цвет од багрем (350ml) |
|
Сок или сируп од цвет од бозел (1l) |
|
Сок (сируп) од домашни јагоди (1l) |
|
Слатко од питоми јагоди (350 ml) |
|
*Подетално за производите прочитајте во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 31.05.2023 до 30.11.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- По купување на купонот испратете ги следните податоци на e-mail [email protected]: име, презиме, адреса, телефонски број како и кодовите од купонот или јавете се на телефонскиот број 078 247 197
- За достава се доплаќа 150 денари
- За достава потребни се 3 до 4 работни денови
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
БОРОВ СИРУП
Боровиот сируп е направен од свежи борови цветови и боров полен од бел бор, кои се берени низ чистите планински предели на Малешевијата.Помага за ублажување и смирување највеќе на продуктивната кашлица, искашлување и исфрлање на шлајмови, болно грло, астма, хроничен бронхит и бронхопнеумонија,помага и на пушачите за прочистување на белите дробови, а може да се зема превентивно за зајакнување на имунитетот и за други заболувања на дишните патишта.Боровиот сируп се дава на деца од 2-4години 3×1 мала лажичка најмногу 2-3недели,а за деца над 4 години и за возрасни 3×1голема лажица 3недели до месец дена.Ако се зема превентивно за имунитет за поголеми деца и возрасни може да се пие и 1-2месеци.
СИРУП ОД ГЛУВАРЧЕ
Направен е од свежи цветови глуварче, листови и стебленца,парчиња лимони и шеќер.Сирупот помага за ублажување и смирување и кај сувата и кај продуктивната кашлица, болно грло,астма, бронхит, искашлување и исфрлање на шлајмови, зајакнување на имунитетот, прочистување на организамот и црниот дроб од токсини и за многу други респираторни заболувања.Глуварчето е исклучително здрава и самоника билка која е богата со витамините А и Ц, и минералите калциум,калиум, натриум, железо и фосфор.Станува збор за многу лековито растение кое ја поттикнува работата на бубрезите, црниот дроб, жолчката и дигестивниот тракт, го намалува холестеролот, а помага и при алергии.Се пие 2×1 мала дрвена или пластична сува лажичка за деца од 1-3години најмногу 2-3недели.За деца над 3години и возрасни 3×1голема сува дрвена или пластична лажица 3 недели по потреба или превентивно за имунитет 1-2месеци.
СОК(СИРУП) ОД ЦВЕТ ОД БАГРЕМ
Кога цвета багремот шири преубав мирис, а токму неговиот мирис потсетува на детството.Тоа сеќавање на убавите денови може да го продолжите и во наредните месеци кога од цветовите од багрем се прави сируп, а и превкусен сок за растворање.
Помага при:
- Прехладеност
- Настинка
- Грип
- Болки во желудникот
- Болно грло
- Смирување на главоболки
- Кашлица
НАПОМЕНА:Доколку сте алергични на поленов прав не го користете овој сируп.!!!
СОК(СИРУП) ОД ЦВЕТ ОД БОЗЕЛ
(со шеќер - 1 литар)
Традиционален пијалок на нашите предци.Кога ќе слушнете за сок од бозел сигурно ќе се сетите на детството и на пријатниот вкус и мирис на овој освежителен напиток кој ни го правеа нашите баби и мајки.
Помага при :
- Зајакнување на имунитетот
- Одлично делува против вишок на секрет на градите
- Настинка,грип, вирусни инфекции
- Болно грло
- Алергии на полен
Може да се зема и како освежителен напиток во топлите летни денови.
СОК (СИРУП) ОД ДОМАШНИ ЈАГОДИ
Градинарската (питома) јагода е овошје кое е широко ценето поради неговата карактеристична арома, светло црвена боја, сочна текстура и сладост.Јагодите се задоволство, здравје, љубов и убавина, а не само што се вкусни, но и многу корисни.Содржат големо количество на цинк, фолна киселина, витамин Ц и железо.100грама јагоди ја покриваат потребната дневна доза за витамин Ц.Јагодите се нискокалорични, па затоа може да станат дел од вашата исхрана без разлика дали сте на диета или не.
Тие се употребуваат за:
- Лекување на анемија и зајакнување на крвта
- Го намалуваат ризикот од појава на срцеви болести
- Содржат фолна киселина и поради тоа помагаат за намалување на депресијата
- Содржат антиоксиданси, кои помагаат против стареење
- Помагаат за заздравување на непцата
- Јадењето на јагоди и пиењето сок од нив докажано е дека директно влијае и во заштитата од рак
- Ја подобрува работата на мозокот
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.