Кому би му ги довериле Вашите очи! 50% попуст на специјалистички преглед за катаракта во Специјална болница Систина Офталмологија во вредност од 2400 ден. по цена од 1200 ден.

Вредност

2400 ден.

Попуст

50%

Заштеда

1200 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени: 29

  • ул. Скупи 5А, влез Б

    Одведи ме таму

    02 3097 000, 070 351 008

    contact@sistinaoftalmologija.mk

Добивате

Специјалистички преглед за катаракта кој се состои од:

  • Проверка на видна острина:
  • Проверка на очен притисок;
  • Проверка со биомикроскоп;
  • Ширење на зеници за проверка очно днo;
  • Ехографија и биометрија;
  • ОЦТ на макула и очен нерв;
  • IOL Master испитување.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 02.07.2019 до 15.08.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжително е претходно закажување на термин на: 02/3097-000; 070/351-008
  • Прегледот треба да се реализира до 31.07.2019
  • Доколку не дојдете на закажаниот термин, ваучерот се смета за искористен и средствата не се рефундираат
  • Зделката важи само за Систина офталмологија во Скопје

 

Опис

Катаракта (перде) се појавува како резултат на природниот процес на стареење и се карактеризира со симптоми на заматен вид; двојна слика; зголемена чувствителност на светлина; потешкотии при гледање во ноќта; избледување на боите; брзо заморување на очите и главоболки.

Со специјалистичкиот преглед за катаракта се испитува видната острина, очен притисок, биомикроскопски се прегледува окото и потоа се шират зеници за да се направи детален преглед на состојбата на природната леќа односно зрелоста на катарактата, очниот нерв, макулата и целовкупната мрежница. Исто така, се испитува јачината на интраокуларната леќа која би се вградила во окото, со помош на IOL Master кој е најпрецизниот апарат за ваков тип на испитување. Потоа се прави топографија на рожницата за точно да се одреди астигматизмот (цилиндерот) и да се провери дали има одредени аномалии на рожницата кои би биле контраиндикација за вградување на интраокуларни леќи. Ултразвукот на очното јаболко може да открие одредени болести кои не се гледаат во случај да станува збор за зрела катаракта поради која не може да се провери очната позадина. На овој начин може да се детектира аблација на ретина, крварења во око, тумор на око и сл.

Прегледот завршува со разговор со пациентот за да ги добие сите потребни информации за својата состојба, која интраокуларна леќа е соодветено решение за него и останати детали за операцијата на катаракта.

Систина Офталмологија во Македонија постои од 2010-та година, и е првата очна болница која дијагностички и хирушки ги третира сите проблеми со видот и очите, со примена на индивидуален пристап.

Во Систина Офталмологија се вршат сите видови на прегледи и интервенции поврзани со решавање на очните проблеми како: катаракта (перде), отстранување на диоптрија со ласерска корекција или имплантација на доживотни леќи, решавање на појавата на болестите на очите кои се појавуваат како резултат на дијебетес (со инјектирање на Avastin/Elyea, познато како anti-VEGF третман); третман на макуларна дегенариција; третман на болести кај дечиња; вежби и операции за страбизам; третирање на кератоконус со крослинкинг метода и фитување на ROSE K леќи и сл.

Во 2015-та година, преку партнерството со најголемата универзитетска клиника „Свјетлост“, Загреб, технолошки го надградува и зголемува обемот на своето работење преку отворање на Одделот за рефрактивна хирургија со што овозможи решавање на сите проблеми со видот и кај оние пациенти кои сакаат повисок стандард, квалитет и комфорт во своите животни навики. Ја воведува ласерската корекција на диоптрија и работи исклучиво со висококвалитетни дизајнирани интраокуларни леќи.

Последователно, како дел од развојна стратегија, Систина Офталмологија отвори дијагностички центар и во Битола така што овозможи нивните услуги да бидат достапни и за граѓаните на Битола, Прилеп, Ресен и околните градови. Систина Офталмологија доследна на својата општествена одговорност, инвестира во едукација на амбициозни доктори со тоа што им овозможува специјализација во европските очни центри, кои своето знаење, понатаму ќе го пренесат во Македонија.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.